логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Слово корисно и спасително за душата до Теодул од
преподобен Исихиј, презвитер ерусалимски


90.  Толку, колку будно внимаваш на својот ум, со толку потопла желба ќе Му се молиш на Исуса; а доколку невнимателно го надгледуваш својот ум, толку ќе се оддалечуваш од Христа Исуса. И како што првото го осветлува воздухот на умот, така последното, - отклонувањето од трезвоумието и слаткото повикување на Исуса – обично потполно го помрачува. Природно е ова да биде така, како што рековме, и поинаку никогаш не бива. Ова ќе го разбереш од својот опит, тогаш кога ти лично ќе го доживееш. Зашто добродетелта, а особено ваквото сладосно светлоносно дејствување не се научува поинаку, освен преку личен опит.


91.  Непрестајното повикување на Исуса со некаква топла желба, полна со сладост и радост, прави воздухот на срцето поради силното внимание да се исполнува со чудно пријатна тишина. За потполно очистување на срцето само Христос бива причина и извршител. Зашто Самиот Бог велиː „Јас Господ... правам мир“ (Иса. 45,7).


92.  Душата, откако била обдарена и насладена од Христа, со радост и љубов, Му благодари на својот Добротвор и со веселба Го повикува Оној што ѝ го дарувал тој мир, бидејќи внатре во себе духовно гледа дека Он ги растерува мечтаењата на лошите духови.


93.  Псалмопеачот Давид велиː „И окото мое ги погледа непријателите мои, и увото мое ќе чуе за побунетите против мене беззаконици“ (Псал. 91,12) иː „само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш отплатата на грешниците“ (Псал. 90,8), платата на оние што грешаваат пред Бога сум ја гледал јас и во себеси. Кога нема никакви мечтаења во срцето,  тогаш умот се наоѓа во својата природна состојба, секогаш готов да се издигне за секое радосно созерцание, духовно и исполнето со љубов спрема Бога.


94.  На тој начин, како што реков, трезвеноста и молитвата Исусова навлегуваат взаемно една во другаː силното внимание навлегува во составот на непрестајната молитва, а молитвата – во составот на трезвеноста и вниманието на умот.




95.  Добар педагог и за телото и за душата е незаборавното спомнување за смртта, така што неа да ја имаме секогаш пред себесиː постојано се наоѓаме меѓу мигот во кој сме и самиот смртен часː самата постела, на која треба да спиеме, да ја замислиме како место, на кое треба да се разделиме со нашето тело.


96.  Браќа, оној што сака да остане неранет, не треба да му се предава на сонот. Една од двете работи е неизбежнаː или да паднеме и да загинеме, откако се лишиме од добродетелите, или секогаш да стоиме на стража со нашиот вооружен ум,зашто и самиот наш непријател е секогаш вооружен против нас и готов да нѐ нападне.


97.  Во нашиот ум се раѓа некаква божествена состојба од  непрестајното спомнување за Господа Исуса Христа и од повикувањето кон Него, ако не бидеме мрзливи секогаш да Му се молиме во нашиот ум, ако има непрекинлива трезвеност и сознание за тоа што станува во нас и за нападите од страна на лошите сили, па она што е добро – да го примаме, а она што доаѓа од демоните – да го одгонуваме. Но нашата работа треба да биде секогаш една и истаː да Го повикуваме Господа Исуса Христа, со топло срце да викаме кон Него – да ни даде да се причестиме со Неговото пречисто име и тоа да се настани во нашето срце. Зашто честото повторување е мајка на навиките, како по однос на добродетелите, така и во однос на пороците, а навиката потоа владее како и самата природа. Откако ќе дојде во таква состојба, тогаш самиот ум ги бара противниците, како ловџиското куче што ги бара зајаците во грмушките; но тој ги бара, за да ги изеде, а овој ги бара – за да ги победи и да ги разгони.



98.  Затоа,  секојпат, кога ќе ни се случи во нас да се умножат лошите  помисли, веднаш да го фрлиме меѓу нив повикувањето на нашиот Господ Исус Христос, и веднаш ќе видиме како се разбегуваат како чад во воздухот, како што нѐ учи нашиот опит. Кога потоа нашиот ум ќе остане сам, без лошите помисли што го вознемирувале, пак одново да почнеме да внимаваме и да Го повикуваме Господа. Така треба да постапуваме секој час кога треба да се бориме со искушенијата.


99.  Како што не може голото тело да појде во војна, или, како што не може да го преплива  големото море во облека, или, како што не можеме да живееме,  ако не дишеме, така е неможно без смирението и без непрестајната  молитва кон Христа – да научиме како се води духовната и скриена борба, како да влегуваме во неа, како да се бориме и како да ги победуваме нашите духовни непријатели.


