Покрај Галилејското море, воблизина на Хоризин и Капернаум, се наоѓаше градот Витсаида (1). Во тој град се родија тројцата апостоли: Петар, Андреј и Филип. Петар и Андреј беа рибари и со тој занает се занимаваа додека Господ Христос да ги повика со себе. Филип пак, уште во младоста родителите го дадоа да ја изучува книжевната мудрост.
По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше прекрасно момче, телесно и душевно. Теогност го засака и го даде да се описмени. Андреј усрдно Го молеше Бога и со љубов ги посетуваше црковните богослужби.
Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги
На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос.
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие, раѓање и потекло до нас не стигнале многу податоци, но и од она малку што ни го оставила учителката на животот
Еднаш, додека се молела сета во солзи, Пресветата крај себе го слушнала познатиот глас - пред неа се појавил крилестиот Божји гласник архангел Гавриил. „Радувај се, благодатна", ја поздравил, „Тебе, Божјата Невеста, те повикува во божествената одаја небесниот Женик со Својата бесконечна радост!" И подавајќи и рајско гранче од палмово дрво, кое блескало од небесната благодат, додал:
После Вознесението Господово, за Мајката Божја се грижел апостол Јован Богослов,
а во негово отсаство Пресветата живеела во домот на неговите родители,
во близина на Елеонската гора.
Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава.
Преданието раскажува дека во 807 година на Света Гора дошле банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед, да ги заколат монасите и да ги искрадат манастирските богатства.
Една вечер тие се истовариле на копното и се сокриле во блиските грмушки.
А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн. 6, 62). Секако, тоа не значи дека Христос, како Бог, не бил на Небесата за време на Своето вочовечување, туку дека ќе се вознесе и со човечкото тело. Впрочем, Неговото слегување од Небесата се подразбира
Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум, поради што мнозина го исмеваа и навредуваа, а често и физички го повредуваа.
Почувствувала жената Самарјанка дека пред себе има еден Пророк, и возбудена и збунета таа Му одговара: „Знам, тоа што Ти го говориш нам ќе ни го објави Месијата, Спасителот, Кој треба да дојде во овој свет“. И Спасителот тогаш одговара: „Јас Сум, Кој говорам со тебе“. Внимавајте
Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во слатка итн.), секоја година на 8 мај (с.с.) од неговиот гроб излегувала прашина од која оздравеле
Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Николаја, кој засветли како сонце незаодно со светлозрни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нѐ, како наш застапник, велики Николае.
На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ.
Црквата го именувала овој празник според настанот опишан во Светото Евангелие – кога Господ Исус Христос, во третата година од Својата Евангелска мисија, на средината (преполовението) на Старозаветниот празник Сеници влегол во Храмот и почнал да поучува. „А кога се преполови празникот, влезе Исус во Храмот и поучуваше...“(Јован, 7, 14-36).
„Дете мое, не плачи... Престани да плачеш и слушни ме. Јас сум Свети Ефрем. Љубовта што ја барате, вистинската љубов, е кај Бога, и Тој ја дава на оние кои го сакаат Него и кои искрено го бараат. Тука сум да ја објавам Божјата љубов кон тебе. И имајќи ја оваа љубов, не треба да се плашите од ништо, дури и од смрт. Затоа што Божјата љубов може да те спаси и заштити од секоја болест,