логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Starec.Efrem.KATUNAKISKI

Сакам да ви посочам некои елементи  од светиот живот на Старец Ефрем Катунакиски кој ќе ни помогнат да ја видиме својата душа, својот пат, својата состојба. Папа Ефрем е роден на 06.12.1912 година во селото Амбелохори на 7км од Тива. Неговата мајка Викторија, кога била бремена, врвела низ голема и многу тешка неизвесност. Дедото на отец Ефрем, папа Никита, бил многу благочестив свештеник, свет клирик но и многу немилосрден. И во она време кога Викторија била бремена, нејзиниот сопруг заминал во Солун за да учествува во неговото ослободување. Тој бил војник во времето на Балканските војни. Загрижена, Викторија тогаш кажувала дека ова дете ќе стане нејзиниот ад кога ќе се роди, како ќе може да го гледа без сопруг, доколку сопругот и биде убиен, и како ќе може да живее во еден толку тежок семеен амбиент? Постојано се напрегала и подложувала на тешки физички работи за да го изгуби детето.

Да размислиме околу ова. Понекогаш, гледајќи некои работи кои ни создаваат тежина и предизвикуваат болка, страв или несигурност, ние ги чувствуваме нив како ад, и никогаш не помислуваме дека она што го нарекуваме ад, може да стане нашиот рај. Поминале години, Викторија станала монахиња и пред своето преподобно упокојување велела: „Тоа дете што јас го нарекував ад, стана мојот пат кон Царството Божјо, тоа дете што го нарекував мачеништво – стана мојата среќа, тоа дете кое го сметав за мојот гроб и ад, стана мојот рај!“

3.angeli.so.truba

Затоа  низ нашата лична борба  кога ќе се сретнеме со Божјата благодат, тоа што го нарекуваме ад, многу лесно може да се преобрази во рај. Во младоста Ефрем минал низ многу неуспеси, горчини, неволји. Гледате и младоста многу пати носи една внатрешна болка. Отец Ефрем, тогаш Евангелос, сакал да се запише на училиштето за воени пилоти „Икарон“, но не го примиле бидејќи имал лесна форма на срцебиење, која, тогаш, можеби била и моментална поради тремата од приемниот испит. Потоа отишол во војска, но бидејќи имал проблем со нозете, бил отпуштен на неопределено време. Тежок бил крстот но зад тој многу тежок крст се наоѓал вистинскиот пат на Старецот, кој водел на Света Гора. Еднаш на сон мајка му видела до својата постела некаков Старец кој и рекол: „Твојот син ќе биде многу голем!“ Тој Старец не бил никој друг туку преподобниот Ефрем Сирин. Токму во ќелијата посветена нему, отец Ефрем Катунакиски поминал повеќе од 60 години. Што значи ова? Знаете, понекогаш во животот кога една врата ќе ни се затвори, ние се вознемируваме, разочаруваме, егоизмот ни се претвора во лост и се обидуваме насилно да влеземе низ неа. Се сеќавам на зборовите на еден Епископ, кој кога му предложив едно решение, ми го кажа следново:

    Дете мое внимавај! Вратите што Бог ги затворил, јас нема на сила да ги отворам бидејќи зад нив се крие мојот ад.

Вистина е дека многу пати нашиот егоизам нè заглавува пред една затворена врата и во тој миг не гледаме многу други врати кои се отвориле. Се затвориле многу врати, но се отворила онаа врата која денес на сите нам ни даде една светија, една потпора, една утеха, еден молитвеник.

Кога отишол на Света Гора тој ги сретнал своите старци во Катунакија. Тоа било едно сурово место, затоа и старците му биле сурови луѓе, токму како татко му и дедо му. Не биле лоши луѓе, да не бидам сфатен погрешно, суровоста на нивниот живот станала белег на нивната личност и духовност. Така тој млад човек, се соочил со оваа суровост која истовремено го смирувала и повредувала. Понекогаш една рана може да ни биде од голема полза. Ќе ми кажете рана? Кога како деца паѓавме, се удиравме и ни течеше крв, нашите баби и дедовци велеа: „Не грижи се, истече лошото!“ Така една рана која самиот наш живот ни ја нанел, може да стане причина да истече нашиот егоизам. Тие рани потоа стануваат извори. И да не заборавиме дека во Црквата нашите рани не се други, туку раните на Христа, нашиот распнат и прободен Бог.

(Продолжува…)

 Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/ne-se-srekjava-denes-takva-ljubov-i-del/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1481
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1844
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1649
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…