логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

SV.Isak.Sirin1

Не треба пред време да бараме многу, за дарот Божји да не пропадне заради брзината на неговото примање.
Сѐ што се постигнува лесно, бргу и се губи; сѐ што е добиено со страдание на срцето пак, грижливо се чува.
- Ние треба срцето да го втемелиме на делата на покајанието и живот угоден на Бога. Ако храмот на срцето не биде извалкан, туку чист, тогаш даровите Господови доаѓаат сами по себе.


Значи Црквата Божја го отфрлила намерното трагање по возвишени Божји дарови. Оние кои го прават тоа, ќе се возгордеат и ќе паднат, бидејќи тоа не е знак на нечија љубов кон Бог, туку болест на душата.
И како да трагаме по возвишени Божји дарови, кога божествениот Павле се фали со страдања, а за најголем Божји дар го смета учеството во Христовите страдања!
- Ако Му се молиш на Бога за нешто, а Тој се двоуми да те услиша, не тагувај заради тоа: ти не си попаметен од Бог. Така се случува по најмудра Божја промисла, која е несфатлива за човековиот разум.
- Смиреномудрениот, кога застанува на молитва и кога е удостоен со неа, не се осмелува да побара нешто од Бог.
Тој не знае за што би се молел,
туку со своите помисли молчи и ја очекува само милоста и волјата, која за него ја изрекува Величеството на Кое му се поклонува.
Неговото лице е свртено кон земјата, а внатрешниот поглед на срцето е вознесен кон славните двери во Светињата над Светињите.
- Кога Му се поклонуваш на Бога на молитва, во мислите свои биди како мравка,
како инсект, како црвче,
како дете кое пелтечи.
Не зборувај пред Него нешто мудро; со детски начин на размислување приближувај Му се на Бог

~ Свети Исаак Сирин ✨💗

За Преминпортал

Снежана Корнет

Декември 2021 лето Господово

 

Друго:

Поуки од Свети Исак Сирин

    

„Нека ве гонат, но вие не гонете ги другите. Нека ве распнуваат, но вие не распнувајте ги другите. Нека ве навредуваат, но вие не навредувајте ги другите. Нека ве клеветат, но вие не клеветете ги другите… Радувајте се со оние кои се радуваат, и плачете со оние кои плачат. Тоа е знакот на чистотата. Страдајте со болните. Тагувајте со грешните. Воскликнете со оние кои се каат. И секому бидете пријатели. Но, во духот останете осамени… Раширете ја вашата плаштаница над секој кој паѓа во грев и заштитете го. И доколку не можете да ја превземете неговата вина на себе, и да ја прифатите неговата казна место него, не убивајте ја неговата личност.“

†††

Кога во човековиот ум пламти сеќавањето на Бога, тогаш и срцето негово се разгорува со огнот на љубовта Божја, а неговите очи постануваат вруток на обилен плач. Човекот кој се наоѓа во ваква состојба никогаш не е без солзи, оти тоа што го тера постојано да се сеќава на Бога секогаш врие во него. Таквиот човек разговара со Бога дури и кога спие. Зошто љубовта потребува сé да биде вака. Тоа е совршенството кое започнува уште во овој живот. Оној кој ја стекнал љубовта, Го вкусува Христос секој ден и секој час, со што постанува бесмртен. Љубовта е многу послатка од животот. Оној кој се здобил со љубовта се облекува во самиот Бог.

Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/pouki-sv-isak-sirin/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3798
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…