Свети Јован Шангајски- *Значењето на спомнувањето на нашите ближни на Литургија*
Пред откривање на моштите на св. Теодосиј Черниговски (1896 год.), свештеникот кој го вршеше преоблекувањето на моштите, се измори и задрема крај нив. Го здогледа пред себе светителот кој му рече:
"Ти благодарам што се потруди околу мене. Уште те молам, кога ќе ја извршуваш Литургијата, спомни ги моите родители" - и ги изговори нивните имиња (ереј Никита и Марија).


Јас се навикнав на ладно и дожд, само не можам да се навикнам на лошото време во срцата на луѓето. Ако вие навистина ме љубите и ме сакате, не правете му на никого зло. Само непријателите и човечката злоба мене ме измачуваат, прават да страдам...
Литургијата е најдобриот пробен камен за нашата духовна состојба: живи ли сме или мртви – што се гнезди во нас, какви страсти, какви душевни немоќи?
Зошто ние, почитувачите на мирот, немилосрдно и непрестајно војуваме?
Христијанскиот живот се гради од соединување на две волји: Божествената – вечно иста, и човечката – подложна на колебање. Бог Себе на човекот му се открива на најразлични патишта. Он не врши насилство врз човечката волја. Ако со љубов Го прифаќаме кога ни се приближува, Он често ќе ја посетува душата со кротоста и смирението Свое. Може да се случи, како што за тоа сведочи историјата на христијанската вера, Он на човекот да му се јави во велика Светлина. Душата, гледајќи Го Христос во Светлината на Неговата љубов, тежнее кон Него.
Значи, штo има нeвeрoјатнo вo тoа штo Слoвoтo (Синoт Бoжји)
Верувај во Господа и љуби Го, чувај се од нечистите помисли и од телесни задоволства и, како што е напишано во книгата Мудри Соломонови изреки, ‘не измамувај се со пренаситување на стомакот’, бегај од гордоста, моли се непрестајно, читај псалми пред и после спиење, проучувај ги заповедите што ти ги даде Светото Писмо, спомнувај си за делата на светите, та твојата душа помнејќи ги заповедите Божји да може да се угледа на нивната ревност...
Умот не е душата, туку е дар Божји, кој ја спасува душата. Богоугодниот ум оди пред душата и ја советува да презира сè што е привремено, светско и пропадливо, а да ги сака вечните, неземните и непреодните блага така што човекот, живеејќи во телото, со својот ум да го замислува и да го созерцава она што е небесно и божествено.
Зашто совршенството на монахот се состои во навикатаː со духот да управува со сѐ во себе си. Но, таквото самоуправување доаѓа заедно со чистотата на срцето. А чистотата на срцето се придобива кога со него управува умот, а со умот управува непрестајната молитва. Нападите од демоните биваат преку помисли и привиденија, кои се посилни тогаш кога сме осамени и безмолвни.
А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во сите свои дела. Тогаш им станува слатко да го носат Божјиот јарем. Тогаш се остварува смислата на Христовите зборови: “Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11, 29-30).
"Еднаш еден голем старец со своите ученици се најде на место каде што имаше кипариси различни по големина, мали и големи. И му рече старецот на еден од учениците: ’Искорни го овој кипарис’. Тоа беше малечок кипарис и братот со едната рака веднаш го искорна. Потоа старецот му укажа на друг, поголем од првиот, па му рече: ’Искорни го и овој’. Братот го искорна, влечејќи го со двете раце. Старецот пак покажа на кипарис поголем од
Не познавајки ги догматите на својата вера,многу свети маченици велеле:Верувам онака како што утврдиле светите отци.Човекот кој така го исповедал Христа,го ставале на маки.Односно,тој не знаел на гонителите да им даде докази за својата вера и на тој начин да ги убеди,но затоа имал доверба во светите отци.Мислел:Како да не им верувам на светите отци?
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа .
Оние што постојано се движат ненахално, со добри мисли, кажувајќи ги сите свои помисли на старецот, при што со многу смирение веруваат дека не направиле ништо добро (додека се трудат со голема усрдност),
Често, искушенијата самите си ги создаваме, кога сакаме да се издигнеме себеси над другите. На небото никој не се качува со световно качување, туку со духовно слегување. Кој оди ниско, секогаш оди сигурно и никогаш не паѓа. Оној што не се советува при својот духовен од, ги меша патиштата, многу се заморува и заостанува. Ако не се смири да праша, макар и подоцна, тешко ќе стигне до целта.
Не се залажувај со самомнението и учењето на оние кои, и самите залажени од самомнението, занемарувајќи ја вистината на Црквата и Божественото откровение, тврдат дека вистината може да се јави во тебе самиот, без звуците на зборовите, и дека може да те поучува сама по себе, со некакви неопределени и нејасни дејствија. Тоа е учење на лагата и нејзините миленици.20 Признаци на лажното учење се: мрачноста, неопределеноста, самомнението21, и она што ги следи, родено од мечтателното, крвно и нервно насладување. Него го предизвикува тенкосетно делување на суетата и сладострастието.
Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби, и нешта што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи и' на Црквата“ (Мт. 17,18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква.
Тогаш се свртел на другата страна и видел прекрасна и миризлива долина.
























