логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

sv.Jov.Zlatoust.jpg

Гревовите се причината за семејните конфликти

Од каде што доаѓа изворот на гревот, таму е камшикот на казната. Давид во својот дом донел туѓо јагне, убивајќи го неговиот пастир, и во неговиот сопствен дом јагнето се кренало против него. Тој внел раздор во туѓиот дом, па и во неговиот започнала војна против него. Затоа што го убил Уриј и ја одзел неговата жена, против Давид застанал неговиот роден син.

И денес многу луѓе водат војни во своите домови: еден со жена си, друг си го малтретира синот, трет трпи непријатности од својот брат, друг – од други. Секој се мачи, се бори, предизвикува војна и претрпува пораз во истата. Но никој не се прашува, или размислува, дали во неговиот дом ќе израснеа трње и плевел, ако самиот не ги посееше гревовите, дали ако самиот не ги предизвикаше гревовните искри, домот ќе му беше во пламен.

Светото Писмо сведочи дека бедите во животот се плод на нашите гревови и дека Бог назначува извршители на казната врз грешникот од неговите блиски. Твојата жена војува со тебе, уште на вратата те пречекува како разбеснет ѕвер, острејќи си го јазикот како меч. Жално е што твојата половина ти станала противник, но преиспитај се самиот себеси - во младоста да не си размислувал нешто против некоја, па сега сопствената жена да ја лекува туѓата рана. Жена ти може да не го знае тоа, но Бог – Лекарот знае.

Светото Евангелие сведочи дека лошата жена е камшикот за нашите гревови. Тоа кажува дека лоша жена се дава на грешен маж (Сир. 26, 3-9). Давид којшто е гонет од својот син Авесалом заради неговата незаконска врска, сведочи дека нападите од децата, исто така, се казна за гревовите. Книгата Судии сведочи дека братот војува против брата си заради гревовите. Кога братот те напаѓа, немој да правиш сплетки против него, туку подобро е да погледнеш во себе, за да откриеш заради кои гревови брат ти станал твој непријател.

Но зошто да зборувам за семејните конфликти кога и нашето сопствено тело, коешто ни е најблиско и најскапоцено, станува наш непријател кога грешиме, кога ни се одмаздува со болести и страдања. Телото-роб ја повредува душата-владетелка кога таа греши не затоа што тоа го сака, туку затоа што така ѝ е заповедано. За тоа сведочи Христос, Којшто му вели на раслабениот: „ете оздраве; повеќе не греши, за да не те снајде нешто полошо“.

И така, кога знаеме дека семејните конфликти и повеќето од болестите се јавуваат како резултат на гревовите, да го избегнуваме тој извор на злото – гревот.

Свети Јован Златоуст+

 
 Избор од фб профил на

Милостивиот Самарјанин


    
    


    



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2601
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2393
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…