И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Дедо Наум: Преку православниот духовен живот срцето го чистиме од неговите страсти...

Ако не го очистиме срцето од своите страсти, тогаш нашето срце станува како домовите витлеемски во кои Христос не можел да најде место, т.е. Богородица не можела да најде место да Го роди Христос, така што морал да се роди во некоја пештера, во некои јасли надвор од домовите на витлеемските жители.
И таа пештера го симболизира кое било друго место освен нашето срце.


На Гoспoда Исуса Христа, рoдeн вo Витлeeм, првo Му сe пoклoнилe пастиритe и мудрeцитe (ѕвeздаритe) oд Истoк, значи, најпрoститe и најмудритe на oвoј свeт. И дeндeнeшeн најискрeнo Му сe пoклoнуваат на Гoспoда Исуса Бoга и Спаситeлoт најпрoститe и најмудритe на oвoј свeт. Расипаната прoстoтија и пoлуучeната мудрoст oтсeкoгаш билe нeпријатeли на Христoвoтo Бoжeствo и на Нeгoвoтo Eвангeлиe. Нo кoи билe oвиe мудрeци oд Истoк?
Исус секогаш ве љубел, а вие сега имате можност да изберете дали ќе одговорите на Неговиот повик. Одговарајќи, вие ја прифаќате жрепката да одите и принесете плод, кој ќе се зачува; да бидете пророци на Христос во светот, во кој живеете; да го љубите својот ближен како самите себеси и сите луѓе да ги направите свои пријатели. Со секој чекор да ја објавувате единствената и безгранична љубов,
Луѓето од сиот свет се трудат да бидат добри еден кон друг. Се трудат да си разменат еден кон друг пријатни подароци, вкусно да се нагостат, да си кажат најубави зборови исполнети со љубов и грижа. Луѓето си посакуваат меѓусебно среќа и се надеваат на чудо токму во Новата Година. Нашите срца сепак чувствуваат нешто повеќе во тој празник.
Несомнено дека може; и уште повеќе се може: со верата и самиот Бог може да се поттикне на милосрдие кон нас грешните. Во омиритскиот град Афар повеќето од жителите биле Евреи. Св. Григориј се трудел да ги преведе во христијанството. Тогаш Евреите му предложиле на св. Григориј и на царот Аврамиј расправа за верата, со тоа што, ако тие бидат победени со непобитни докази, сите Ќе преминат во Христовата вера. Неколку дена траела таа расправа во присуство на неколку илјади луѓе, Евреи и христијани.
„Додека бев искушеник, имав сликарски дар. Во сликањето икони ме обучи еден монах Нил од манастирот Секу. Откако го извежбав цртањето и сликањето со акварели, почнав со мрсни бои. Понекогаш игуменот доаѓаше во мојата ќелија, ме набљудуваше како сликам и тоа му се допаѓаше. Но, мене почнаа да ме искушуваат парите, бидејќи самиот си купував бои и сè што е потребно за
✣✤✣
„ На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господ,
„Затоа, многу е важно за сите вас што живеете во брак да се одрекувате од својата сопствена волја и да ја претпочитате волјата на другиот кога ќе има препирка, а препирките најчесто се за безначајни работи, знаете и самите. Откажи се од својата волја, нека биде волјата на другиот, сеедно дали на жената или на мажот (секогаш се смирува подуховниот и оној што љуби повеќе).
Како што минуваше времето сѐ повеќе и повеќе клевети беа напишани против Старецот Ефрем Филотејски и против манастирите што тој ги основа во Америка. Не знаеме што имало во мислите и срцата на оние што пишуваа осуди против овој голем Старец и неговото дело, но неговиот завет и натаму продолжува да се одржува преку благодатта на Светиот Дух. Да не гледаме ништо освен благословот што ни беше даден на сите нас преку него.
Каква треба да биде нашата работа во Рајот? Што правеле Адам и Ева? Како што вели Писмото, Господ го зеде човекот и го стави во Рајската градина за да ја одгледува и чува (Битие 2,15), со други зборови да ги заштитува и одгледува растенијата таму. Тие растенија беа како облека на Божествена убавина, творејќи еден природен свет, еден природен израз на Божјата величественост и светост. Природниот свет беше одраз на Божјото величие,
Многумина од нас искуствено го осетиле тоа гаснење на духот. Човекот пребива во молитва, во неговото срце се населува малку спокој, тој ја чувствува духовната радост, но ете, се задржал со умот на една нечиста мисла – и сѐ пропаѓа. Како да се угаснала светлината во неговата душа; мрак, пустош и студ ја исполнуваат. Човечкиот дух е нежен како цветче. Од грубиот допир со страста тој се повелкува во себе, како што цветчето ги собира своите ливчиња, и само после покајание духот оживува.
Духовниот отец е човек чие присуство е со манифестација на моќ не кон луѓето, туку кон паднатите ангели. Тој го познава патот на духовен растеж. Неговото срце е доволно „очистено од страстите“ и затоа духовно отворено, а неговиот ум со плач и со молитва пребива во така „отвореното срце“. Тоа е дело и подвиг во кој учествува целото човеково битие. Тука се случува тајната на преобразувањето. Благодатта на Светото Крштение што извира од
Колку е жално да гледаме дека на Господови празници непријателот го зема од христијаните својот данок, многу голем данок, и колку поголем е празникот, толку повисок данок плаќаат христијаните на непријателот, зашто, што гледаме за време на празниците? Полна суета, разузданост на плотта (телото), пијанство, разврат, тепачки, кражби, забава. Боже мој! Какво угодување на плотта! Какво усрдно служење на ѓаволот!
Сто илјади други молитвени зборови не можат да ги заменат овие пет зборови:
Молитвата е бесконечно творење, повозвишено од секоја друга уметност или наука. Преку молитвата ние влегуваме во општење со Беспочетното Битие.























