логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

1.Четврток 4/7

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Има и такви денови ветерливи, врнежливи и  тмурни во кои мислиш облаците се влечат по замја и на светлината не и даваат никако да продре и да го означи почетокот на денот. Но, ако светлината не успева, отецот камбанарх ќе го означи почетокот на денот со биењето на камбаните.

Духот е бодар, но некогаш телото е слабо. Вртат коски мислиш во сонот воз те прегазил.

Но, Ти Боже мој уште еднаш, пак и повторно ме подигаш од леглото мое и денот почнува.

Богослужби една, па друга, трета низ целиот ден распоредени. Се обидувам со таа уморна концентрација што ја имам да најдам нешто за што и денес барем мал трактат би напишал кога веќе се фатив на орото.

Би го лажел и Бога, и вас, а и самиот себе ако не признам дека денес толку тешко тоа ми оди, дека и умот и телото денес порадо мрзливо и безкорисно би одмарале, отколку да се натераат прстите она што умот ќе го улови на хартија да го стават.

И во цела таа инертност умствена конечно краток цитат пронаоѓам низ фреските на ѕидот од параклисот на авите од пустината, кој мојата мрзливост денешна се обидува како оправдание да го искористи:

“Јас сум премногу мал за да кажам нешто големо за Него.” Ќе рече Светиот Јустин философот.

Е да, ако Јустин во целата своја ученост како философ  кој поминал низ повеќе тогашни философски школи: стоичка, перипатетичка, платонска и вистината ја нашол во верата во Христа, Логосот, не се осмелува да каже нешто за Него, Нашиот Господ и Бог, та јас ли ќе најдам да кажам нешто?

Тоа секако дека не. Но, треба ли поради тоа на мрзливоста своја награда да и дадам прифаќајќи ја идејата за одмарање? Како утре ќе се борам со неа, кога стартот на борбата е млак?

Не се сомневав ни малку дека светиот Јустин Философот минувајќи низ мрзлив период она погоре споменатото го кажал, кратко и јасно и никој веќе од него да не побара долго философско објаснување за Бога, за Неговото постоење предвечно и за Неговата жртва за нашето спасение. Знаев дека тоа е плод на неговото крајно смирение, кажано кога толку многу ќе се приближиш до Бога, па ја гледаш својата дребност застанат пред Неговата големина поширока од небесата, поголем од секој простор што нашиот ограничен ум може да го замисли, постар од секое време што можеме да го изброиме...  Сепак, се убедив да го препрочитам неговото веќе подзаборавено житие.  

И да, не може да биде мрзлив човекот што цело царство ќе го помине и ќе замине во Рим во филозофска долама, ќе го остави цело свое филозовско учење и Христијанин и апологет на Христијанството ќе стане затоа што присуствувал на маченичкиот крај на Свети Птоломеј и Лукиј. Гледајќи го мачењето на невините христијани, ја видел чудната радост, (поголема од сѐ она што сите дотогашни философски учање можеле да го кажат за смислата на живеењето и постоењето на човекот на земјата) на мачениците кога тие умирале за Исуса Христа. Не чекал ни момент да ја употреби цела своја философска речитост за да ја напише апологијата на христијаните и христијанското учење за да му ја предаде на римскиот цар Антонин Пиј и на сенатот.

Можеше ли императорот откако со внимание ја прочитал апологијата да не нареди да престане гонењето на Христијаните?

Колку ли само животи христијански спасил светиот Јустин откако го зел преписот од царевата наредба и со неа отишол во Азија, знае само Оној за Кој философот не се осмелувал ни збор да каже за Неговата големина сметајќи се за најмал.

А нели последните ќе бидат први во Царството Небесно по ветувањето Христово?

Тогаш со сигурност знаејќи, свети Јустине, дека си толку многу блиску до Големиот Господ Бог наш, ти се молам моли Го Христа Бога да ме укрепува во сите денови од мојот живот та цврст борец против мрзоволноста да се покажам и спасението свое да си го заработам. Моето и на моите браќа и чеда што чекориме заедно по тој тесен, но благословен пат!

Амин!

Aleksandar.N.sv.Haralampij

16ти април 2021 лето Господово- Велик пост

(Извадок, ...

поточно нам дар)

 

За Преминпортал

Митрополит Европски Пимен

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1919
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1719
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…