логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

 

krst.zlaten.jpg 
Христољупци, псалмите нека бидат постојано во устите ваши! Повикувањето на Божјото име ги прогонува бесовите и го осветува псалмопејачот. Псалмот е тишина за душата, зашто ја наградува со мир. Псалмот е посредник за дружба, соединување меќу разделените, примирје меѓу оние кои се во непријателство. 

Псалмот ја привлекува помошта на Ангелите; постанува оружје против ноќниот страв, носи успокојување од дневниот труд; безопасност е за младенците; украс е за возрасните, утеха е за старците; тој е најубав накит за жените. Псалмот ја населува и краси пустината; внесува мудрост во општествените собранија;  тој е првично оучување за огласените; духовен прираст за оние кои напредуваат; утврдување на совршените и учителен глас на Црквата. Тој ги прави празниците светли; тој предизвикува тага по Бога; тој повикува солзи и во каменото срце; тој е ангелско дело, небесно живеалиште, духовно кадило; псалмот е просветување за духот и осветување за телото. Во него, браќа, секогаш да се поучуваме: во куќи, и по пат, и во работилницата, и на легло – секогаш да беседиме сами во себе си преку псалми и песни и духовни пеења. Псалмот е радост за Богољупците; тој го отстранува празнословието; ја прекратува глупавата смеа; напомнува за Страшниот Суд, ја возбудува душата кон Бога; го воведува човекот во ликот на Ангелите. Каде што има псалм и покајание, таму е и Бог со Ангелите. Каде што има песни на лукавиот, таму се згрозува гнев од Бога и отплата за смеа. Каде што има свештени книги и читања, таму праведниците се веселат и слушателите се спасуваат. Каде што има гусли и пејачи, вино и тапани – таму нстапува помраченост и за мажите и за жените и празникот постанува ѓаволски. Колку е лукав, итар и плотски примамлив ѓаволот!

Денес ги гледаш како пеат псалми, а на другиот ден страсно се предаваат на танци; денес се Христијани, утре – многубошци; денес носат славно име – утре, пак, постануваат Елини; денес се слуги христови, а утре – отстапници од Бога. Злиот искусно сопнува и заблудува мнозина да вршат зло, оти прават добро. Ние, како вистински чеда на Христа, треба и да Му служиме: Нему да Му се поклониме, од Него да не отстапиме, со Него да бидеме до последното издивнување и да не се потчиниме на итриот змеј, зашто тој оди како лав што рика и бара некого да заблуди, некого да проголта. Да не постапуваме така – денес да пееме псалми, а утре да танцуваме; денес да се каеме за гревови, а утре да трчаме во погибел; денес духовно да читаме, а утре светски да свириме; денес да пазиме воздржување, а утре да се накривуваме од пиење; денес да постиме, а утре да озборуваме! Да не го губиме своето време во соблазни и суети - тоа е неопходно за подвиг кон спасение. Како што добриот земјоделец ја обработува нивата, така и ние да ја обработуваме својата душа: засакај го молчењето, избегнувај го лошиот разговор, понастрана од животните примки, умудрувај се во Бога преку псалми!

 

Извор: http://www.mpc-svpetka.com/

Посети:{moshits}

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1372
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1661
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1502
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…