Бдејте ! – Свети Јован Шангајски
“Татко, тоа е невозможно. Како може да се одолее на безбројните искушенијата и соблазни?”
Тогаш царот нареди да му донесат сад исполнети до врвот со масло. Му го предал на синот и му дал наредба: “Земете го овој судот и пренеси го низ градот Зад тебе ќе одат двајца војници со голи мечеви. Ако исипеш една капка ќе ти ја пресечат глава…”
Синот се покорил. Бавно, но


Колку што сум сфатил, едни луѓе личат на пчелата, а други – на мувата. Оние кои личат на мувата, во секоја ситуација бараат само да видат што има лошо и преокупирани се само со тоа. Никаде не гледаат ништо добро. Оние кои личат на пчела, секаде го наоѓаат само она што е добро. Лошиот човек лошо мисли, сé прима од лево, сé гледа наопаку. Од друга страна, оној кој
Треба да сочувствуваш, да љубиш и да сочувствуваш. Да сочувствуваш со оној што го љубиш. Љубовта се труди за љубената личност. По цела ноќ трча, бдее, сѐ додека не ги раскрвари нозете само да се сретне со љубената личност. Поднесува жртви. Ништо не зема во обѕир, ни закани ни тешкотии, а сé во името на љубовта.
Лукавиот пријател е некорисен и опасен човек. Тој во својата душа нема ништо здраво, во неа нема ништо свето и ништо честито, безверен е, превртлив, лукав и подмукол.
Исповедта на гревовите е почеток на украсувањето, односно покајнието и подготовката, што покажува дека човекот го примил во себе спасоносното семе, односно Божјите зборови што имаат сила да ги спасат нашите души. Затоа земјоделците и ја ораат земјата, за од нејзината внатрешност да ги искорнат дивите корења и да ја оспособат да ги прими нивните семиња и ...
А, ако сакаш да чуеш и за видовите на искушенија, тоа нема да го поднесеш без да ти наштети, осудувајќи го виновникот. Сепак, трпејќи искушенија, ќе добиеш соодветно на искушенијата, безмерна благодат. Затоа, не мисли дека, ако се откажеш од едно искушение, кај тебе нема да дојде друго. Неизбежно ќе дојде. И ако се покажеш слабак во едно, тогаш и во другите искушенија ќе бидеш таков.
И кога барем само би осудувале… Но ние имаме обичај и да го презираме грешникот и да ја свртуваме главата од него, како од некаква гадост. Тоа е уште полошо и многу пострашно. Но, не застануваме тука, на таа своја сопствена штета, туку веднаш одиме понатаму, и штом сретнеме некого говориме: „Знаеш ли што сторил тој и тој“, та така и во неговото срце внесуваме смут и грев.
Човекот не сфаќа, не е свесен каква скапоценост поседува. Не е свесен за тоа, сè додека таа среќа не му се одземе. За жал, не е својствено за човекот да го цени она што без труд го добива; тој не го цени сонцето, не го цени воздухот што го дише. Но, кога ќе му се одземат сонцето и воздухот, кога мракот ќе настапи и кога ќе нема што да дише, тогаш човекот ќе сфати што поседувал и од што сега е лишен.
Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле..
Немаме љубов и затоа останатите луѓе не ги доживуваме како браќа, туку се соблазнуваме од нив. Сите сме едно големо семејство и браќа меѓусебно, бидејќи сите луѓе се деца Божја. Ако навистина мислиме дека сме меѓусебно браќа, тогаш ќе страдаме за оние кои живеат во грев и нема да се соблазнуваме од нивниот живот, туку ќе се молиме за нив. Доколку се соблазнуваме значи дека злото не е надвор од нас, туку во нас
"Оној што постојано е горделив, постојано се онеправдува самиот себеси, бидејќи никогаш нема да има духовни подеми, туку постојано падови, сe додека не се скрши, бидејќи нема скрушено срце и смиреноумие.
Бесрамен е, бидејќи додека прави пакости и го поткопува домот на оној кој е сигурен во неговото пријателство, не му е срам на усните да го носи чесното име на пријателството и да се претставува како пријател пред оној кого страсно го мрази.
Причината поради која луѓето биваат искушувани е тројна: во најголем број случаи тоа бива за испитување, понекогаш бива за поправување, а често и заради казнување за гревовите. Така, на пример, читаме дека заради испитување претрпеле страдања, слични на многустрадалниот Јов и
Да знаете, дека секогаш кога ќе се лутите, колнете, непријателски сте настроени кон своите ближни, кога во срцето ваше врие злото и омразата- знајте дека во вашето срце постојат демоните.
На таков начин, оној што посакал да придобие чист, духовен и неосквернет венец на девството, го распнува своето тело со подвижнички трудови, ги умртвува телесните членови, кои се на земјата, со тешко и трпеливо воздржување, го истенчува надворешниот човек, го ослабнува и го прави старечки и како костур, за да може без пречки да се обновува внатрешниот човек со дејството на Божјата ...

Свети Марко Подвижник спаѓа во бројот на прочуените египетски оци, но сосем малку е познато за неговиот живот. Паладиј, во Лавсаик, во ХХ глава, пишува дека го видел лично и дека бил извонредно тивок и кроток, така што во тоа никој не можел да се спореди со него. Тој сакал од своите најмлади години да го изучува Светото писмо и така добро го научил, та го знаел напамет целиот Стар и Нов завет.
Откако нашиот Бог и Спасител Исус Христос, поради Своето големо и неискажливо човекољубие, се смилува над човечкиот род, бидејќи не можеше да поднесе Неговото создание да биде држано од ѓаволската измама, Он доброволно се понижи Себе и се воплоти од Светиот Дух и од Пречистата и Славна Богородица и Приснодева Марија,
Светото Писмо сведочи дека бедите во животот се плод на нашите гревови и дека Бог назначува извршители на казната врз грешникот од неговите блиски. Твојата жена војува со тебе, уште на вратата те пречекува како разбеснет ѕвер, острејќи си го јазикот како меч. Жално е што твојата половина ти станала противник, но преиспитај се самиот себеси - во младоста да не си размислувал нешто против некоја, па сега сопствената жена да ја лекува туѓата рана.
Не треба да се воздржуваме само од лоши дела и зборови, но и од скверни помисли, кои што ни доаѓаат од демоните. Прво е предлогот, односно демонскиот предлог на нашите мисли,
























