И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Старец Клеопа и среброљубието
„Додека бев искушеник, имав сликарски дар. Во сликањето икони ме обучи еден монах Нил од манастирот Секу. Откако го извежбав цртањето и сликањето со акварели, почнав со мрсни бои. Понекогаш игуменот доаѓаше во мојата ќелија, ме набљудуваше како сликам и тоа му се допаѓаше. Но, мене почнаа да ме искушуваат парите, бидејќи самиот си купував бои и сè што е потребно за