логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Поуки на свети Антониј Велики

8.  Да се бориме со себе си, за да не тиранствува над нас гневот и да не владеат над нас грешните желби. Зашто е напишаноː „Човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда... похотта откако ќе се зачне раѓа грев, а гревот извршен, раѓа смрт“ (Јак. 1, 20, 15). Да не ни биде познат таквиот живот, секогаш да бидеме трезвени и како што е напишаноː „Од сѐ, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое зашто од него се изворите на животот“ (Изрек. 4, 23). Зашто имаме страшни и многу лукави непријатели – лошите демони.


9.  Нашата борба е токму со нив, како што рекол светиот апостолː „Нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефес. 6, 12). Нивна голема толпа нѐ окружува во воздухот. Тие не се далеку од нас. И меѓу нив постои голема разлика. Но да се зборува за нивната природа и за нивните меѓусебни разлики – значи да се зборува опширно, да зборуваат за ова – повеќе им прилега на оние што се над нас, отколку нам. А ние сега имаме неодложна и неопходна потреба да дознаеме колку се многубројни и големи нивните искушенија против нас.



10.  Пред сѐ, треба да знаеме дека демоните не се создадени во таква состојба, поради која се нарекуваат демони, зашто Бог не создал ништо лошо. И тие биле создадени добри, но паднале од небесното мудрување и сега се вртат околу земјата. Тие ги измамиле Елините со привиденија, а нас христијаните ни завидуваат и прават сѐ што можат за да ни попречуваат да се издигнуваме на небото; за да не се издигнеме ние таму, од каде тие паднале. Затоа е потребно многу да се молиме и да се подвизуваме, за да примиме дар од Светиот Дух“ да ги разликуваме духовите“ (1. Кор. 12, 10), да можеме да знаеме кои од нив се помалку лоши, а кои се полоши и кој од нив со која и со каква работа е задолжен и како секого од нив можеме да го победиме и да го прогониме. Зашто кај нив има многу начини за искушување и многу голема итрина и лукавство. Блажениот апостол и неговите последователи го знаеле ова, велејќиː „За да не земе сатаната предимство над насː бидејќи неговите замисли ни се извесни“ (2. Кор. 2, 11). А ние што сме биле во нешто искушувани од нив, должни сме взаемно да се предупредуваме – да си помагаме. Па, ете, и јас, кој делумно сум ги доживеал нивните итрини, ви говорам за нив како на свои деца.



11.  Тие, штом ќе забележат некој христијанин, а особено монах, како се труди и напредува во духовниот живот, веднаш се обидуваат да го нападнат на неговиот пат преку соблазни со лоши помисли. Но, не треба да се плашиме од овие напади, бидејќи молитвите, постот и верата во Господа веднаш ги прогонуваат нашите духовни непријатели. Меѓутоа, иако победени, тие не мируваат, туку веднаш настапуваат со други искушенија и итрини. Кога не можат да го измамат срцето со нечисти желби, тогаш напаѓаат на друг начинː се обидуваат да нѐ плашат со разни привиденија – се преправаат во вид на жени, ѕверови, лазачи, џинови и многубројна војска. Но и од овие привиденија не треба да се плашиме, зашто и тие се ништоː штом се оградиме со вера и со крсниот знак – тие веднаш бегаат. – Впрочем, тие се дрски и крајно бесрамни. Бидејќи, ако и тогаш бидат победени, тие одново нѐ напаѓаат на друг начинː се преправаат како пророци и претскажуваат што ќе се случи по неколку дена. На тој начин сакаат да ја покажат својата големина, па, ако некого не можеле да го измамат со помисли, се трудат да го уловат на овој начин. Но ние не треба да ги слушаме демоните, кои се наши непријатели; не треба да ги слушаме дури и тогаш кога нѐ поттикнуваат да се молиме и да постиме, туку нашето внимание треба да биде свртено кон целта на нашето подвижништво. Тогаш нема да бидеме измамени од нив, кои прават сѐ со итрина и лукавост. Од нив воопшто не треба да се плашиме, без оглед на тоа како и да нѐ напаѓаат, дури ни тогаш кога ни се закануваат дека ќе нѐ умртват, зашто се немоќни – тие само нѐ заплашуваат и ништо повеќе не можат да ни направат.


Свeти преподобен Антониј Велики. Фреска во црквата Свети  Спас во Кучевиште, Македонија. XIV век.


Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ- Том I

 

30-ти јануари 2018 лето Господово

 

 Подготви: Светланка Трајчева

 Друго:

 Тропар на светиот
Антониј Велики
17 јануари / 30 јануари

 глас 4
 Ревноста Илиина во својата
природа ја вгнезди,
правите патишта на Крстителот ги следеше,
оче Антоние, на пустината
бивајќи жител,
вселената ја утврди со твоите молитви.
Затоа, моли го Христа Бога
да ги спаси нашите души.



Извор МПЦ – ОА

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2775
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1953
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…