логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА АВТЕНТИЧНОТО ПРАВОСЛАВНО ПРЕДАНИЕ

презвитер Горан Стојчевски



   
„...ако таа замисла или тоа дело е од луѓе, ќе се разруши, а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите, внимавајте да не станете борци против Бога„ (Дела Ап.5,38-39)
   
    Не сакам да претендирам дека ова е нешто стручно или научно во богословска смисла, ја немам таа задача, ниту таков повик, тоа ќе го кажат оние што секако тоа подобро го знаат и сведочат. Сепак сакав да напишам само неколку реда за она што особено постојано се цитира кај нас православвните, а тоа е Преданието. Соочени дека имаме два „научни„ извори на нашета христијанска вера, Свето Писмо и Свето Предание, всушност Изворот е Христос, оти нема Друго Име со кое би можеле да се спасиме (Дела 4,10-12). Првиот извор е Светото Писмо, Светото Предание, пак е исполнување на Светото Писмо, реализирање на Евангелието во нашиот живот од моментот кога ќе го кажеме нашето амин на Бога или поточно кога нашата душа е подготвена согласно зборовите на Пресветата Владичица наша, да каже, ете ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите Твои (Лк.1,38). И така, започнува и нашиот вовед, преку Богородица до одењето по Патот на нашиот влез во царството Божјо. Господ е Оној Кој прв нè возљуби(1 Јов.4,10), а ние слободно одлучуваме дали ќе ја прифатиме Неговата љубов, дали ќе одоговориме, дали ќе бидеме ехо на Словото Божјо. Така почнува нашето предавање на Бога, нашето давање исполнето со актуелизирање на благодатта Божја која почива на нас како образ Божји, а уште повеќе како свештенослужители (царски) на Благата вест од моментот на светото Крштение кога всушност постануваме деца на нашиот Отец небесен во Христа исполнети со даровите на Светиот Дух преку сиот наш живот до потполн човек-стекнувањето на благодатта Божја во полна мера (старец Јосиф) на која сме повикани во обожение. Ние христијаните не сме „обучени„ да бидеме инструменти на овој свет, ние сме подготвувани да бидеме светлина светот, солта на земјата (Мт.5,13-14) и во никој случај не смееме да бидеме пречка за спасителното дело Христово („Да пораснеме до Стариот Завет„-митрополит Наум), ние не смееме да се претвориме во како што вели свети Симеон Нов Богослов, хулители на Божјите енергии и да тврдиме дека е невозможно да бидеме учесници во стекнувањето на Светиот Дух, укажувајќи дека тоа припаѓа некаде далеку од нас или далеку во историјата. Преданието не е конзервација во книги и канони, на кое ќе му определиме историска улога на која ќе евоцираме спомени или ќе извлекуваме осуди дали некој е православен е или не. Преданието не е некаде и некогаш, туку е овде и сега, како и Црквата која низ Евхаристијата е присуство на Царството Божјо. Преданието е автентично ако има личносно живо сведоштво за присуствотото на благодатта Божја, во спротивно може да биде само историја која ќе не осудува.  Но, ќе не осуди затоа што не сме го прифатиле од носителителите на благодатта која се пројавува по мерата од растот Христов на оние во кои расте кон полнота. Такво сведоштво треба да примиме, оти сведочи за Евангелието, покајте се и поверувајте во Евангелието, вели Христос (Мр.1,15). Ако било кое предание нема основа во реализирање на Евангелието во животот, т.е. маченичкото умирање за овој свет, и воскресението во Христа, тогаш нема да има ни покајние, а без покајние нема да ни се открие ниту царството Божјо, а ќе биде уште едно наше промашување и тоа вечно.


   

Јасно ако сакаме да откриеме што е православно Предание, доволно е да ги погледнеме неделите од Великиот пост. После подготвителните недели кои се повик на покајание кое кулминира со простувањето, влегуваме во она што значи сведоштво на тоа покајание кое е потврдено со вистинската вера која ја исповедаат светите Отци во неделата на Православието, а Христос е реален и видлив во литургиското дело на Црквата, таа реалност всушност во полнота ја доловува иконопочитувањето. Православието ја достигнува полнотата во неделата посветена на свети Григориј Палама, тој е автентичен печат на тоа дека православното предание е акетско-исихастичко, сведоштво за реалното присуство на несоздадените енергии Божји и нашето учество во нив според мерката на покајанието, и достигнување на дадената можност за созерцание во Таворската Светлина. Свети Григориј Палама, како и сите пред него и после него што го покажуваат ова православно предание, е автентичен сведок за присуството на благодатта Божја, а Црквата како Тело Христово раководена од Светиот Дух тоа го препознава и го потврдува. Откако во претходните две недели е потврдена вистинската вера која најдовме и го примивме Духот небесен, се поклонуваме на Неразделната Троица која нè спаси, одиме во тој аскетско-исихастички подвиг искачувајќи се по Лествицата која ни ја предал уште еден автентичен носител на преданието, св. Јован Лествичник.

Искачувањето кон царството Божјо, кон единството со Бога подразбира наше учество во Крстот Христов, за да продолжиме на Патот на очистување на нашето срце од страстите преку споменот на света Марија Египетска и сите преподобни отци и мајки. По очистувањето на страстите следува просветлувањето, Осана на Синот Давидов, му се предаваме на Христа, се постиламе пред Него за да помине и влезе во нашиот живот, и нé просветли, оти настапува и периодот да ја испиеме чашата заедно со Него, оти повторно е пред нас искушението да отпаднеме, да Го предадеме, затоа вели, бидете будни и молете се (Мт.26,41), ете го и тука, евангелско потврдување на аскетско-исихастичкото сведоштво за постојано молитвословење, благодарање и наше давање на Христа. Бидете будни и молете се...оти повторно пад, предавство Јудино, но секако и горко Петрово плачење, сведоштво за покајание со солзи...и повторно преоткривање на крштелната благодат преку сораспнување со Него, смрт, но и Воскресение, Победа со Него на гревот, смртта ѓаволот, но и остварување на единство со Него, обожение, преку учество и во Вознесението и во седењето оддесно на Бога Отца, и сето тоа за нас стана... остварување и релизирање во Христос Богочовекот преку благодатта на Светиот Дух која слезе во Црквата, за ние лично да бидеме сведоци на таа Педесетница. Сиот овој личен подвиг на љубовта, соборно го реализираме, сеќавајќи се на оваа спасителна заповед..., која ни ја предаде кога Самиот Себе се предаде за живот на светот...за да Го примиме во нас причестувајќи се со Неговото Тело и Крв, присоединети со Светиот Дух за исполнување на царството небесно за слобода пред Него, а не за суд или осуда. Таквиот аскетско-исихастички подвиг е наше давање, Тебе Ти го доверуваме нашиот живот и надеж Владико Човекољупче, а општењето со Светиот Дух веќе нè ослободува за наследство на небесното царстово, но уште поважно нè удостојува неосудено да повикаме како деца Божји...Оче наш...
   

Сега полесно можеме да препознаеме дека сиот наш труд во покајанието литургиски е изобразен како икона низ која влегуваме во царството Небесно и сведочиме реално за него во овој свет, така ни е предадено, така треба да соучесници во делото Божјо, а не да бидеме пречка од која светот не може да го види присуството на царствотот Божјо во овој свет чиј облик се менува.
   

Затоа, ако видиме дека некој сведочи за присуствотото на благодатта Божја, познаено  преку остварување на Евангелието со личен аскетско-исихастички подвиг вклучен во литургискиот и  соборен живот на Црквата мерено преку дарот на умносрдечната молитва тогаш треба да препознаеме автентично православно Предание со кое треба да растеме во духовниот живот по мерата Христова согласно благословот на духовниот отец.



    п.с. Во слава на Бога, посветено на носителот и сведоците на автентичното православно Предание меѓу нас во ова наше време и простор, а за радост на целата Црква македонска.

 

 

презвитер Горан Стојчевски

 

4-ти декември, лето Господово 2015

 

Друго:

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1108
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1047
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…