100. Оној што бил најопитен во овие работи, големиот Давид, Му вели  на Господаː „Силата моја во Тебе ја чувам“ (Псал. 58, 9), односно обраќајќи Ти се Тебе за помош. Така и во запознавањето на силата на срцето и на духовното безмолвие и спокојство, од кои се раѓаат сите добродетели, биваат во нас по содејство од Господа, Кој ни ги дал заповедите и Кој го одгонува од нас непотребното заборавање, кога непрестајно Го повикуваме на помош, зашто заборавањето повеќе од сѐ друго го уништува безмолвието во срцето, како што водата го изгаснува огнот. Затоа, монаху, не предавај му се на сонот на мрзливоста – за да не умреш духовно, туку со името Исусово бичувај ги непријателите, и ова преслатко име, како што рекол еден од мудрите, ( Свети Григориј Богослов ) да се присоедини со твоето дишење, и тогаш ќе ја разбереш ползата од безмолвието.


101.  Кога ние недостојните ќе се удостоиме со страв и трепет да се причестиме со страшните и животворни Тајни на Христа – нашиот Цар и Бог, тогаш треба да покажеме најголема трезвеност, пазење на умот и најбудно внимание, така што овој божествен оган, односно Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос – да ги уништи нашите гревови и малите и големите нечистотии. Зашто влегувајќи во нас, тие веднаш ги прогонуваат духовите на злобата од нашето срце и нѐ ослободуваат од гревовите што сме ги направиле некогаш; нашиот ум тогаш бива оставен слободен од вознемирувањата на здодевните лукави помисли. А, ако потоа, стоејќи при вратите на нашиот ум, тогаш, кога пак ќе бидеме удостоени да ги примиме Светите тајни, тие сѐ повеќе и повеќе ќе го просветуваат нашиот ум и ќе го прават сјаен како ѕвезда.



102.  Заборавањето обично го ослабнува чувањето на умот, како водата што го изгаснува огнот. Но непрестајната молитва Исусова со будната трезвеност, најпосле го изгаснува од срцето. Молитвата има потреба од трезвеноста, како што малото кандило има потреба од светлината на големата свеќа.


103.  Треба постојано да се грижиме да го запазиме она што е скапоцено, а за нас скапоцено е само тоа, што нѐ запазува од секое зло, - од видливото и од невидливото. А тоа е запазувањето на умот со повикување на помош на името на Госпоода Исуса Христа, та секогаш да гледаме во длабочината на нашето срце и непрестано со мислата наша да бидеме во безмолвие, дури ќе речам дека треба да се пазиме и од оние помисли кои ни се чинат како добри, да се трудиме да немаме никакви помисли, за да не бидат зад нив скриени крадци. Но, и да ни е мачно, треба со трпеливост да бдееме во нашето срце, но впрочем и утехата е близу.



104.  Она срце, кое е постојано пазено, кое не дозволува да влезат во него никакви слики и мечтаења од лукавите духови, тоа обично раѓа од себе светли помисли. Зашто, како што дрвениот јаглен раѓа пламен, така многу повеќе светлее во нас Бог, Кој се наоѓа во нас од светото крштевање, - ако го најде чист воздухот во нашето срце од ветриштата на злобата и ако биде запазувано од стражата на умот, тогаш Он ќе ја распали нашата духовна сила за созерцание, како што се распалува пламенот на восочната свеќа.


105.  Името на нашиот Господ Исус Христос треба секогаш да го враќаме во пространството на нашето срце, како што се враќа молњата во воздушниот простор пред да почне да паѓа дожд. Ова го знаат добро оние што се искусни во духовната – внатрешната борба. Оваа духовна борба треба да ја водиме вакаː првата работа треба да ни биде вниманието; потоа, кога ќе забележиме дека ни се приближила ѓаволската помисла, веднаш да ги нафрлиме врз него со гнев зборовите на клетвата од нашето срце; а трето – да Му се помолиме на Господа Исуса Христа да нѐ запази од нашиот духовен непријател, веднаш да исчезне тој демонски призрак, за да не појде нашиот ум по тие мечтаења, како некое дете по некои вешти трикови.



106.  Да се потрудиме, слично на Давида, да викаме кон Богаː да викамеː Господи Исусе Христе, помагај ни! Но да не викаме со глас од грлото наше, туку со очите на умот наш да се устремуваме нагоре со надеж и да не престанеме да Му се обраќаме на нашиот Бог (сп. Псал. 68, 4).


107.  Спомнувајќи си ја секогаш приказната за неправедниот судија, која ни ја раскажал нашиот Господ за наша поука, треба секогаш да Му се молиме и да не очајуваме, па дејствувајќи според неа, - да добиеме и корист и да му се одмаздиме на непријателот.


108.  Како што не е можно за оној што го гледа сонцето; неговите зраци да не му светлеат, така не е можно да не му биде светло на оној кој се наоѓа во преосветлениот од Бога воздух на срцето.



109.  Како што не можеме во овој наш земен живот да живееме без храна и пиење, така не можеме без запазувањето на умот и чистотата на срцето – да добиеме нешто духовно и угодно на Бога или да се избавиме од духовниот грев, ако не се запазуваме со помош на стравот од маките и на тој начин принудно да се пазиме од гревот.


110.  Впрочем и оние кои на тој начин, принудно се запазуваат од гревот со дела, блажени се пред Бога, пред ангелите и пред луѓето, зашто „царството небесно насила се зема и силните го грабаат“ (Матеј 11, 12).



111.  Еве што е прекрасно за умот од безмолвието: гревовите, кои во почетокот чукаат на умот само со помислите со цел, ако бидат примени како мисли, потоа да станат груби, видливи гревовни дела; сите тие мисловни гревови биваат отсекувани во нашиот внатрешен човек со трезвеноста, која не им дозволува да навлегуваат во душата и потоа да се претвораат во грешни дела. Ова го прави со силата и застапништвото на нашиот Господ Исус Хритос.



112.  Слика на надворешните и телесните подвизи е Стариот завет, а Светото Евангелие, Новиот завет, е слика на вниманието и чистотата на срцето. И бидејќи Стариот завет не доведувал до совршенство, не го задоволувал внатрешниот човек во делото на богоугодниот живот, зашто, како што вели апостолот: „законот ништо не доведува до совршенство“ (Евр. 7,19), а само ги сопирал грубите гревови, и не можел да ги спречува помислите на срцето и порочните желби, не можел да ја запазува чистотата на срцето, затоа евангелската заповед е многу повеќе од она што го бара законот, како на пример, она: око за око и заб за заб. Така треба да го разбереш и она за телесната праведност и за телесната чистота: говорам, за постот, за воздржувањето, спиењето на гола земја, стоењето, бдеењето и друго, кои се преземаат обично поради телото и кои го скротуваат страсниот дел на телото, успокојувајќи го од гревовните движења. Се разбира, добро е и сето тоа, како што е речено за Стариот завет, дека Законот е добар, зашто ни служи за тоа да го учи нашиот надворешен човек и да го запазува од страсни дела. Но сите тие подвизи не нѐ запазуваат од духовните гревови, ниту можат да ги победуваат; не се силни да нѐ избавуваат од зависта, гневот и од другите духовни страсти.


113.  А чистотата на срцето, односно запазувањето на умот, на што е слика Новиот завет, ако го пазиме како што треба, ги отсекува сите страсти и секое зло од нашето срце и ги искоренува од него, и место нив – ги насадува таму радоста, добрата надеж, скрушеноста, плачот, солзите, познавањето на себеси и на своите гревови, спомнувањето за смртта, вистинското смирение за безмерната љубов кон Бога и кон луѓето и за божествената срдечна ревност.


114.  Како што оној кој оди по земјата не може да не го расекува воздухот, така е неможно човековото срце да не биде непрестајно напаѓано од демоните и да не биде подложено на скриени воздејствиа од нивна страна, макар и да прави соодветни телесни подвизи.


115.  Ако сакаш да бидеш пред Господа вистински монах, а не само навидум; да бидеш добар, благ и секогаш соединет со Господа и ако сакаш да бидеш таков, тогаш постојано грижи се да ја имаш жива добродетелта на вниманието, која се состои во пазењето и запазувањето на умот и постојаното сладосно безмолвие на срцето – слободно од мечтаење. Оваа состојба нема да ја најдеме кај многумина.


116.  Добродетелта на вниманието се нарекува љубов спрема духовната мудрост. Минувај низ неа со голема трпеливост и со топла усрдност – со Исусовата молитва, со смиреноста и со непрекинливост, со молчење на твојата телесна и духовна уста, со воздржливост во јадења и во пиење и со оддалечување од сѐ што е грешно, чекорејќи по духовниот пат со расудување, и тоа, со Божја помош, ќе ти го открие она што не си го очекувал, ќе ти даде знаење, ќе те просвети, ќе те умудри и ќе те научи на нешто за што и не си помислувал дека имаш способности тогаш кога си чекорел во темнината на страстите и темните дела, бидејќи си бил потонат во заборавност и збрканост на помислите.



117.  Како што плодните ниви раѓаат богат пченичен плод, оваа добродетел ќе ти даде изобилен плод на секое добро во твоето срце или, подобро е да се каже, нашиот Господ Исус Христос и Бог на сѐ ќе ти го даде сето тоа, без Кого не можеме да направиме ништо. Отпрвин таа ќе ти биде како скала, а потоа ќе ти биде како книга, од која ќе читаш и ќе преуспеваш сѐ повеќе и, најпосле, ќе ја видиш како град, како небесниот Ерусалим, како Христа Израилев, Царот на силите; навистина ќе гледаш со твојот ум и заедно со умот на Единосушниот Божји Син и со Светиот дух, Кој се прославува заедно со Отецот и Синот.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

6-ти март 2018 лето Господово

 

Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5790
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6609
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6387
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5586
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная