логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Свети Климент Охридски Чудотворец

Стариот Сандре Чипанов, долгогодишен клисар на црквата на Свети Климент во Охрид, ја раскажува следнава случка.

Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот Свети Наум беше полн со избегани охриѓани. Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата Свети Климент, да ги земеме моштите на Светиот отец наш Климент и да поминеме низ градот во литија. Свештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот. Го поминавме варошот, па потоа [врвевме] низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече. Носењето на светињите во литија многу помага, вели стариот Сандре. И потсетува на случајот во Цариград. Еднаш и во Цариград завладеала колера и многу народ покосила.Тогаш Патријархот пошол кај султанот и замолил за одобрение, да се пренесе низ градот Појасот на Пресвета Богородица, кој тогаш се чувал во црквата Влахерна. Султанот дозволил и литија со Појасот и со Патријархот, свештенството, со крстови и рипиди, прошла низ Цариград. И колерата веднаш престанала.

Сведоштво запишано од Владиката Николај Битолско-охридски, во неговата Книга Емануил, глава II: О чудесним исцелењима, 15-то чудо: Повест о колери у Охриду 1910. године.

 

 https://bigorski.org.mk/kolumni/kako-sveti-kliment-go-spasil-ohrid-od-kolera/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1372
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1661
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1502
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…