логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

✤ ✤  ✤
И кога помина една цела година, Зосим тргна повторно во пустината, откако претходно исполни се, според обичајот, и брзаше кон она чудесно создание. По долгото патување низ пустината, тој забележа некои знаци, кои му покажуваа дека местото што го бара е тука некаде, во близина. И тој се вртеше де лево, де десно, барајќи ја со очи светителката. Но, кога виде дека таа од никаде не се појавува, му бликнаа солзи и подигајќи ги очите кон небото, тој Му се помоли на Бога, велејќи: „Покажи ми го, Господи, своето неукрадливо богатство, што си го сокрил во оваа пустина! Покажи ми го ангелот во тело, со кого не е достоен да се спореди ни целиот свет." Така молејќи се, тој стигна до потокот и кога застана покрај него, тој на источната страна ја здогледа преподобната, како лежи мртва, со раце прекрстени на градите и со лице свртено кон исток.Тој и притрча и со своите солзи почна да и ги мие нозете на блажената, бидејќи не се осмелуваше да се допре до некој друг дел од нејзиното тело. Откако долго плачеше и ги  изговори потребните псалми, тој изврши и опело. И се праша себеси: „Дали да го погребам телото на преподобната?Дали ќе и биде тоа угодно на блажената?“ И додека така во мислите се прашуваше себеси, тој над нејзината глава го забележа напишано ова: „Погреби го, Авва Зосиме, на ова место, телото на смирената Марија, предај му го правот на правот! Моли Го Господа за мене; Се упокоив на први април, во самата ноќ на спасоносното страдание Христово, по причестувањето  со божествените Тајни." (Преподобна Марија се упокоила во 522 година.)


Кога го прочита овој напис, старецот најпрво се запраша, кој го напишал ова. Зашто таа, како што самата му имаше кажано, не знаеше да пишува. Но, многу се зарадува што го дозна името на преподобната. А, дозна и тоа дека таа минатата година, во истата ноќ кога се причести, стигнала до потокот, до кој, тој самиот мораше да патува дваесет дена, и веднаш си заминала кај Бога.
Славејќи Го Бога и топејќи ги со солзи земјата и телото на преподобната, старецот си рече во себе: „Време е, оче Зосиме, да го извршиш она што ти е наредено. Но, како ќе ископаш гроб, кога немаш ништо во рацете?“ И како го рече тоа, тој здогледа, недалеку од себе, еден мал стап, го зеде и започна со него да копа. Но, земјата беше сува и копајќи, старецот се мачеше и препотуваше, но ништо не можеше да направи. И кога воздивна силно од длабочината на срцето, тој здогледа  огромен лав, како стои покрај преподобната Марија, и и ги лиже нозете. Тоа силно го уплаши, особено кога се сети, како блажената му рече дека никогаш не видела ѕверови. Но штом се прекрсти, старецот поверува дека покојната, со својата сила, ќе го сочува неповреден. Во тој миг лавот почна кротко да се приближува кон старецот, умилкувајќи се и како божем поздравувајќи го. Зосим тогаш му рече на лавот: „Лаву, бидејќи големата покојница ми нареди да го погребам нејзиното тело, а јас сум стар и не можам да ископам гроб, ниту ги имам потребните алати за копање; а и мојот манастир е многу далеку, па не би можел да се вратам брзо со алати, тогаш ти ископај гроб со твоите шепи, за да го предадеме на земјата телото на преподобната.“
Штом лавот го слушна тоа, веднаш со предните нозе ископа дупка, толку голема, што да може во неа да го собере телото на блажената. А старецот повторно со солзи ги облеа нозете на преподобната и многу и се молеше, таа да се моли за сите. И го погреба нејзиното тело со истата онаа искината облека, што тој самиот и ја дофрли, тогаш кога прв пат ја сретна. Потоа си заминаа и обајцата. Лавот како кротко јагне се оддалечи во внатрешноста на пустината, а Зосим се врати во својот манастир, непрестајно благословувајќи и славејќи Го Христа, нашиот Бог.
Кога дојде во манастирот, Зосим им раскажа на сите за преподобна Марија, не премолчувајќи ништо што виде и  слушна од неа. И сите се восхитуваа, слушајќи за големите дела Божји, и со страв, вера и љубов почнаа да прават помен и да го празнуваат денот на упокојувањето на преподобна Марија. А игуменот Јован, по зборовите на преподобната, најде некои на кои им беше потребно духовно исправување, и со Божја помош ги поправи.
Зосим го мина својот живот богоугодно, и кога наврши близу сто години, тој го заврши во манастирот својот привремен живот, и отиде во вечноста кај Господа. И монасите од тој манастир го чуваа ова житие на преподобна Марија, едни на други си го раскажуваа на општа полза за сите слушатели. Само не го имаа запишано. А јас, вели Св. Софрониј, го запишав тоа житие од нив. Ако, пак, некои други подобро го запишале житието на преподобна Марија, јас за тоа уште ништо немам дознаено. Но и јас, колку што можев, според своите сили, го запишав ова житие, држејќи се само до вистинитата повест. А Бог, Кој твори прекрасни чуда и со големи дарови им возвраќа на оние што Му прибегнуваат со вера, нека ги награди оние кои со духовна полза ја читаат ова повест и оние кои ја слушаат, и оној што се потруди да ја запише, и нека ги удостои со уделот на оваа блажена Марија, сите кои од памтивек Му угодиле со богомислие и трудови. Да Му одадеме и ние пофалба на Бога, вечниот Цар, и да не удостои да најдеме и ние милост во денот на Судот, во Христа Исуса, нашиот Господ, Кому Му прилега секаква слава, чест и моќ и поклонение, со Отецот и Пресветиот и Животворен Дух, сега и во сите векови, амин.   Светите Отци се вистински наставници и учители во раководењето на монасите и поправањето на сите нивни мисли, чувства и идеи, на сите стари и одамна направени гревови во таканаречените братства. Колку е тешко тоа војување, се гледа од житието на св. преподобна Марија Египетска.
Светата Православна Црква, освен денот на нејзиното претставување, 1/14 април, за празнување одредила и цела една седмица, заедно со неделата на св. Марија Египетска, земајќи ја Преподобната како образец на вистинското покајание, пример на полно самоодрекување и издигнување, од најнискиот гревовен пад, до најголемите духовни височини,  прославувајќи го, на овој начин, нејзиниот голем подвиг.
Преданието за житието на св. преподобна Марија Египетска е запишано од Ерусалимскиот Патријарх, Св. Софрониј, кој управувал со Ерусалимската катедра од 634 до 644 година, по Господа Исуса Христа. Заедно со својот учител, блажениот Јоан Масх, св. Софрониј уште како млад монах, кон крајот на VI и почетокот на VII век, ги обиколиле речиси сите свети манастири во Палестина, Сирија и Египет и се запознале со животот и подвизите, не само на современите монаси, туку и на претходните поколенија на подвижници. Плод на нивното благочестиво поклоничко патешествие била познатата книга „Лимонариј“ или уште позната како „Духовен Лак“, во која е опишано патешествието на двајцата монаси и се запишани житијата и подвизите на источните подвижници.
Житието на Св. преподобна Марија Египетска е напишано истовремено, или малку подоцна од „Духовен Лак“, но очигледно запишувањето на житието било поттикнато од чудото за време на благочестивото странствување. Со литературните својства и писателско мајсторство, „Житието на св. Марија Египетска“ е еден прекрасен бисер во византиската духовна литература.
Светиот Патријарх, Софрониј Ерусалимски е автор и на други духовни дела. Како ревносен заштитник на светата православна вера и како вистински поборник, тој се грижел и се борел за чистотата на православието, против ереста на монотелитите (оние кои празнувале само една божествена волја во Богочовекот, Господ Исус Христос), тој составил и едно соборно послание против еретиците. На свиканиот 6-ти Вселенски собор, во 680 година, тоа послание било прочитано од пратеникот и претставникот на тогашниот Еруслимски Патријарх Теодор, Архиѓаконот на Светата Ерусалимска Патријаршија, Андреј, ученик и воспитаник на веќе покојниот Св. Патријарх Софрониј. Св. Андреј Критски го зел со себе и го претставил пред Соборот „Житието на св. Марија Египетска од Св. Патријарх Софрониј“ и својот Велик покаен канон, напишан од сопствената рака.
Оттогаш, на 6-от Веселенски собор, во Цариград, Светата Православна Црква го вклучила во великопосното богослужение и Великиот покаен канон на св. Андреј Критски, во кој, дел од стихирите се посветени на покајниот подвиг на Св. Марија Египетска. Тоа подразбира и целосно читање на Канонот на утрената богослужба во четвртокот од петтата седмица на Великиот пост, кога се чита и нејзиното житие и тоа богослужение се нарекува „подвиг во чест на св. Марија Египетска“, т.е. стоење во нејзина чест, а петтата недела од Великиот пост целосно е посветена на неа.
Да не очајуваме, браЌа, за своето душевно спасение, зашто нема грев, што Бог не го простува, освен богохулството против Светиот Дух, и доволно е само да се пројави потребното покајание во светата Православна Црква, преку Тајната Покајание.
Духовното искуство на светата Православна Црква учи, дека телесниот грев на блудството и развратот доведуваат до пеколот и широката река на телесниот разврат води голем дел од човештвото кон бездната на адот.
Треба да се знае дека телесниот разврат го осквернува не само телото на човекот, туку и го жалости Божјиот Дух, Кој живее во него, а особено кај оние христијани, кои го примиле Светото Крштение. Тоа е токму една цел од намерите на ѓаволот- да го обессили Божјиот народ, православните христијани, за да се отвори патот за сатанското царство среде човечкото општество.Телесниот разврат го влече со себе и гревот на убиството на неродените зачнати деца, како несреќни жртви на развратот, така што развратниците, освен за телесниот грев, ќе одговараат пред Судот и за убиството на неродените деца.Особено во наше време, кога телесниот разврат бесрамно се фали и кога постојано потсетува на духовната смрт, корисно е да се спомне заборавениот пример на покајанието и достигнувањето на благодатно осветување, како што може да се види во житието на Марија Египетска. На тој начин, оние кои згрешиле,се поттикнуваат да се покајат и да не грешат повеќе, а тие кои се соблазнуваат од гревот и се подготвени да го направат, се опоменуваат да се борат против нечистите желби и помисли и да се погрижат да водат целомудрен живот, - или во чистотата на христијанскиот брак или пак во светоста на воздржанието. Во спротивно, ќе платат за својот разврат со срамни и смртоносни болести за време на земниот живот и ќе се најдат во вечната смрт на адот, по смртта.Да не заборавиме, браќа, дека Бог дојде да ги повика грешниците кон покајание и спасение, и дека често пати, митарите и грешниците, поради своето големо покајание, ги испреваруваат праведниците во царството небесно.

По молитвите на преподобната мајка Марија Египетска,
и на преподобниот отец наш,
 Андреј Критски
Господе Исусе Христе, помилувај и спаси не!
Амин!
Крај и слава на Бога!

 

Извор: Бигорски манастир

 

Друго:

 ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБНАТА (МАЈКА) МАРИЈА ЕГИПЕТСКА (2)) ...

ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБНАТА (МАЈКА) МАРИЈА ЕГИПЕТСКА (1) ...

 

tihon borisov

 Знаеш зошто е добра пустината?Спомен на света Марија Египетска  ...

Premin57.jpg

 ПОКАЈАНИЕТО НА ПРЕПОДОБНА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА ...

 Metodij.naDuhovden10.jpg

Митрополит Методиј- Беседа на Евангелие во неделата на Св. Марија Египетска ...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 757
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1037
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 984
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »