логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Беседа за зборовите кои се произнесуваат во молитвата
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме„

 

Не е наше да зборуваме за тоа колкава е силата на оваа молитва, што сé им дарува на оние кои ја употребуваат и во какви личности ги изградува.

 

Значи, божествените зборови на оваа молитва ги изнесуваат во почетокот свештените Отци наши (Макариј, Дијадох, Варсануфиј ...), но, не ги смислија сами од себе, ниту по свој ум, туку одозгора зедоа за себе почеток, односно од самото Божествено Писмо и од тројцата врховни апостоли Христови. Подобро кажано, ги примија и ни ги предадоа нам, како некое наследство кое им слезе одозгора – од Отецот Небесен. Оние коишто не можат од искуството да научат, од овој текст ќе им биде јасна и очигледна божественоста на таа свештена молитва, како и тоа дека почива на пророштва. Ние, имено, веруваме дека Христос преку божествени пророштва и духовни откровенија и гласови Божји им даде што да напишат и да кажат.

Еве веднаш пребожествениот Павле, како од трето небо да ни довикува: „Никој не може да каже дека Исус Христос е Господ, освен преку Духот Свети“. (1.Кор 12,3) Со тоа тој навистина на чудесен начин, со помош на одречни (апофатички) зборови, укажува на тоа дека призивањето на Господа Исуса е возвишено нешто кое ги надминува можностите на многу луѓе. А славниот Јован, кој грмеше проповедајќи духовни работи, завршните зборови Павлови, ги зеде за почеток на своите зборови, и вака некако го надоврзува продолжувањето на молитвата: „Секој дух кој што признава дека Исус Христос дојде во тело, од Бога е.“ (1. Јн. 4,2) Он овде се послужи со потврдни (катафатички) изрази, но заедно со Павле, призивањето и исповедањето на Господа Исуса Христа го одреди како дело на духовната благодат. И најпосле, нека дојде пред нас, највозвишениот и највеликиот меѓу богословите - Петар, и нека ни го даде остатокот од молитвата. Бидејќи, кога Господ ги праша Своите ученици: „А вие за кого Ме мислите? – овој огнен ученик по својот обичај ги надвјаса останатите и рече: Ти си Христос, Син на Бога Живиот.“ (Мат. 16, 17) Ова како што посведочи Спасителот му било откриено одозгора – од Отецот, или од Духот Свети.

Погледни ги свештените ученици во каков круг се надоврзуваат еден на друг, преземајќи ги овие божествени зборови, бидејќи еден вели: Господ Исус, втор – Исус Христос, а трет: Христос, Син Божји. Овде како што рековме, крајот е споен со почетокот, како во круг, бидејќи дали ќе се каже „Господ“, или „Син Божји“ – нема никаква разлика, зашто и едниот и другиот израз укажуваат на Божеството на Единородниот и ни ја предочуваат нам истата природа и еднаквото почитување Негово со Отецот „Господи Исусе Христе, Сине Божји“.

Така значи, блажените апостоли ни предадоа да Го повикуваме и во Духот Свети да Го исповедаме Господ Исус Христос, Синот Божји. И тоа ни го предадоа тие тројца, најавторитетните меѓу апостолите, имајќи го по божествената заповед секој збор потврден од двајца или тројца сведоци.

Дури ни редоследот на овие тројца не е без значење. Таинственото предание за молитвата започнува, имено, од временски последниот апостол, Павле, па преку средниот Јован, доаѓа до првиот Петар, кој најповеќе од сите се приближи до Исуса, и тоа од крајна љубов према Него. Мислам дека тоа е символ на нашето собрано и рамномерно духовно напредување и восходење, како и од нашето соединување со Бога во љубов – и со помош на делателноста и созерцанието, ако земеме дека Павле е слика на делателноста („Повеќе од сите нив се потрудив“ 1. Кор. 15,10), Јован слика на созерцанието (бидејќи во Јовановото Евангелие и Откровението се издигна до највисоките висини на созерцанието), а Петар слика на љубовта, бидејќи за него посведочено е дека љуби повеќе од другите. (Јн. 21, 16)

И не само тоа, божествените зборови на оваа молитва како што може да се види, покажуваат и на нашите божествени догмати, и ја одбиваат секоја ерес на зловерните. Бидејќи,

Со зборот „Господи“ означена е божествената природа, со што се одбиваат оние кои мислат дека Исус е само човек;
Со зборот „Исусе“ се обележува човековата природа, со што се отфрлаат оние кои за Него мислат дека е само Бог, Кој што привидно се покажа како човек;
зборот „Христе“ ги опфаќа во себе двете Негови природи, и така се замолкнуваат оние кои Го признаваат за Бог и човек, но сметаат дека Неговата Божествена и Човечка ипостас се одвоени една од друга;
а зборовите „Сине Божји“, со кои за Неговата Божествена природа се тврди дека е и по соединувањето со човечката неслиена, им се затвараат устите на оние кои се осудуваат да внесат меѓусебно мешање и сливање на двете природи во Христа.


 

Значи, овие четири зборови, како зборови Божји и мечеви духовни ги сосечуваат двата пара ереси, кои се меѓусебно спротиставени, но подеднакво опасни и безбожни.

