Свети Нектариј Егински: За лукавиот, лош и подмукол пријател
Лукавиот пријател е некорисен и опасен човек. Тој во својата душа нема ништо здраво, во неа нема ништо свето и ништо честито, безверен е, превртлив, лукав и подмукол.
Не знае за искреност, а на јазикот носи лукавство и лага. Мисли лукаво, а во срцето свое чувствува подлост. Неговите зборови се благи, а намерите превртливи.


Исповедта на гревовите е почеток на украсувањето, односно покајнието и подготовката, што покажува дека човекот го примил во себе спасоносното семе, односно Божјите зборови што имаат сила да ги спасат нашите души. Затоа земјоделците и ја ораат земјата, за од нејзината внатрешност да ги искорнат дивите корења и да ја оспособат да ги прими нивните семиња и ...
А, ако сакаш да чуеш и за видовите на искушенија, тоа нема да го поднесеш без да ти наштети, осудувајќи го виновникот. Сепак, трпејќи искушенија, ќе добиеш соодветно на искушенијата, безмерна благодат. Затоа, не мисли дека, ако се откажеш од едно искушение, кај тебе нема да дојде друго. Неизбежно ќе дојде. И ако се покажеш слабак во едно, тогаш и во другите искушенија ќе бидеш таков.
И кога барем само би осудувале… Но ние имаме обичај и да го презираме грешникот и да ја свртуваме главата од него, како од некаква гадост. Тоа е уште полошо и многу пострашно. Но, не застануваме тука, на таа своја сопствена штета, туку веднаш одиме понатаму, и штом сретнеме некого говориме: „Знаеш ли што сторил тој и тој“, та така и во неговото срце внесуваме смут и грев.
Човекот не сфаќа, не е свесен каква скапоценост поседува. Не е свесен за тоа, сè додека таа среќа не му се одземе. За жал, не е својствено за човекот да го цени она што без труд го добива; тој не го цени сонцето, не го цени воздухот што го дише. Но, кога ќе му се одземат сонцето и воздухот, кога мракот ќе настапи и кога ќе нема што да дише, тогаш човекот ќе сфати што поседувал и од што сега е лишен.
Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле..
Немаме љубов и затоа останатите луѓе не ги доживуваме како браќа, туку се соблазнуваме од нив. Сите сме едно големо семејство и браќа меѓусебно, бидејќи сите луѓе се деца Божја. Ако навистина мислиме дека сме меѓусебно браќа, тогаш ќе страдаме за оние кои живеат во грев и нема да се соблазнуваме од нивниот живот, туку ќе се молиме за нив. Доколку се соблазнуваме значи дека злото не е надвор од нас, туку во нас
"Оној што постојано е горделив, постојано се онеправдува самиот себеси, бидејќи никогаш нема да има духовни подеми, туку постојано падови, сe додека не се скрши, бидејќи нема скрушено срце и смиреноумие.
Бесрамен е, бидејќи додека прави пакости и го поткопува домот на оној кој е сигурен во неговото пријателство, не му е срам на усните да го носи чесното име на пријателството и да се претставува како пријател пред оној кого страсно го мрази.
Причината поради која луѓето биваат искушувани е тројна: во најголем број случаи тоа бива за испитување, понекогаш бива за поправување, а често и заради казнување за гревовите. Така, на пример, читаме дека заради испитување претрпеле страдања, слични на многустрадалниот Јов и
Да знаете, дека секогаш кога ќе се лутите, колнете, непријателски сте настроени кон своите ближни, кога во срцето ваше врие злото и омразата- знајте дека во вашето срце постојат демоните.
На таков начин, оној што посакал да придобие чист, духовен и неосквернет венец на девството, го распнува своето тело со подвижнички трудови, ги умртвува телесните членови, кои се на земјата, со тешко и трпеливо воздржување, го истенчува надворешниот човек, го ослабнува и го прави старечки и како костур, за да може без пречки да се обновува внатрешниот човек со дејството на Божјата ...

Свети Марко Подвижник спаѓа во бројот на прочуените египетски оци, но сосем малку е познато за неговиот живот. Паладиј, во Лавсаик, во ХХ глава, пишува дека го видел лично и дека бил извонредно тивок и кроток, така што во тоа никој не можел да се спореди со него. Тој сакал од своите најмлади години да го изучува Светото писмо и така добро го научил, та го знаел напамет целиот Стар и Нов завет.
Откако нашиот Бог и Спасител Исус Христос, поради Своето големо и неискажливо човекољубие, се смилува над човечкиот род, бидејќи не можеше да поднесе Неговото создание да биде држано од ѓаволската измама, Он доброволно се понижи Себе и се воплоти од Светиот Дух и од Пречистата и Славна Богородица и Приснодева Марија,
Светото Писмо сведочи дека бедите во животот се плод на нашите гревови и дека Бог назначува извршители на казната врз грешникот од неговите блиски. Твојата жена војува со тебе, уште на вратата те пречекува како разбеснет ѕвер, острејќи си го јазикот како меч. Жално е што твојата половина ти станала противник, но преиспитај се самиот себеси - во младоста да не си размислувал нешто против некоја, па сега сопствената жена да ја лекува туѓата рана.
Не треба да се воздржуваме само од лоши дела и зборови, но и од скверни помисли, кои што ни доаѓаат од демоните. Прво е предлогот, односно демонскиот предлог на нашите мисли,
Знак за покајание е кога човекот смета дека ја заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.
"За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто луѓето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат. Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква,
Ново сонце ќе засветли над упокоените, и од гробовите свои на Христос пофалба ќе Му принесат.























