логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVITer581

ХРИСТОС НЕ ПРЕНЕСУВА БОЛЕСТИ
ХРИСТОС ИСЦЕЛУВА ОД БОЛЕСТИ


За исцелението на десетте лепрозни


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Браќа и сестри! Денеска ќе позборуваме за исцелението на десетте лепрозни(Лука 17, 12-19).


Лепрата е – болест која е претежно распространета во јужните земји. Човекот на лицето и на телото добива дамки, телото ја губи чувствителноста, гние, лицето потекува. На човекот му паѓаат забите и косата, од устата постојано му се исцедува смрдлива плунка. Телото почнува да се распаѓа, разголувајќи ги коските. Понекогаш на човекот му истекуваат очите, тој ослепува, му се сушат прстите на рацете и тој неможе дури ни храната до устата да си ја принесе. Лепрозниот се претвора во жив труп. Порано лепрозните ги изгонувале од градовите и селата. Тие живееле во шумата, во земјанки, понекогаш им носеле храна на некое договорено место. Гонети од глад, тие лутале околу големите градови за луѓето да се сожалат и да им фрлат нешто да јадат. Ги гонеле како диви ѕверови. Роднините ги оплакувале лепрозните повеќе од мртвите. Кога некој лепрозен ќе умрел покрај некоја шума или покрај патот, дури ни птиците грабливки не го колвале неговиот труп, заразен од смртоносен отров, и ѕверовите го заобиколувале. Другите лепрозни биле должни да го закопаат неговото тело или да го изгорат. После таканаречените Крстоносни војни таа болест продрела и во Европа и предизвикала голем ужас. Лепрозните биле обврзани да носат на лицето бела качулка со отвори само за очите за со својот изглед да не ги плашат луѓето. На другите висело ѕвонче, па страшното ѕвонење ги предупредувало луѓето да се тргнат од патот. Меѓутоа, браќа и сестри, лепрозните заборавиле кои се, дали се Јудејци, Самарјани, Арапи или Грци. Избркани од своите соплеменици, тие како да станувале еден народ. Со свои закони, обединети во истата несреќа, лепрозните често покажувале силна приврзаност и најнежна љубов еден кон друг. Нив, кои изгубиле сѐ земно, како да им се откривало срцето за вистинско пријателство. Тие го делеле еден со друг последното парче леб, јаделе од еден ист сад, се грееле крај ист оган. Несреќата ги изедначила, како што мртвите ги изедначува заедничкиот гроб.
Кога Господ Исус Христос, одејќи во Ерусалим, влегувал во едно село, го сретнале десет лепрозни. Тие почнале да го повикуваат Господ, да молат за Неговата милост: „Исусе Наставниче, смилуј се”(Лука 17, 13).
— ТО ЕСТ ИСЦЕЛИ НЀ
Бессилна била човечката помош, тие несреќници биле осудени на мачна смрт, нивната состојба – полоша од онаа на робовите, кои работеле во каменоломите и рудниците, или престапниците, до крајот на животот затворени во затвор. За нив како веќе да немало враќање во живот, само што тие лепрозни, како што се гледа, слушнале за Христос – Великиот Пророк и Чудотворец, и затоа викале: „Исусе Наставниче, помилуј нѐ”.
Лепрозата го јаде грлото и устата, и затоа наместо крик од нивните усти излегувал само зарипнат шепот: Исусе Наставниче, помилуј нѐ. Господ, застанувајќи, рекол:
„Отидете и покажете им се на свештениците”(Лука 17, 14)
Тие поверувале дека ќе бидат исцелени, и заминале по патот за Ерусалим, во храмот, каде што свештениците требало да го посведочат нивното исцеление. И тие уште на патот ја почуствувале силата на благодатта Божја, која се влеала во нив и ги исцелила.
Детето не го знае часот на своето раѓање, а тие несреќници како да го доживеале своето второ раѓање. Нивните страшни рани се зацелиле. Кожата, слична на корупка, паднала; се покажала нова – чиста и бела, како кај дете, и тие веќе јасно  си претставувале како се враќаат кај своите семејства, како ги гушкаат своите деца, седат во кругот на своите пријатели и раскажуваат за големото чудо. Тие веќе ги гледале пред своите очи татковиот дом и ѕидовите на Ерусалум; само Еден Човек заборавиле: Оној Кој ги исцелил! Исцелени по милоста Божја, тие заборавиле за Самиот Бог и со секоја минута се оддалечувале од Христос.
Деветмина од нив Јудејци, едниот – Самарјанин.
Јудејците уште од детството знаеле за тоа дека Спасителот треба да дојде на земјата: за тоа ги учеле во синагогата, за тоа тие слушале на проповедите во храмовите. Чудото требало очевидно да ги убеди за тоа дека Спасителот на светот стои пред нив. Сепак, тие продолжиле да одат по својот пат. Оние кои се нарекувале чеда Авраамови не Го сакале Бог, туку даровите Божји, не Небесниот Отец, туку Неговото наследство. Се вратил само Самарјанинот, паднал пред нозете на Исус, благодарејќи му и фалејќи го Бога, прославувајќи го како Месија. Господ рекол:
„Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината? Како не се најдоа да се вратат и другите и да му заблагодарат на Бога, туку само на овој туѓинец”(Лука 17, 17-18).
Ова прашање им било наменето на Неговите ученици, апостолите, за тие самите, како Јудејци, да разберат дека дошол Спасителот на светот за сите луѓе, за сите народи, за сите нации. Сега тие народи на светот ги претставувал еден Самарјанин, кој лежел крај Исусовите нозе.
Господ му рекол: „СТАНИ, ОДИ СИ! ТВОЈАТА ВЕРА ТЕ СПАСИ! “(Лука 17, 19).
Каква вера? Верувале и другите лепрозни дека ќе се исцелат: во несреќата тие верувале, а во благосостојба го заборавиле Бога, како што тоа често се случува со нас.
Свети Исаак Сирин вели:
„Познавам луѓе кои останале непоколебливи во несреќа, но не знам никого кој не се изменил во среќа и благосостојба”.
Браќа и сестри! Верата на Самарјанинот во Христос како во Месија и Спасител на светот – тоа е вера во тоа дека Оној Кој го исцелил неговото тело, може да ја исцели и неговата душа; Оној Кој повторно го вратил кај неговиот народ, може да му ја отвори вратата на рајот; Оној Кој му дарувал очистување од лепрата, му дарува и простување на гревовите, и вечен живот.
Еве тоа е таканаречената буквална историска смисла на оваа приказна, но има и една друга – морална смисла. Треба за сѐ непрестајно да Му благодариме на Бога. Некои од нас ќе кажат:
„За што да Му благодарам на Бога? “
Да му благодариме за тоа што нѐ создал, ги создал небото и земјата, нѐ создал луѓе, единствени суштества на земјата, украсени со образ и подобие Божјо. Да му благодариме за тоа дека Господ ни дал вера; да Му благодариме за тоа дека не нѐ оставил да загинеме во гревовите свои, туку Синот Божји слегол на земјата, се Распнал за нас; дека Господ ни ги простува гревовите и нѐ храни со Телото и Крвта Свои; дека Господ ги исполнува нашите молитви; за тоа дека колкумина врсници веќе лежат в гроб, а ние сме живи, и дека секој ден може да биде денот на нашето спасение. Има и уште една мистична смисла.
Лепрозните викале:
„Исусе Наставниче, помогни ни! “
Кај нив веќе оддамна пресушила надежта кон луѓето, но не исчезнала надежта во Бога.
И ние за Ангелите сме исто така лепрозни од нашите гревови. Нашите души во очите за Ангелите се толку ужасни и одвратни, како телата на лепрозните. Но ние го знаеме својот Спасител и затоа во срцето треба непрестајно да повикуваме:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот, исцели ме, спаси ме! “
Браќа и сестри! Сакаме да се помолиме од чисто срце, а од нашето срце истекува гној, како смрдливите усти на лепрозните. Но Господ го слушнал нивниот шепот. Тој го слуша и тајниот глас на нашето срце!
Има тука и еклисиолошка смисла. Господ вели:
„Одете и покажете им се на свештениците”
Господ ѝ дал на Црквата големи тајни, кои можат да очистат, духовно да го препородат, да го оживотворат човека. Тоа се Тајните: Елеосвештение, Покајание и Света Причест. Во оваа приказна има и симболична смисла: лепрозните – тоа е човештвото по гревопадот, луѓето, отфрлени од нивните постари браќа – ангелите, луѓето осудени на смрт и пекол. Но Господ се Распнал на крст за да го исцели човештвото, а повеќето, слично на деветте лепрозни, покажуваат рамнодушност и студенило кон Голготската жртва на Спасителот.
Браќа и сестри!
Треба да Му благодариме на Бога за сѐ, да Му благодариме дури и за искушенијата и страданијата, што ни ги испраќа. Еден подвижник рекол:
„Неискрен во љубовта е оној кој не Му благодари на Бога во тагата, исто како и во радоста”
А другиот одговорил: „неискрен е оној кој не ја прима тагата како радост и ударите како благослов”.
Најсакана молитва на Свети Јован Златоуст биле зборовите:
„СЛАВА НА БОГА ЗА СЀ! “
Браќа и сестри!
Гордото срце не може да му благодари на Бога, гордото срце секогаш е озлобено, тоа е постојано во забуна, тоа е секогаш незадоволно. На гордиот понекогаш му е доволно да слушне само еден збор, доволен му е само еден непријатен поглед, за неговото срце да се наполни со омраза. Срцето на гордиот не знае за духовна радост – виша среќа. Само на смирените им се откриваат тајните Божји и тајните на Божествената љубов, само смирениот може да Му благодари на Бога за сѐ. Амин.

TVITer767


Архимандрит Рафаил Карелин

 

Избор од фб профил на

ПравославноСлово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5761
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6578
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5558
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная