Св.Серафим Саровски - МАЈКАТА БОЖЈА - РАНА НА ДЕМОНИТЕ
Еве на пример, она што во Библијата се вели: "И му дувна Бог здив на живот во лицето на првосоздадениот Адам, кој го создал од прав земен", многумина го толкуваат така што мислат дека во Адам немало душа и дух човечки, туку само плот создадена од земен прав. Меѓутоа, тоа толкување не е правилно, бидејќи Господ Бог го создаде Адам од земен прав во состав во кој апостол Павле утврдува: духот ваш и душата и телото да се сочуваат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос.


Никој не може да Му се приближи на Бога ако не се оддалечи од светот.
Благодатта на покајанието им се дава на оние кои со вистинска вера ги примаат Христовите зборови за тоа дека, ако ние не поверуваме во Него, во Божјата и апсолутна вистина на сè она што Тој заповедал, тогаш тајната на гревот нема се разоткрие во својата онтолошка длабочина, и ние ќе „умреме во своите гревови“ (Јов. 8, 21-24). Самото поимање на гревот е присутно единствено таму каде што односите помеѓу Господ-Апсолутниот и човекот-созданието попримаат чисто личен карактер. Инаку, сè останува на интелектуалните претстави за помалиот или поголемиот степен на совршенство кај постоечката форма. Гревот секогаш е престап
Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами. Зашто Господ рече ’Не секој што Ми вели Господи, Господи, ќе влезе во Царството небесно, но оној што ја твори волјата на Мојот Отец (Мат. 7, 21) и повторно: ’Кој Ме љуби ќе ги држи заповедите Мои’ (Јован 14, 15) и останатото.
„Сум видел како монасите коишто блеснале како ѕвезда во послушанието и коишто според своите сили
Ева и Адам, пророкот Елисеј, и Агеј, сите тие примери покажуваат дека на Бога најугодно му е послушанието, пред сите останати добродетели. Останатите само помагаат. Тие не делуваат онака како што делува послушанието.
Владетелите ќе бидат збунети. Свештенството ќе се наоѓа во анархија, и монасите ќе бидат немарни. Великодостојниците во Црквата ќе го сметаат за некорисно, сето она што е во врска со спасението, како своите души, така и душите кои што ќе им бидат доверени, и ќе презираат било каква грижа. Сите ќе покажуваат ревност и енергија за се што е во врска за масата за јадење и за својот стомак. Ќе бидат мрзливи во своите молитви и повремено ќе критикуваат.
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи, на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува се дотогаш, додека не се засити умот, така што, молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што, ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.
Чедо мое, ако внимаваш што ти пишувам, и ако си наложиш себеси подвиг ќе имаш голема полза. Сè што ти се случува, ти се случува бидејќи не се присилуваш на молитва. Значи, присили се! Постојано кажувај ја молитвата! Воопшто да не запре твојата уста! Ќе се навикнеш на неа внатре во себе, така што, потоа ќе ја преземе умот. Не се ослободувај во внимавањето над помислите, бидејќи ќе станеш млак и ќе се оскверниш. Молитва, тоа е постојана присилба над нашата природа. Практикувајќи ја, ќе видиш колку благодат ќе добиеш!
Вистинската и мудра надеж се гледа во тоа што човекот воопшто не се грижи за себе, и тоа од љубов кон Бога и заради добродетелите, знаејќи дека за него се грижи Бог. Ако, пак, човекот самиот се грижи за своите работи и кон Бога се обраќа со молитва само тогаш кога доаѓаат неизбежните несреќи, па не наоѓајќи во сопствените сили соодветно средство, почнува да се надева на Божјата помош – таквата надеж е суетна и лажна. Вистинската надеж го бара само небесното Царство, и притоа е уверена дека сѐ земно, што ѝ е потребно во овој минлив живот, ќе ѝ биде дадено.
О, блажени и најнепорочни сопружници, Јоакиме и Ана! Станавте познати по плодот на вашите утроби, како што рекол Господ: ќе ги познаете по нивните плодови. Вие поживеавте живот угоден на Бога и достоен на Родената од вас. Живеејќи чисто и свето, ја родивте ризницата на девственоста – до раѓањето дева, во раѓањето Дева, и по раѓањето Дева; единствена Дева и Приснодева – единствена и по ум, и по душа и по тело, секогаш дејствувачка.
Умствената молитва за мене е како за секој човек неговиот занает, бидејќи во неа се вложувам себеси повеќе од 36 години. Кога дојдов на Света Гора веднаш ги побарав пустиножителите што се подвизуваа во молитвата. Пред 40 години ги имаше многумина што имаа живот внатре во себе. Луѓе со добродетели! Старци! Од нив одбиравме старец и го имавме за патеводител. Значи, практиката на умствената молитва е да се присилуваш себеси да ја кажуваш молитвата гласно и непрекинато.
Никој не може сам да оди по патот на спасението ако одбива да биде воден од невидливата рака на Спасителот, Кој дејствува преку Неговите видливи слуги, свештенослужителите на Црквата. Оти, во Светото Писмо се вели: „Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима оној што Ме пратил“ (Матеј 10, 40). Следствено, не можете да одите по патот на Светиот Дух без раководство на свештеник. Разнообразноста на искушенијата, лукавството на невидливиот ѓавол, кој се бори преку видливи луѓе, може во кое било време да ги застрани Божјите ученици од патот на спасението и да ги одведе во пропаст...
Кога некој прославува именден, посакајте му го следново: Да живееш многу и богоугодни години.
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш.
Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто.
Животот е голема искуствена наука. Ништо не е потешко од поминувањето низ таа наука, низ тесниот пат и низ тесната врата. Кој во мајчиното или во основното училиште не се навикнал на вера, на страв Божји или на благочестив живот, нему ќе му биде особено тешко да учи во училиштето на животот. Дури и ако во училиштето во кое се изучуваат науки биде умен и учен, и ако би уживал големо почитување поради своите способности, во училиштето на животот ќе се покаже како незнајко, и не само тоа,
„ Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие” (Пс. 118, 133).
„Секој пат кога ќе почнеме да се колебаме, Тој ги подава Своите раце кон нас, нѐ придржува и утврдува. Спротивно, препуштени на нашите сили, совршено би паднале. Ниту еден праведник, всушност, нема доволно сили во себе да здобие праведност. Тој постојано се колеба и секој миг е готов да падне. Затоа, милостивиот Господ го поткрепува со Својата рака. Спротивно, поради слабата волја, буквално би загинал.























