логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Трудете се да читате книги од Светите Отци кои се соодветни на вашиот начин на живот, за да можете не само да им се восхитувате и да им се насладувате, туку и да можете да ги применувате во конкретните работи.

Христијанинот кој живее во светот, треба да ги чита творбите на великите светители коишто пишувале за народот, коишто поучувале на христијански добродетели, добродетели следени од оние коишто живеат меѓу житејски работи. Друг вид на текстови се оние за општежителните монаси: тие треба да ги читаат светите отци, коишто напишале поуки за тој начин на живот. И трет вид претставуваат текстовите напишани за безмолвниците и отшелниците.

Изучувањето на добродетелите коишто не соодвествуваат со начинот на живот, предизвикуваат занесеност и го доведуваат човекот во лажна состојба (прелест). Вежбањето во добродетелите кои не соодветствуваат со начинот на живот, го прават животот бесплоден. И животот залудно се истрошува, и добродетелите пропаѓаат: душата не може долго да ги задржи, и треба побрзо да ги остави, зашто тие не ѝ се според силите.

Таквото подвизување во возвишените добродетели, што ги надвишува силите и можностите, честопати неизлечливо ја повредува душата, растројувајќи ја на долго време – а некогаш (и) за цел живот, правејќи ја неспособна за благочестиви подвизи. Господ заповедал „новото вино“, т.е. возвишените добродетели и подвизи, „да се влева во нови мевови“, т.е. да им се препуштат на подвижниците кои веќе созреале во благочестивиот подвиг, обновени и просветлени со благодатта. Тој забранил да се влева ново вино во стари мевови, да се шие стара облека со нова крпа.

Не мислете дека возвишениот подвиг, за којшто вашата душа сè уште не созреала, ќе ви помогне! Не! Тој уште повеќе ќе ве растрои: ќе треба да го оставите, а во вашата душа ќе се појави униние, безнадежност, помраченост, ожесточеност. Во таква состојба, ќе си допуштите повеќе грешки, повеќе нарушувања на законот Божји, од оние во коишто сте паѓале претходно. „Кон старата облека не се става нова крпа, затоа што од тоа дупката ќе стане само поголема“.

И за монасите воопшто, и за христијаните што живеат во светот, најполезно четиво – е Новиот Завет, а посебно Евангелието. Но тоа треба да се чита со смирение, не дозволувајќи си сопствени толкувања, а раководејќи се со толкувањето на Црквата.

 

Свети Варсануфиј Оптински

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/za-citanjeto-duhovni-knigi-varsanufij-optinski/ .

 

28.01.2017 год.

 Друго:

ЗА ПОСЛУШАНИЕТО – Свети Варсануфиј Оптински



7.Vselenski.sobor 

Најсигурниот, наједноставниот и најбрзиот пат до спасението води низ послушанието. Вистинското послушание ги надминува сите физички сили на човекот, но Господ е Тој, Кој помага. Тој на нашата сила ја додава Својата сила.

Тој, на самиот почеток на нашата решеност да чекориме по тесниот монашки пат на послушанието, ќе нѐ поддржи и ќе ни даде сила да истраеме на патот по кој сме тргнале.

И сѐ додека сме решени да го следиме овој животен пат, Бог во изобилие ќе ни помага. Тој ќе ни даде сила да истраеме. На тој начин Самиот Бог потврдува дека послушанието е Негова света волја.

Должни сме, имајќи ја надежта во Божјата помош, да го прифатиме секое послушание кое ни го даваат, при тоа верувајќи дека сѐ што правиме во слава на Бога правиме.

Послушанието е компас за монахот, но и за секој христијанин.

Колку повеќе сме трудољубиви во послушанието, толку повеќе наликуваме на нашиот божествен архетип Христос. Тој ни ја дал вистинската мерка во послушанието, а тоа е послушност до смрт.

Не дојдовме во манастир за да навлегуваме во длабочините на теологијата, ниту да се учиме во молитвата, а не дојдовме ни само за спасение на нашите души.

Ако непрестајно се вежбаме во послушноста, тогаш и молитвата и познавањето на теологијата и спасението ќе дојдат како пратен дар од Горе.

Бог нѐ спасува според мерката на нашата послушност!

Свети Варсануфиј Оптински

 

 https://pokajanie.mk/2019/11/25/24818/?fbclid=IwAR2HR55vFwxGEgnK6CeoCRThIRkzV1zu1nAPvnfZ9nIZlrNhkjlCNLckNOo

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1057
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…