Поуки на свети Антониј Велики-1 (30.01.2022)
Пред сѐ, треба да знаеме дека демоните не се создадени во таква состојба, поради која се нарекуваат демони, зашто Бог не создал ништо лошо. И тие биле создадени добри, но паднале од небесното мудрување и сега се вртат околу земјата. Тие ги измамиле Елините со привиденија, а нас христијаните ни завидуваат и прават сѐ што можат за да ни попречуваат да се издигнуваме на небото; за да не се издигнеме ние таму,


На тој начин се здобиваат со бесценетиот Бисер, и не се занимаваат со суетноста на лажниот живот, бидејќи порано или подоцна сè ќе стане прав и ќе остане несреќна душата на оние што според световните мерила се успешни. Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно. Амин.
Непријателот, пак, гледајќи дека душата не е во Бога, ја колеба и слободно става во умот што сака. И ја гони душата од едни помисли кон други, и така душата целиот ден го поминува во неред, и не може чисто да Го созерцува Господа.
За време на земниот живот, луѓето бараат се друго, освен Христа Дарителот на животот. Затоа немаат духовен живот и им се предадени на страстите, односно на: неверието, маловерието, користољубивоста, зависта, омразата, честољубивоста, задоволството од јадење и пиење... Дури кон крајот на животот, само тогаш го бараат Христа во Причеста,
Сиромасите се силни обвинители и одлични заштитници – заштитуваат и обвинуваат не со зборови, туку со својот изглед пред небесниот Судија, зашто направеното за нив вика кон Срцеводецот поразбрано од секој гласен. Страшниот Суд ни е опишан заради сиромасите. Таму јас го гледам Синот Човечки на висок престол, опкружен од Ангели.
Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се престорат во добри механизми. Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи,
Поздравувајќи се така ние тврдиме и еден на друг сведочиме, дека дојде во светот Оној Кој требаше да дојде заради спасение на родот човечки,
Така и во наши дни, кога гледаме како многумина се одрекуваат... токму оние кои не само што ги поучуваа другите, но и ги поучуваа своите срца да го набљудуваат она на што ги учи устата, кои не беа само столб што го покажува патот, туку и самите чекореа по него, водејќи ги и другите, пред нас се поставува прашањето - што е за нас Свети Никола и како го почитуваме неговиот свет спомен? Ако тој е небесниот епископ на кого му се
Но пак се обновивме со милосрдието на Човекољубецот Бог и на првиот рајски пат имаме многу наставници кои можат да нè воведат во првобитниот рај: покајанието, солзите и воздишките. Зашто покајанието е незаоден светилник на душата; преку него разбојникот, откако се просветли на крстот, во рајот се всели; преку него и блудницата, откако си го озари умот и го прими изворот на солзи, миејќи
·Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“.
Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина. 

Адам бил создаден чист за да Му служи на Бога, а сите созданија биле дадени за нему да му служат, зашто бил поставен за господар и за цар над сѐ што создал Господ. Но штом се доближил до него лукавиот демон и поразговарал со него (Адам во почетокот го примил само со својот надворешен слух), тој веднаш навлегол и во неговото срце и го опфатил целото негово битие.
Чедата на овој свет може да се споредат со пченицата, која истурена во решетото се просејува помеѓу светските непостојани помисли. Тие се налик на непрестајното бранување на земните нешта и желби, и на многу испреплетени овосветски поими.
Речиси сите ние ги сметаме своите помисли за едноставни и природни и затоа спонтано се потпираме на нив. Напротив, не би требало да имаме доверба во нив, ниту да ги прифаќаме. Во својот ум или срце не би требало да имаме дури ниедна помисла, ниту добра, ниту лоша, бидејќи тоа место во нас и припаѓа на Божествената благодат. Наша обврска е да го зачуваме чисто, не само од помисли, туку и од најблагото и најнедофатливото колебање на духот.
Наспроти нашата немоќ, гревовност и ништожност, стојат бесконечната благост и семоќното Божјо милосрдие. Бог ни дал да се бориме против мрзливоста со нешто, што Он во нас веќе го има создадено. Ако умееме да ја победиме мрзливоста и ако неуморно се трудиме за да ги здобиеме овоземните добра и привилегии, зошто не би можеле да се поттикнеме себеси и на подвизи заради Царството Небесно?
За мене е подобра видливата убавина од убавината изразена во зборови. Претпочитам богатство што го имам во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост која не сјае на зборови, туку се сведочи на дела, зашто е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите кои според неа постапуваат“ (Псал. 110, 10), а не кои само ја проповедаат.
























