логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Философијата има илјадници школи, и „христијанството“ илјадници секти. Каде во сето ова да се најде вистината, ако воопшто може да се најде, во нашето промашено време?

19042009
На само едно место може да се најде изворот на вистинското учење, кое доаѓа од Самиот Бог, ненамалено преку вековите и секогаш свежо, останато едно и исто во сите оние кои вистински го учат, водејќи ги оние што го следат, во вечно спасение. Ова место е Православната Црква на Христос, изворот е благодатта на Сесветиот Дух, и вистинските учители на Божественото учење, што извираат од овој извор, се Светите Отци на Православната Црква.
Жалосно! Колку малку Православни Христијани го знаат ова, напојувајќи се од овој извор! Колку многу современи архиереи ги водат нивните стада, но не на вистинските пасишта на душата - Светите Отци, туку по разурнувачките патишта на мудриот човек кој ветил нешто „ново“ и се стреми само кон тоа, христијаните да го заборават вистинското учење на Светите Отци, учење кое е посебно вистинско, и е надвор од хармонијата на лошите идеи, кои владеат со модерното време.
Православното учење на Светите Отци не е нешто што припаѓа на едно време, независно дали „древно“ или „модерно“. Тоа било пренесено во непрекинато наследство од Христа и Неговите апостоли до сегашново време, и никогаш не постоело време кога било неопходно да се открие некое „изгубено“ патристичко учење. Дури и кога многу Православни Христијани го запоставиле ова учење (како на пример во нашево време),
неговите вистински претставници сеуште го делеле на оние, кои биле гладни да го примат.


Имало големи патристички периоди, како сјајната епоха на четвртиот век, и имало периоди кога се одбивала патристичката свест од страна на православните христијани, но никогаш немало период, од самото основање на Христовата Црква на земјата, кога патристичката традиција не ја водела Црквата, или немало век без Светите Отци во него.
„Кога сеуште бев студент“, Архиепископот Теофан го цитира епископот Игнатиј, „немаше уживање или одвлекување за мене! Светот ништо примамливо не понуди за мене. Мојот ум беше целосно нурнат во науката, и во исто време јас горев од желба да ја пронајдам вистинската вера, кои се нејзините вистински учења, недопрени од секаква грешка, морална или догматска. Во исто време, веќе беа претставени пред мојот поглед, на високо, границите на човечкото знаење, во целост развиените науки. Доаѓајќи до овие граници, ја запрашав науката: „Дали му даваш на човекот нешто, што може да го нарече свое? Човекот е вечен, и она што е негово е вечно. Покажи ми го ова вечно поседување, ова вистинско богатство, што можам да го понесам со себе, отаде гробот! Сè дотогаш, гледам само знаење кое завршува на земјата, кое не може да постои по разделувањето на душата од телото“.


Младиот трагач се интересирал за математиката, физиката, хемијата, философијата, покажувајќи длабоко познавање на истите. Па во географијата, геодезијата, јазиците, литературата, но тој сфатил дека сите тие се на земјата. Во потрага по одговорот на сите негови очајни прашања, тој го добил истиот оној одговор, кој се добива во „просветлениот XX век“: Науката молчи. Тогаш, „за задоволувачки одговор, навистина неопходен и жив одговор, јас се обратив кон верата. Но каде си сокриена, О вистинска и света Веро? Не можам да те препознаам во фанатизмот (Папизмот), кој не е запечатен со Евангелската кротост, тој дише со страст и преценување! Не можев да те препознаам во произволните учења - Протестантизмот, кој се оддели од Црквата, правејќи свој нов систем, залудно и гордо тврдејќи дека открил нова, вистинска христијанска вера, по прекин од осумнаесет векови од Воплотувањето на Словотo Божјо! Ох! Во каква голема збунетост беше мојата душа! Колку ужасно беше натежната надолу! Какви ли бранови од сомнежи се кренаа против неа, кревајќи се од недовербата во себе си, од недовербата кон сè што џагореше, липајќи околу мене, поради мојот недостаток на знаење, незнаење на вистината.“


„И често почнувам, во солзи, да го молам Бога да не ме предаде како жртва на оваа грешка, но да ми го покаже правиот пат, преку кого ќе се упатам директно кон Него, воневидливиот пат на мојот ум и срце. И.. о, чудо! Одненадеш застана мислата пред мене...
Моето срце се втурна кон неа, како во прегратка на стар пријател. Оваа мисла ме инспирираше да ја проучувам верата во нејзините извори – во делата на Светите Отци!
„Нивната светост“, мислата ми кажа; „ гарантирам за нивната веродостојност, избери ги за патеводители“. Јас послушав. Најдов средства да ги пронајдам делата на овие Божји угодници, и со нетрпение почнав да ги читам, длабоко истражувајќи ги. Читајќи неколку, земав да читам нови, ги читав, ги пречитував истите, ги проучував. Што беше тоа, што посебно ме допре во делата на Светите Отци? Тоа беше нивното единство, нивната чудесна, величенствена хармонија.
Осумнаесет векови, преку нивните усни, посведочени во едногласно учење, Божественото учење!“
„Кога една кристална есенска ноќ гледав кон небото, посеано од безброј ѕвезди, поделени во големина, но сепак соединети во една светлина, си реков себе си: Такви се и Светите Отци! Кога еден летен ден гледав во огромното море, покриено со мноштво разновидни бродови, со нивните развиорени едра како крилја на бели лебеди, бродови кои се тркаат под еден ветер, до една иста цел, до едното пристаниште, си реков себе си: Такви се и Светите Отци! Кога ќе слушнам хармоничен, многугласовен хор, во кој поделените гласови во елегантна хармонија пејат една иста Божествена песна, си велам себе си: Такви се Светите Отци!“
Во нив ќе најдеме вистински татковци, такви какви што недостасуваат во нашето време, кога љубовта кај мнозина олади (Матеј 24,12), Отци чија единствена цел е да нè воведат нас, нивните деца, кон Бога и Неговото Небесно Царство, каде ќе се шетаме и ќе разговараме со овие ангелски луѓе во неискажлива радост засекогаш.


- блажениот јеромонах Серафим Роуз ( Извадок од „СВЕТИТЕ ОТЦИ - СИГУРЕН ВОДИЧ ВО ВИСТИНСКОТО ХРИСТИЈАНСТВО’’)

 

Подготви: Снежана Корнет

20 јуни 2021 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1698
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2182
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…