логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Bogorodica.Hristos.fb

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ:

СЛАВОЉУБИЕТО

Нема страст, што не е штетна за човечката душа. Како што бурните ветрови го напаѓаат тивкото море, го разматуваат до дно, така и различните страсти, откако ќе се втурнат во душата, разматуваат сè во неа и ја парализираат нејзината мисловна способност: тоа особено се однесува за страста славољубие. Да презреш богатство и блага – не е нешто тешко: меѓутоа, да ја презреш честа од луѓето и славата на земјата – потребни се многу усилби, голема мудрост, високо благочестие, ангелска душа! Зашто нема, навистина нема друга страст толку силна и насекаде полна со власт, макар и во различни степени, како страста за овоземска слава. На кој начин можеме да го победиме тоа зло – ако не наполно, барем делумно? Можеме само ако ги обратиме очите кон небото, ако Го имаме Бога во срцето свое, ако ги поставиме своите мисли повисоко од сето земно. Кога ќе посакаш каква било слава – претстави си, дека си ја добил; размисли за маките и последиците од неа – ти нема да откриеш ништо мудро во тоа; помисли си колку зла причинува и од какви блага лишува; на каков труд и опасности се подметнуваш, а какви се плодовите и наградата од сето ова?! Суета и погибел. Спомни си, дека мнозина од луѓето на земјата се лоши, и откажи се од нивната слава; размисли за секој од нив, каков е и ќе видиш, дека славата му е достојна за смеа; ќе дознаеш, дека таа повеќе е срам, отколку чест; и тогаш исправи го погледот кон небото и вознеси го своето срце над земното!

За нас подобро е да ги одбегнуваме почестите – и дури кога ни се нудат, да ги отфрламе. Да ја оддалечуваме од себеси суетата – да ја искоренуваме од срцето таквата состојба. Тоа го велам подеднакво и за началници, и за потчинети, зашто душа што жеднее за чест и слава, нема да го види Царството небесно! Тоа не се мои зборови – ниту, пак, од себеси зборувам, ами од Духот Свет. Такви луѓе нема да станат членови на Царството небесно, макар и да се искусни во други добродетели: зашто тие веќе си ја добиле својата награда (Мат. 6, 5). Јас не забранувам да се бара слава – но слава вистинска, внатрешна, духовна, која произлегува од Бога, како што вели Апостолот: „Него ќе го пофалуваат не луѓето, а Бог“ (Рим. 2, 29). Да бидеме благочестиви во тајност, да не се облекуваме во гордост и лицемерие, да не сме волци во овчи кожи – да бидеме вистински овци. Нема ништо поништожно од човечката слава. Во театарот и циркусот играчите се служат со различни маски – колку тие се убави, колку благообразни, како се доведени до степен на совршена убавина! Меѓутоа, можеш ли, да ми покажеш такви лица во стварноста? Не. Зошто? Зашто тоа е пуста маска и гнило искуство! Тоа е поткрепа на убавината, но во стварноста не е убавина. Може ли тогаш да се предизвика во тебе љубов кон маските? Така пуста е и човечката слава – таа само ја поткрепува славата, но во суштина не е слава! Постојана и надежна е само една слава – единствената и внатрешната, а другата, надворешната – таа е често и прикривање само од луѓето и тоа само за кусо време; кога ќе заврши претставата, маските се симнуваат и секој се појавува во тоа што е: така ќе биде и со сите луѓе на судниот ден! Ве убедувам, да се ослободиме од ропството за слава, која на земјата не донесува слава и н# лишува од Царството небесно – туку, да бараме слава не земна и не од луѓе, туку духовна слава, преку добродетели од Бога.

 

Избор од фб профил на

Vasil Pop Petreski

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…