Христијанските симболи и нивниот првобитен облик – Асистент м-р Борче Грамбозов
Во истражувачките кругови на Западната црква, не ретко се дискутираше за постоењето на еден Символ кој припаѓа на епохата на Новиот Завет. Таа теза, дека апостолите после Педесетница преку Благодатта Божја, знаејќи дека ќе се разделат за да ја рашират проповедта Христова насекаде во светот, го создадоа првото толкување на Црквата и секој од дванаесетте апостоли..


Сега е време да проповедаме, секој треба да се погрижи што е можно повеќе луѓе да бидат спасени, па затоа ќе добиe голема награда од Господ. Тоа се случува според даровите што Бог ни ги дал на сите: со пишување, потсетување, совети ... Не кријте го дарот.!Може да се направи многу повеќе за да се спасиме себе си и нашите ближн
Многумина зборуваат за својот патриотизам и љубовта спрема татковината, но татковината, пред сè, се луѓето. Татковината не е само минато, туку е и сегашноста и иднината. Оние родители кои ги убиваат децата, ја убиваат иднината на својата татковина. Тие вршат геноцид против сопствениот народ.
Тешко е бидејќи преовладува самољубието наше. И да, од една страна се крштеваме, се исповедаме, се причестуваме, се молиме, но и стариот човек останува во нас. И овој стариот човек е она што нѐ разделува внатре во Црквата и ги создава рацепите и различни групирања и прави понекогаш овие работи да се борат помеѓу нив.
Ако го достигнеме ова самопознание и покајание, Великиот пост нема да ни биде време мрачно и тешко, или едноставно време за исполнување на нашите „морални должности“, туку дадена можност да ги омекнеме своите скаменети срца, што ќе нѐ приведе кон љубов за другите луѓе и непоколеблива љубов кон Бога.
Еднаш вели Еремија, ќе го уништам Ерусалим. Тогаш Еремија почна да се моли - Боже мој, не уништувај го и не казнувај ги..., но Бог му рече - те молам не ме слушај, ќе им го предадам на Вавилонците, кои веќе се приближиле до Ерусалим. Тогаш Еремија му вели на Бога - како е можно да влезат непријатели како се посилни против ѕидовите?
Најопасното нешто во човековиот духовен живот е компромисот. Компромисот постепено човекот го претвара во фарисеј кој има две лица и две волји. Токму заради компромисот со духот на светот нашата душа станува с# потешка и молитвата сè послаба. Духот на светот човекот го врзува за земјата со стотици алки.
„Колку што е можно, внимавајте на јазикот,
Мораме да разбереме дека другиот е една рана, големата рана според Отците на Црквата. Грешникот е повреден, а не лош човек. Тој е трагична личност која има минато, но во исто време и иднина. Не можете да му судите на неговото минато затоа што не ги знаете причините за неговите постапки. Не ја знаете неговата иднина затоа што не можете да го видите неговото покајание.
Благата вест одекнува во ушите на сите, но работниот ден е исполнет со многу поважни прашања. Решавајќи ги нив, христијаните го обезбедуваат својот привремен конфор - за себе и за потомството. Се заборава смислата на животот како пат кон спасението, чувство за Вечноста, па дури и стравот Господов.
“Oдeјќи пo патoт кoн твoјoт другар за да сe смиритe, ти цeлиoт пат вo мислитe си гo oсудувал, а сeбe си сe oправдувал.
На eдeн граѓанин, кoј нe бил наклoнeт кoн мoнаштвoтo а сакал да пoјдe вo манастир, св. Нeoфoнт му рeкoл: “Чeдo, мeстoтo ниту гo спасува ниту гo пoгубува чoвeкoт, туку дeлата гo спасуваат или гo пoгубуваат”. Нeма кoрист ни oд свeтo мeстo ни oд свeт чин oнoј кoј нe ги испoлнува запoвeдитe Гoспoдoви.
Ние не сме како православците од старите времиња.Сега повеќе намаме сили. И за нас постои само еден пат а тоа е смирението.Јас на секого му кажувам, како еден Отец мене ми кажа: Секогаш кога ќе влезам во Црква, јас треба да мислам како сите во таа Црква се подобри од колку јас самиот. Исто така треба да зборувам кратки молитви во мојот ум.„Господе прати ми го покајанието.“
Христос не сака да не исцели без да не научи како да бидеме здрави. А за тоа е потребен труд, трпение и пред се време. Поентата не е да се исцелиме во одреден случај или да се надмине одредена препрека во нашиот живот, туку да научиме да живееме прекрасно и целосно. Да живееме, а не да преживуваме.
Некои од нечистите духови секогаш седат покрај оние што читаат и на сите можни начини се трудат да им го отстранат нивниот ум на друга страна. Честопати, откако за тоа земаат некој повод и од самото Свето и божествено писмо, ги наведуваат на лоши помисли. Ги тераат да се прозеваат, ги исполнуваат со поспаност која е многу поинаква од обичната.
Во рајот нема да одиме со вратоврска. Ги гледате светителите? Кој отиде со неговата човечка мудрост во рајот? Еден без глава, друг без раце, трет без нозе, сиромашни, наклеветени, болни… Тесен е патот кој оди кон широчината на рајот, како што вели пророкот Давид: „Во маката моја дај ми простор“ (Псал. 4,1).
Или уште полошо - недостатокот од себеспознание и смирение. Страшното не е во тоа што грешиме, туку што мавтаме со прстот кон другите, говорејќи за етика, им судиме на нивните животи. Ова е предизвикување на Божјата долготрпеливост.






















