логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

Скоро, се потсетив на една ситуација од пред неколку години, кога едно детенце на мои блиски, гледајќи ја снимката од венчавката на неговите родители во Црква, замислено се свртил кон нив и им рекол: "А бе тато, што сте го лажеле со мама попот, само сте ветувале пред Бог а ништо не исполнувате". Е сега, кога не би било смешно би било многу трагично. Внимателна и длабока обсервација од едно дете,неочекувана и освестувачка бидејќи не доаѓа од човек острастен од времето,туку од дете кое што сеуште  на работите гледа чисто, искрено и некалкулативно. Една лажна слика за она што мислиме дека сме или се правиме дека сме, ја крши еден искрен и чист детски ум.


Забораваме на многу завети што во текот на животот сме ги дале и сме се обврзале дека ќе ги исполнуваме... затоа и нашите дела се празни,затоа што преку нашите дела и не препознаваат...Можеш илјада пати да кажеш нешто и да ги убедуваш другите со најсовршен јазик,со најсрочена мисла, со елоквентна гестикулација, но ако твоите дела поинаку зборуваат за тебе се е залудно,се е ветар и магла...

Кога брачните другари би се потсетиле на брачните ветувања, кога учителите би размислиле зошто станале учители и што значи да си воспитувач и педагог на дело а не на ФБ, кога докторите би се навратиле на заклетвата што ја даваат, кога свештенството би се потсетило на чинот на ракополагање и моментот на дадениот завет со Бог, судиите, полицијата, политичарите...едноставно, кога секој би го почитувал зборот што го дал кога ветувал, тогаш и делата наши би биле ВЕРНИ и ВИСТИНИТИ и ќе немаше потреба да се препукуваме, да се докажуваме и да се воспитуваме со зборови, зошто нашите дела ќе светеа како светлина во темнината, ќе одеа како сведоштво пред нас и за нас и ќе беа доказ за љубовта, верноста, истрајноста, послушноста, пожртвуваноста, радоста, доследноста, професионалноста, неозлобеноста, негневливоста и уште многу други доблести....вака си остануваме само со еден префикс, со една наша титула што другите ја доживуваат лажно: лажен родител, лажен учител, лажен доктор, лажен свештеник,лажен политичар  итн. Е кога не би биле лажни луѓе пред се дури тогаш може да се наречеме и патриоти.


Убаво е Бог да ни даде време во животот, да разбереме, да се промениме, да се покаеме  и да го смениме секојдневието, бракот, професијата, односот со децата, ближните додека не станало прекасно, зошто никој не знае уште колку му е дадена таа скапоцена животна прилика и тој скапоцен животен миг.

 Избор од фб профил на

Simeon Stefkovski

 8ми март 2021 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1478
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1837
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1646
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…