логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  man.sk.sv.-Nikita.jpgЗа искушенијата и навредите

Ако ѓаволот не може од внатре да те заведе, почнува да те мачи надворешно – преку луѓето кои му се потчинети. Затоа биди подготвен за ова страдање и очекувај ги непријатностите да ти дојдат на гости. Еднаш ти се приближуваат пофалби, потоа укори, клевети и тешкотии од секаков вид. Многу е важно да сфатиш кој ја предизвикува бурата, и сето тоа мирно да го поднесеш: непријателството против одредени луѓе треба да се претвори во непријателство против лукавиот кој стои позади нив и ги поттикнува на непријателство. Кога ќе надојдат работи кои те натажуваат и лутат, обрати Му се на Бога и не му дозволувај на ѓаволот да ти пријде. Ако не успееш во тоа, тогаш барем молчи додека не се совладаш. Потоа мирно и љубезно зборувај со другите.

Не им замерувај и не ги потсетувај на направената неправда. Само моли Му се на Бога лошите впечатоци во срцето да исчезнат што е можно побрзо. Така ќе бидеш чист пред Него, Кој го води човекот чекор по чекор, преку неволјите кои чистат. Тешко е без неволји да го победиме своето фарисејско самооправдување.

Со силите со кои ги поднесуваш искушенијата се мери твојата внатрешна зрелост. Преку неа лесно можеш да дознаеш на која скала на зрелоста се наоѓаш. Ако на оној што те навредил не му простуваш целиот свој живот, биди сигурен дека внатрешниот пат воопшто не си го ни започнал. Ако си бил навреден, па после една години си успеал да ја заборавиш, значи дека стоиш на најниската скала на внатрешниот труд. Колку напредуваш во духовниот труд, толку побрзо ќе можеш да ги простуваш нанесените навреди; после еден месец, една недела, еден ден.

А како во таквите ситуации се однесува оној што Му е посветен на Бога? Тој ја гледа стрелата на наврдата што лета кон него и се заштитува со Божјото име, како со оклоп. Навредата се одбива од него и не остава ниту најмала гребнатинка. Ако си стигнал до ова, можеш да сметаш дека си напреднал во духовниот живот.

Меѓутоа, никогаш не го губи од вид најважното: Бог допушта искушенија за да те испроба, или за да созреат твоите духовни сили. Затоа, прифати го искушението мирно и поднеси го спокојно, без омраза кон тие што те навредуваат. Ако истрпиш ќе стигнеш до поголема чистота. Сѐ поднеси, чувајќи го внатрешниот мир и Божјата љубов, повикувајќи Го Господ напомош за искушувачот да се оддалечи од тебе.

Преподобен Нил Сорски

Извор: МПЦ-ОА



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2858
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2664
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…