логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Се воодушевувам од големината и животворноста на Божествсните Тајни: една сосема изнемоштена старица, која кашлаше крв и ништо не јадеше, по причестувањето со Светите Тајни (со кои јас ја причестив), истиот ден почна да се опоравува, А пак, една девојка, која ништо ни јадеше, ни пиеше и која беше во бессознание, просто речено на умирање, по причестувањето со Светите Тајни уште истиот ден почна да се опоравува; почна да јаде, да пие и да зборува. Слава на Твоите Животворни и страшни Тајни, Господи!

Учесници на Божествените Тајни, познајте колку многу Му се приближувате на Господа, ако достојно се причестувате!

Каква слобода пред Господа и пред Богородица добивате!

Каква чистота, каква кроткост, смирение и незлобнвост тогаш имате!

Колку непристрасни кон земното станувате!

Каква ревносна желба за небесните, најчисти и вечни наслади!


За време на земниот живот, луѓето бараат се друго, освен Христа Дарителот на животот. Затоа немаат духовен живот и им се предадени на страстите, односно на: неверието, маловерието, користољубивоста, зависта, омразата, честољубивоста, задоволството од јадење и пиење... Дури кон крајот на животот, само тогаш го бараат Христа во Причеста, и тоа поради очигледната потреба, но и поради обичајот, бидејќи и другите така прават. О, Христе Боже, Воскресение и Животу наш! Колку суетни и ослепени сме станале! А, како ли ќе ни беше ако те баравме и ако те имавме во срцата наши?

Не може со зборови да се искаже блаженството, кое го имаат оние кои те имаат Тебе во своите срца. За нив Ти си здрава храна и непресушен извор за вода; светла облека, сонце, „мир Божји, што надвишува секој ум “ (Фил. 4, 7) и неопислива веселба си Ти!

Со Тебе се што е земно е прав и гнилеж.

Свети Јован Кронштадски.➕

 

Избор од фб на Snezana Todorova



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2875
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2683
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…