Така ни се предадени овие божествени зборови кои со право може да се наречат „столбови на Православието“ и воедно „столбови на молитвата“. Оние коишто напреднаа во растењето во Христа и со усовршија со духот, се задоволуваат со споменативе зборови, без додавање на ништо друго. Тие духовни луѓе како извршување на целокупното молитвено делување  ги прифаќаат и усвојуваат секој од овие божествени пророштва, како што ги изложија апостолите – имено, „Господи Исусе“ „Исусе Христе“, „Христе, Сине Божји“, а понекогаш и само преслаткото ословување со името „Исусе“ – и преку тоа се исполнуваат со неопислива духовна радост, исходејќи вон телото, оддалечувајќи се од овој свет и удостојувајќи се со Божествени дарови. Ова е познато на оние кои се посветени во молитвата.

Нам пак, коишто сме новороденчиња во Христа и несовршени во добродетелите, ни е предаден соодветен додаток. Тоа се зборовите „помилувај ме“. Тој додаток нѐ прави свесни за својата мера, како и фактот дека ни е потребно уште многу милост од Бога, бидејќи во оваа молитва како да го поддржуваме оној Евангелски слепец, кој жеднеејќи да прогледа, повикуваше кон Господа кога поминуваше: „Исусе, помилуј ме.“ (Мк. 10,47)

Сакајќи да внесат повеќе љубов, некои оваа молитва ја изговараат во множина, па велат вака: „Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нѐ.“ Бидејќи тие знаат дека љубовта е исполнување на законот и пророците, зашто во себе ја содржи и ја довршува секоја заповед и секое духовно дело; а бидејќи и други браќа со љубов ја воведуваат во заедницата молитвата, таквите уште повеќе ја повикуваат милоста Божја – заеднички ословувајќи Го Бога и барајќи заедничка милост од Него. Поинаку кажано: Божјата милост слегува над нас преку правата вера и исполнувањето на заповедите Божји, а се покажа дека краткиот стих од оваа молитва го содржи и едното и другото.

А што се однесува пак до Божествените имиња, преку коишто ја согледавме точноста на догмата, набљудувачот ќе се увери дека тие во оваа молитва и временски и по логичен распоред се наредени така, да ги изговараме онака како што од почетокот се појавиле.

Под името „Господ“ Стариот Завет секаде Го проповеда Бога Логосот, и пред и после давањето на Законот, како на пример: „Господ изли оган од Господа“ (Пост.19,24), „и Му рече Господ на мојот Господ“ (Пс.109,1)
А Новиот Завет опишувајќи го Неговото Воплотување го воведува ангелот кој по зборовите на божествениот Лука Му одредува име и зборува со Дева: „и ќе Го наречеш со името Исус“(Лк.1,31), како што и беше наречен. Бидејќи Он како Бог и Господ на сѐ, сакаше со Својот домострој во човековото тело да постане и Спасител, што во превод значи името Исус.
Он на учениците им забрануваше пред страдањето на никој да не го соопштуваат Неговото име „Христос“, коешто означува обожување на примената човекова природа; а после страдањето и воскресението Петар смело рече: „Нека знае со сигурност сиот дом Израилев, дека Оној Исус, кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“ (Дела. 2, 36). И со право Петар така зборуваше. Бидејќи нашата природа примена од старна на Бога Логосот, одма беше помазана со Божественоста Која што ја прими. *( Христос значи Помазаник) А равнобожна и собожна со Бога Кој што ја помаза, постана дури после прославувањето на Исус со страдањата и воскресението од мртвите. Значи, времето за да се почне со ословување со името „Христос“, настапи дури тогаш кога Он не само што се јави – правејќи ни добро така што во почетокот нѐ создаде, и потоа сотрени нѐ пресоздаде и спаси – но и природата наша ја вознесе на Небесата, ја сопрослави со Себе и ја удостои со седење покрај Бога Отецот.
Дури тогаш, апостолите ќе почнат да Го објавуваат како „Син Божји“ и Бог. Претходно, на почетокот на Својата проповед, тие ја почитуваа Неговата забрана и ретко така Го ословуваа. Подоцна јавно Го проповедаа, како што Он, Спасителот, Сам им прорече.
Према тоа, Божествените зборови на оваа молитва се подредени по логички редослед и со постепено временско откривање на верата, такашто во сѐ и од сѐ јасно и очигледно се изразува богомудроста на нејзините составувачи: од верноста на апостолското исповедање и предание, како и фактот дека оваа молитва ги пројавува нашите благочестиви догмати, и нѐ потсетува на времето во кое Бог на различни начини нас нѐ опфати со добрата на Својата Божествена икономија, водејќи нѐ со зборови соодветни кон богопочитување.

Ние, ете, колку што можевме кажавме за оваа молитва и како да набравме цвекиња од некое убаво и големо дрво, а плодот кој е сокриен во нејзините зборови нека го собираат други – оние на кои тоа им го овозможила долготрајната вежба и подвиг, и кои постанаа способни да ја преминат духовната граница и да се приближат на Бога.



Aleksandar.N.sv.Haralampij
Превод: Сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/tumacenje-na-isusovata-molitva-sveti-marko-evgenik-efeski/

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1919
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1719
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…