Свети Силуан Атонски: За љубовта Божја !
Многу богати и цареви не Го спознале Господа, а ние бедните монаси и пастири Го познавме Господа со Духот Свет. За да се спознае Господ не е потребно ниу богатство, ниту ученост, а потребно е само да се биде послушен и воздржан, смирен дух да се има и ближните свои да се сакаат.


Оние што не сметаат дека се должни да ги извршуваат сите Христови заповеди, тие Божјиот закон го читаат телесно; „не разбираат ни што зборуваат, ниту што утврдуваат“ (1. Тим. 1,7). Затоа, мислат да го извршат со дела.
Постојат три различни лаги. Постои лажливец во мислите, постои лажливец во зборовите и постои таков што лаже со самиот свој живот. Лаже во мислите оној што прима предрасуди за другите. Тој гледа дека некој разговара со својот брат и почнува да претпоставува, говорејќи: „Тој зборува за мене“. И ако го прекинат разговорот, повторно се сомнева дека разговорот го прекинале заради него.
А, доколку тој од една страна владее со луѓето, а од друга страна му робува на страстите, јас за него би рекол дека тој од сите луѓе е најголемиот роб. И е налик на оној кој длабоко во своето тело има скриено воспаление, но на површината на телото ништо не се покажува – а лекарот секако потврдил дека воспаление има, без разлика што обичните луѓе тоа не го забележуваат.
Еден монах го прашал свети Антониј:
Во деновите на царот Ирод дојде глас во пустината до Јован, синот на Захарија, и тој дојде на другата страна од реката Јордан, проповедајќи покајно крштение за проштавање на гревовите[1]. Во тие, пак, денови се умножи и бесот на Ирод, кој ја зеде жената на својот брат Филип. И Јован му рече: „Отпушти ја, зашто не е добро да ја земеш жената на својот брат“[2]. Не можејќи од злоба да го поднесе своето изобличување, го фати и го фрли во затвор.
Сега, кога влегува царот со својата придружба во некој град, секој од нас, бидејќи е свесен за својата нискост, не чувствува толку задоволство од таа глетка, колку што го обзема тага, од причина што не се наоѓа близу до него и што ни малку не може да соучествува во велелепноста
Ако кога си во подвиг ѝ се противставуваш на непријателската сила, па видиш дека таа се повлекла пред тебе во изнемоштеност и бега назад, твоето срце да не се радува на тоа, зашто зад тоа се крие лош план против тебе; тие тогаш подготвуваат нов напад против тебе – поопасен од првиот. Тие оставаат заседа зад тебе, на која ѝ наредиле да демне.
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе.
Кој сака да Му пристапи на Господа, да се удостои со вечниот живот, да стане живеалиште Христово, да се исполни со Светиот Дух, да дојде во состојба да ги принесува плодовите на Духот, чисто и беспрекорно да ги исполнува заповедите Христови – треба да почне со тоа што цврсто ќе поверува во Господа, наполно ќе им се предаде на заповедите Негови, во сè ќе се
Како да правиме разлика меѓу немоќта на телото, која доаѓа како последица од воздржувањето, односно вистинската телесна немоќ од онаа, со која нѐ напаѓа демонот? И како треба да ја јадеме нашата храна? Ако телото ја прима својата секојдневна храна, според обичната мерка на воздржувањето и пак се чувствува раслабено, тогаш чувството на раслабеност доаѓа од демоните, а напротив, ако раслабеноста е последица од зголемената мерка
Знаеш ли, чедо мое, зошто се затвораат облаците тогаш, кога полињата се жедни за дожд, а се отвораат тогаш, кога полињата не сакаат дожд?
Времето бара од нас, особено денеска, да се уподобуваме на светиите и да сведочиме не само со зборови, туку и со дела. Ние се уподобуваме на нив кога Го исповедаме Оној Кој претрпе смрт; кога веќе не живееме за себе, туку кога Христос живее во нас, кога со сета своја сила се трудиме на Господа да Му возвратиме за Неговите добрини.
Многумина од нашиот род се облечени во облеката на побожноста, тие станале монаси. Но, од нив, само некои го направиле тоа со сето свое срце и се удостоиле да го стекнат избавувањето што ни беше донесено, со доаѓањето на Господ Исус Христос. Тие се оние, заради кои се радувам. Другите, пак, откако ја презреа силата на својот завет, постапуваат според волјата на плотта
Зошто го мразиме оној кому ѓаволот му се потсмева како и нам? Зошто, човеку, го мразиш грешникот? Бидејќи не е праведен како тебе? Каде е твојата правда, кога немаш љубов?! Зошто не заплачеш заради него, туку го гониш? Некои, кои за себе мислат дека здраво судат за делата на грешниците, се гневат заради тоа на нив, а така постапуваат од незнаење.
Во човекот се одигрува најинтересниот и најдраматичниот натпревар помеѓу невидливото и видливото.
Вистински се зборовите на Господа. Во духовниот живот напредуваат само оние, кои според Господовата заповед, потполно се откажале од себе си, ги намразиле сите телесни желби, врски, разоноди, задоволства и уживања, и пред своите духовни очи Го имаат само Единиот Господ и сакаат да ги извршуваат Неговите заповеди.
На самиот крај на споредниот пат за Александрија имаше работилница. Стар чевлар со обичен изглед, едноставен и не многу зборлест, држеше во рацете чевел и внимателно го крпеше. 
























