логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во Светото Писмо и во животот на Црквата и во целата содржина на верата, има многу работи кои што не можат да се сфатат со резонирање. Едноставно не можат да бидат согледани на таков начин. Тоа е исто како да се обидуваш да влезеш во некој простор преку бетонски ѕид. Ако се втурнеме во ѕидот, ќе си ја разбиеме главата. Што ни е потребно? Некаков премин, да влеземе низ врата, да најдеме влез во и надвор од овој проблем со кој што сме соочени. Како што претходно реков, патишта има многу. Еден од нив е да сфатиме дека во Светото Писмо, во миговите на најголемите и најважни проповеди, кога Христос се држи до Божјата логика, Неговите зборови не беа сфатени и затоа беа отфрлени од многумина. Кои беа најзначајните проповеди? Една од нив е кога Господ зборува за Неговото Тело и Неговата Крв. Тоа е во шестата глава од Евангелието според Јован 35-ти стих. Тој почнува да го опишува Своето тело и крв нарекувајќи го леб на животот. Потоа некои почнаа да се соблазнуваат и да велат: “Тешки се овие зборови… Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме? …Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.” Евангелието вели дека „тие Го отфрлиле, не Го сфатиле“. Си мислеле дека имаат логички причини за да ја оправдаат својата постапка. А Господ им рече на своите ученици: „Да не сакате и вие да си заминете? “тогаш Петар спонтано одговори: „Господи при кого да појдеме? Ти имаш зборови за вечен живот. “Каде би пошле… Твојата порака е порака за вечен живот. Бидете сигурни дека ни Петар не го разбра Христовото кажување за Своето тело и крв, но додека другите негодуваа „Зарем ќе го јадеме Неговото Тело?“, тој сепак почувствува нешто друго и сфати – ова е нешто поинакво!

Ајде да се задржиме на една друга проповед, подеднакво важна. Апостол Павле оди во Атина, и проповеда во Ареопагот велејќи: „Луѓе атињани, по сè гледам дека сте побожни. Зашто кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жртвеник на кој беше напишано: ,На непознатиот Бог’. За Него, пак, Кого вие не Го знаете а Го почитувате, за Него јас ви проповедам “Нешто потаму, кога го слушнаа да зборува за воскресението тие одговорија: ,,Подоцна сакаме да те слушаме повторно на оваа тема“. ,,Какво воскресение?‘‘… Воскресението не е разбирливо за човечката логика. Наместо тоа, логиката бара и нешто друго. Потребна е вера. Токму затоа, тие ја отфрлија неговата проповед.

После Христа Неговите ученици излегуваат на денот на Педесетница и проповедаат со просветлението на Светиот Дух. Но нивното слово е исто така несфатливо за народот, па луѓето почнуваат да им се потсмеваат дека се испијаниле, го изгубиле разумот. Значи и нивната беседа беше несфатлива за човечкиот разум. Три големи проповеди – проповедта за Телото и Крвта Христови, проповедта за Воскресението и проповедта за благодатта на Светиот Дух – сите овие се неразбирливи за човечката логика. Но тие не беа само зборови, тие беа таинствено пренесување на животот и благодатта. До Педесетница тие Го гледаа Бога, но не можеа да Го разберат. Им беше потребно нешто друго, благодатта на Светиот Дух која ги просветли нивните умови.

Истото се случува и кога ќе пристапиме со логика кон молитвата. Имено толку значајни молитви не биле услишани. Па и ние често си велиме: ,,Се помолив, но не ми се даде“. Како молитвата да е само едно барање упатено кон Бога, а Бог да е само слуга на нашата волја. Но не сфаќаме дека молитвата не е барање… молитвата е да благодариш и да веруваш и да го дадеш својот живот.


Така, ни Гетсиманската молитва на нашиот Господ не била услишана од Бога Отецот. Апостол Павле исто така сведочи и вели: ,,И за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето да не се превознесувам. Затоа три пати Го молев Господа тоа да го отстрани од мене. Но Он ми рече: ,,Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста“. Мојата благодат ти е доволна. Не барај многу, веќе ти го дадов најважното… а што е тоа? Мојата благодат. А како се гледа благодатта? Кога си слаб, тогаш се пројавуваш во сила преку Мојата благодат. Каде е логиката во сето ова?!

(Продолжува…)

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/kako-da-vlezeme-vo-bozhjata-logika-iii-del/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2765
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1942
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…