логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Mитрополит Наум
МАНАСТИРСКИ РАЗГОВОР ЗА МОЛИТВАТА НА СРЦЕТО

Отецот: Што мислиш, сестра Н, што е најголемиот Божји дар за тебе, на ова Рождество Христово?

Сестра Н: Најголем дар за мене е тоа што ја гледам мојата грешност.

Отецот: Да, но, колку што ти е дадено, моментално; бидејќи, како што рекол некој подвижник:
„Господ не ни дава да ја разбереме сета длабочина на нашите гревови – ниеден човек не би го издржал тоа“.
Негувај го тоа чувство на покајание, затоа што лесно се губи.

Сестра Н: Добро. Размислував овие денови и за симнувањето на Христос во адот.

Отецот:
Таа тема не е несоодветна за Рождеството, бидејќи јаслите во кои Христос е положен се прикажани на иконата како Неговиот иден гроб, а повоите со кои Христос е повиен се како повои погребни.

И, воопшто, кога Вечноста влегува во историјата, времето станува релативна категорија.
Впрочем, целиот Негов Домострој на нашето спасение е страдање до истоштение.

Почетокот веќе го покажува крајот. Во пештера роден, во пештера погребан. Синот Човечки нема каде глава да потслони (види: Лука 9, 58).

И уште нешто, иконата не нѐ повикува на понадворешнување и материјализација на нашата вера, туку на повнатрешнување и одухотворување на она што го претставува.

На пример: иконата преку пештерата во која е роден Христос, пред сѐ, нѐ повикува да го откриеме срцето како наш духовен центар, како место каде што се случува нашето лично учество во Домостројот на спасението од зачнувањето, преку раѓањето, до воскресението Христово итн.,
а не да ја извадиме пештерата од иконата и да ја материјализираме.

Иако и тоа може во специфични моменти и може многу убаво да биде, но само поради исклучиво педагошки причини (духовна грижа за децата) – додека да го сфатат вистинското и првенствено значење на иконата.

Постојат и многу други примери во Православната Црква на понадворешнување на нашата вера – општо, но за тоа другпат.

Сестра Н: Размислував за симнувањето на Христос во адот и како го извлекува Адам оттаму, држејќи го за рака.
На тој начин го гледам и моето спасение. Како Негова милост, а не како моја добродетел и заслуга.

Отецот:
Се обиде ли да го симнеш својот ум во срцето овие денови?
Сестра Н: Да.

Отецот: Симнувањето на умот во срцето, на почетокот, е како еден скок во празно.
Умот влегува во еден, за него, непознат простор, темен, нејасен, несигурен, одбоен, а има вера дека токму таму може да Го најде Царот и Царството Небесно.

Но, не веднаш Го наоѓа, и збунетиот ум и душата страдаат поради тоа. Единственото чувство што ни е потребно и кое може да ни помогне во тој подвиг е покајанието, но и тоа го нема секогаш.

Треба да се принудиме на покајание и плач, и тие не доаѓаат, конечно, сами од себе.
Треба да стоиме на молитва, да правиме метании.
Никогаш да не ја почнуваме молитвата седејќи.
Треба да стоиме на молитва обидувајќи се да го држиме умот внатре во срцето сè додека не се измориме физички.

Потоа може да седнеме и да ја продолжиме молитвата на ист начин, трудејќи се да го држиме умот внатре во срцето.

И не заборавајте: молитвата е давање, а не земање.

Сестра Н: Се молам во срцето, и овие денови чувствувам една таква топлина и болка поради која не можам понатаму да продолжам. Што да правам?

Отецот: Собери го својот ум во Христовото име, во Него Самиот, продолжи со молитвата внатре во срцето и ќе видиш дека сè ќе си дојде на место, дека болката што пречи ќе се претвори во болка што привлекува.

Не треба да обрнуваме внимание на последиците од молитвата, на топлината или болката или сладоста, тоа може да ни ја попречи молитвата и на подолг период.
Во молитвата единствено важен ни е Христос.

Сестра Х: Отец, што е тоа место на срцето, а што отворање на срцето? Дали се тоа две различни појави?

Отецот: Случувањето кога благодатта за првпат на таков начин се пројавува во срцето го нарекуваме отворање на срцето, а местото каде што благодатта Божја се пројавува се нарекува место на срцето.
Една и иста благодат, енергија Божја, го дејствува тоа случување: и отворањето на срцето и држењето на местото на срцето активно.

Сестра Х: Рождеството го доживеав како радост.
Ме погодија зборовите од твојата беседа вечерта тој ден:

„Ако кажеме дека нешто во духовниот живот не можеме, дека заповедите Христови се тешки и дека не можеме да ги исполниме, ние хулиме на саможртвата Христова“.

Отецот: Да, токму затоа Синот Божји стана Син Човечки, токму затоа Богочовекот Христос пострада, за ние да имаме сила, за да можеме, а не да не можеме.
Нам ни останува само изборот – сакаме или не сакаме.
А со тоа ни останува и одговорноста за нашата слободно изразена волја.
Потоа не можеме да се самооправдуваме за својот погрешен избор, можеме само да се покаеме.

Сестра Х: Да, отец, некаде прочитав дека самооправдувањето е продолжување на гревот на Адам во рајот:
„Жената која Ти ми ја даде, ме излажа“ (види: 1. Мој. 3, 12).

Отецот:
Да Му речеше Адам „прости“ на Господ, немаше да се случи истерувањето од рајот, но тој го избра патот на самооправдувањето, патот на суетата и самољубието, а за таков умствен пад нема место во рајот, каде што сè е вечно, и тој требаше да биде прекинат.
Подвигот на послушанието беше потребен и во рајот, а камоли овде.

Сестра Х: Прочитав кај Старец Софрониј:
„Јас не би можел во делото на љубовта да се чувствувам слободен кога да се љуби би значело само наслада.
Кога сум распнат, тогаш имам смелост на Отецот да Му кажам: ’Јас Те сакам‘ – и срцето знае дека таа љубов е вистинска и света“.

Тоа за мене значи дека нема „не можам“.
Мора да го живееме распнувањето ако сакаме да имаме љубов. Само тогаш ќе Му кажеме на Господ дека Го сакаме.

Отецот:
Дали се обиде да влезеш во своето срце, во пештерата кај што се роди Христос?
Целиот Христов живот е содржината на животот на нашето срце.
И таа благодат на учество во секој момент од Христовиот живот, која сите ја добиваме на Литургијата собрани околу нашиот епископ, но само ако учествуваме во Светите Тајни – се разбира, е истата благодат што се пројавува и во нашето срце.

Затоа тие денови се посебни. Ако ги испуштиме, треба да чекаме Богојавление, па Благовест, па Велигден итн.
Тие се специјални денови, кога можеме да добиеме молитвен пристап до срцето.

Посебно Христовите и Богородичните празници.
Посебно Воскресение и Успение. Тоа се слични празници, и едната и иста благодат на Воскресението. Христос со ништо не Ја ускратува Својата Мајка Богородица од тоа што Он го има.

А ти, сестра М, се обиде ли да го симнеш својот ум во срцето овие денови?

Сестра М: Не знам како да кажам, отец, како да се фрлив во темнината на срцето.

Отецот: Како се фрли во срцето, како твој слободен двиг или нешто те привлече?

Сестра М: Сама.

Отецот: Колку време траеше тоа?
Сестра М: Дваесет минути, чувствував топлина, се сконцентрирав. Топлина и темнина.

Отецот: Тоа беше точно во срцето или тука некаде?
Сестра М: Не ми беше сосема јасно.

Отецот: Се молеше во својата ќелија?
Сестра М: Да.

Отецот: Со која молитва?
Сестра М: ’Господи Исусе Христе, помилуј ме‘...
Како точно се чувствува тоа место на срцето, отец, како да сме сигурни дека тоа е местото?

Отецот:
Тоа со сигурност го знае само оној што го вкусил. Кога срцето доволно ќе го очистиме од страстите, благодатта сама ќе ни го покаже местото на срцето и сама ќе го привлече умот таму.
Дали се обидуваш секој ден да влезеш во срцето?

Сестра М: Да. Се сетив дека на крајот ми остана некое чувство на срцето. И сега го чувствувам.
Се молам во тоа место. Овие денови забележав дека веднаш штом почнам така да се молам, повнимателно, ми течат солзи без да се принудам на тоа.
Ти кога зборуваше за скок во празно, беше како да објаснуваш што ми се случи мене. Моли се за мене. Прости ми.

Отецот: Сестра И, ти се молиш во срцето секој ден, како што рековме?
Сестра И: Да.

Отецот: Опиши ми што точно се случува?
Сестра И:
Понекогаш е многу лесно, умот како сам да се лизнува и влегува внатре. А почесто треба на почетокот да вложам напор да се собере умот во Христос и да се спушти долу.
Како да почнува некоја борба.

Прво чувствувам една душевна болка и страдање зашто се присетувам на моите гревови, дури и на некои подзаборавени; потоа си ги гледам страстите, слабостите, некои стравови, и притоа ми доаѓа чувство на скрушеност и плач оти толку сум за никаде.

И уште повеќе умот се врзува за Христос, а потоа некако сè како да се губи, сè се смирува во мене и останувам така да стојам пред Христос, и тогаш ништо не е важно, без оглед на тоа што сум таква никаква.

И кога кажувам „Богородице Дево“, често се случува истото. А некогаш и на Литургија, на повечерие.
И сега ме опфаќа плач. Прости ми и моли се за мене.

Отецот:
Кажи ми нешто повеќе за болката што се појавува.
Сестра И: Отец, знаеш, тоа што ме прашуваш за болката... Всушност, можам да кажам дека има две болки.

Едната е физичка, и таа сега е блага, и сакам да е присутна оти го собира умот, го привлекува. Но, јас мислев повеќе на една друга болка, која не е физичка.

Се појавува кога се гледам себеси каква што сум и тогаш не можам да не плачам. Целата моја внатрешност плаче (да, со плач можам да ја поврзам таа болка), а кога има солзи, тие некогаш се тивки, а некогаш ми иде да плачам на цел глас, и после тоа низ душата ми се разлева некој мир и утеха.

Отецот: Отците нè советуваат да останеме во подвигот што ни носи плач. Духовен живот без плач и покајание е прелест.

Сестра С: Отец, а дали може во душевни состојби, какви што се зависта, повреденоста, тагата или слично, кога срцето доживува еден вид болка, да ја искористиме таа болка на срцето за да го најдеме местото на срцето?

Отецот:
Да, можеме, само со молитва на покајание.
Сè друго, како што реков, е прелест.

И не го заборавајте послушанието, деца, тоа е суштина на Богочовековиот Христов подвиг.
А нели сме според ликот Негов создадени?
Нели на Неговото совршенство сакаме да се вподобиме?
Нели не сакаме ние да живееме, туку Богочовекот Исус Христос во нас?

И не заборавајте да Ја љубите Богородица, секој дар од Бог преку Неа го добиваме.
Толку за денес.

Христос се роди!

Митрополит Струмички Наум

 

Од фб профил на

Maja Beleva

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6418
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5612
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная