Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
После двете светски војни – војните се par exellance грев – современиот човек ја загуби благодатта на Светиот Дух. Без Светиот Дух, пак, не може да ја појми божественоста Христова. Да поверуваме дека овој човек кој е вистински, е Создател на светот, ги надминува нашите можности. Да поверуваме дека Самиот Бог се воплоти, дека нe повика да бидеме вечно со Него, еве, тоа е она што им недостига на многумина, особено на учените.


Господ ја сака добрата намера, и верата во Него, и исполнувањето на Неговите заповеди, и љубовта кон сите. Ете каков ќе биде печатот на душата кога ќе излегува од телото, онака како што и им заповедал на Своите ученици: „По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“.
Човечкото тело веднаш би се распаднало и би се претворило во земја да не му беше – со Промислата (προμηθείᾳ) и силата (δυνάμει) на Оној Кој со Своето слово држи сѐ (τοῦ ρήματι μόνῳ τὰ πάντα φέροντος) – одложено исполнувањето на пресудата. Он, како што рековме претходно, ја задржа и ја одложи пресудата за смртта на телото, и со длабочината на Својата мудрост и човекољубие тогаш нејзиниот исход така го подготви, што нејзиното исполнување во иднина го зачува за Него.
Неволји
Засакај го Христовото сиромаштво за да станеш богат во Христовото Божество. Засакај го најубавиот пост – дело многу почитувано и богоугодно. Постот е кочија што вознесува на небото. Постот раѓа пророци и дава мудрост. Постот е добра одбрана на душата, сигурен состанар на телото. Постот е оружје на смелите, училиште на подвижниците.
Ако сакаш да ѝ помогнеш на Црквата, подобро е да се промениш самиот отколку да се обидуваш да ги менуваш другите. Доколку се промениш себеси, непосредно си променил еден дел од Црквата. Се разбира, кога сите би го правеле тоа Црквата би била поинаква. Но, денес, луѓето се занимаваат со сè.
Не кажувајте: ,,Јас не можам”. Тоа не е говор на христијанин. Христијанинот вели: ,, Можам сe' ”, но не сам по себе, туку со Господ Кој ни дава сила. Смуртениот, одбивниот живот, не е живот по Бога. Кога Спасителот им кажал на оние што постат, да си ја измијат и помажат главата и да се исчешлaат, под тоа всушност подразбирал, да не бидат смуртени. Непријателот (демонот) обично дотрчува, и повторува: не им попуштај, оти ќе те повредат. Тој сака да ни наштети. Подобра заштита од повредувањето е смирената попустливост.
Ни војски, ни богатства, ни коњи, ниту оружје, ништо – ништо рамно на долготрпението нема да најдеш, бидејќи често се случува кога гневот ќе го совлада оној што го има сето ова, тој се однесува како мало дете кое не знае што со себеси, од вознемиреноста и збрканоста. А долготрпеливиот како во засолниште пребива и со сладок спокој се насладува;
Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.
А кога умот ќе се очисти со молитвата, ќе ја спушти во срцето. Ќе дојде до соединувањето на умот, зборовите и срцето. Со други зборови, со непрестајното повикување молитвата наоѓа пат до срцето преку вдишувањето и издишувањето. Тогаш умот, зборот и срцето стануваат едно. А, срцето кое непрестајно се очистува прима соодветна и осенувачка благодат
Ако наидат работи кои те жалостат и лутат, обрати му се на Бога и не му дозволувај на злото да ти се приближи.
И најголемите наши жртви Бог нема да ги прими ако го осудуваме својот брат. И од сиот свет некој да се одрече, и од сите негови блага поради љубовта Христова, и во најдлабоката пустина да оди, и да се фрли во најдалечната и најзапустена ќелија, ако братот свој го осудува, сè му е залудно. Оти, не може да се поигрува со Бога! Тој го чита срцето човечко.
Постот, бдеењето и молитвата сами од себе не ги донесуваат саканите плодови, затоа што тие не се целта на нашиот живот; тие се средства за постигнување на целта. Украсете ги вашите свеќници со добродетели. Борете се да ги отфрлите страстите. Исчистете го вашето срце од секоја нечистотија и чувајте го чисто за да дојде и да се всели во вас Господ; да ве исполни Светиот Дух со Своите Божествени дарови.
Вистински е оној посник кој се воздржува од блуд, прељубодејство и секаква нечистотија. Вистински посник е оној кој што го осигурал својот јазик со воздржување и го воздржува од празнословие, од луди зборови, клевети, осудувања, ласкања, лаги и од секакви злословија. Вистински посник е оној кој ги воздржува своите раце од крадење, одземање и проневери,...
Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле ќе станат погласни од нашите молитви.
Добрите луѓе се како свеќа. Ќе се изгорат себеси за да им дадат светло на другите.
Да се покаеш не е да гледам надолу кон моите недостатоци, туку нагоре кон Божјата љубов. Не е да се погледне наназад со самопрекорување, туку напред со доверба. Не е да видам каков не успеав да бидам, туку што сè уште би можел да станам преку Благодатта Христова.
Молитвата и постот ги протеруваат гревовните помисли, го спречуваат распалувањето на мозокот, го чуваат умот, го собираат од расејаност и го просветлуваат. Молитвата и постот ги бркаат нечистите духови и ги исцелуваат оние што се обземени од демоните, како што рекол Господ: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост“.
























