логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ, братот Господов по тело
                  Свети Јаков беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пречиста Дева. Од својата младост го беше засакал строгиот живот и никогаш не јадел маст ни зејтин, ниту употребувал разни јадења. Живеел само на леб и вода. Исто така никогаш не пиел ни вино, ниту некаков друг пијалок. Во бања не одел. Со еден збор, отфрлал сѐ што му причинува задоволство на телото. Постојано врз себе носел остра власеница и ноќите ги минувал во молитви, со сосем мал одмор на кратко спиење. Од честите метанија кожата на колената му се стврднала како кај камила. До крајот на својот живот останал девственик.
                 А зошто апостол Јаков се нарекува брат Господов, брат Божји, постои вакво предание. Кога неговиот татко Јосиф им ја делел својата земја на децата од својата прва жена, тој сакал еден дел да Му додели и на Господ Исус, синот на Пресвета Дева Марија, Кој тогаш сѐ уште беше мало дете, но сите синови Јосифови се спротивставиле на тоа и единствено Јаков го зеде како сонаследник на својот дел. Поради тоа и започна да се нарекува брат Господов. А постои и уште една причина. Кога Господ Исус Христос се воплоти и Пречиста Дева Богородица бегаше со Него во Египет, тогаш и Јаков бегаше заедно со нив, како сопатник на Пречиста Богородица и свети Јосиф, својот татко.
                   Кога Божествениот Младенец Исус Христос достигна зрела возраст и започна да ги учи луѓето за Царството Божјо, јавувајќи се Себеси како вистински Месија, свети Јаков поверува во Него и, слушајќи го Неговото божествено учење уште повеќе се разгоре љубовта кон Бога во него и започна да води уште построг и попобожен живот. Господ особено го засака свети Јаков, а тоа се гледа и од тоа што по Своето доброволно страдање и воскресение му се јавил на Својот возљубен брат Јаков насамо, одвоено од другите Апостоли. Тоа го спомнува апостол Павле, говорејќи:
„Потоа му се јави на Јаков, па потоа на сите Апостоли“ (1 Кор 15, 7).
             Додека го гледаа праведниот и богоугоден живот на Јаков, сите го нарекуваа праведен и тој беше вброен во Седумдесетмината Апостоли. Од самиот Господ Христос беше поставен за епископ и поучен во свештенодејството. И нему, како прв епископ и пастир, му беше доверена новопросветената црква Ерусалимска. Раководен од Светиот Дух, свети Јаков прв ја состави и напиша светата Литургија, која подоцна беше скратена поради немоќта човечка, најпрвин од свети Василиј Велики, па потоа од свети Јован Златоуст.

           Пасејќи го во Ерусалим стадото Христово, свети Јаков со своето учење обрати кон Бога многу евреи и елини и ги поучи на правиот пат. Им напиша тој на сите дванаесет колена Израилеви Соборни посланија, исполнети со боговдахновени и душекорисни учења, со кои се гордее сета Црква Христова, поучувајќи се во верата и добрите дела. Заради доблесниот живот свети Јаков уживаше голема почит од сите, не само кај верните туку и кај неверните. И самите еврејски првосвештеници, кои само еднаш во годината влегувале во Светињата над Светињите, не му бранеа на свети Јаков често да влегува таму и да се моли. Гледајќи го неговиот чист и беспрекорен живот, тие поради тоа дури му го променија и името и го нарекоа „Обли“ или „Офли“, што значи „ограда, утврдување на луѓето“ или „поправеден од сите“. Свети Јаков влегуваше во Светињата над Светињите не само дење туку и ноќе, и паѓајќи ничкум на земјата, со солзи Му принесуваше на Господа молитви за сиот свет. И сиот народ го сакаше Јакова заради неговата светост, а многу од еврејските старешини веруваа во неговото учење и сите со наслада го слушаа, и многу народ се собираше околу него, едни да ги слушаат неговите поуки, други да се допрат до облеката негова.
               Во тоа време еврејски правосвештеник стана Ананиј. Кога виде дека сиот народ внимателно го слуша учењето на Јаков и многумина се обраќаат кон Христа, Ананиј и со него книжниците и фарисеите од завист започнаа да се гневат и да размислуваат како да го убијат. Тие се договорија да го замолат со своето учење да ги одврати луѓето од Христа, па ако одбие да биде убиен.
               Но, се наближуваше Пасха и многу народ од сите страни се собираше во Ерусалим на празникот. Царскиот намесник Фист, кој го избави апостол Павле од рацете на евреите и го испрати во Рим, веќе беше умрел, а негов заменик сѐ уште немаше испратено од Рим. Користејќи ја таа ситуација, книжниците и фарисеите го опкружија свети Јаков во храмот и му говореа:
          - Те молиме, праведниче, во денот на празникот Пасха, на кој од секаде се собира многу народ, да му изговориш поука на народот за да го одвратиш од Исуса, во Кого многумина се прелестија, сметајќи Го за Син Божји. Убеди ги да ја остават таа заблуда, бидејќи сите ние те почитуваме и со целиот народ те слушаме. Цврсто сме убедени дека ти вистината ја зборуваш и застапуваш, и не гледаш кој е кој. Затоа, посоветувај го народот да не се прелестува со Исус Распнатиот. Те молиме, качи се на високиот покрив од храмот, за сите да можат да те видат и слушнат, бидејќи како што гледаш на празникот се насобрал многу народ, како од евреите така и од останатите.
Откако го рекоа тоа, тие го качија свети Јаков на покривот од храмот и силно викнаа кон него:
- О, праведнику, сите сме должни да ти веруваме! Еве, овие луѓе, во заблуда се што одат по Исус Распнатиот. Затоа, кажи ни искрено, што мислиш ти за Исус?
На тоа светителот со силен глас рече:
            - Зошто ме прашувате за Синот човечки, Кој доброволно пострада? Беше распнат и погребан, и во третиот ден воскресна од мртвите. Синот човечки сега седи на небесата од десната страна на Севишниот. И повторно ќе дојде на облаците небесни да им суди на живите и мртвите.
Народот многу се израдува од таквото сведоштво на свети Јаков за Исус Христос и сите едногласно воскликнаа:
- Слава Му на Бога! Осана на Синот Давидов!
              Тогаш фарисеите и книжниците рекоа:
- Неправилно постапивме што му дозволивме на Јаков да 3борува за Исус, зашто народот уште повеќе се збуни.
И многу разбеснети од злоба, тие го турнаа свети Јаков од покривот, за да го преплашат народот, и од страв да не им верува на неговите зборови. Притоа силно викаа:
- Ооо! И праведникот се прелестил!
При падот од покривот свети Јаков многу се повреди, но сѐ уште жив се крена на колена, ги испружи рацете кон небото и се молеше, говорејќи:
- Господи, прости им го овој грев. Тие не знаат што прават.

vozdvizenie.jpg


            А фарисеите започнаа да фрлаат камења по него и да му нанесуваат нови рани. Меѓутоа, еден човек од родот Рихавов извика:
- Престанете! Што правите? Праведникот се моли за вас, а вие со камења го засипувате?
                   Притоа еден човек се стрча кон светителот и толку силно го удри по главата, што мозокот му се истури на земјата. Во таквите маки свети Јаков го предаде својот дух на Господа.
Неговото свето тело беше погребано во близина на храмот, при што верните горко го оплакуваа праведникот.
Свети Јаков триесет години беше епископ во Ерусалимската црква, а имаше шеесет и шест години кога пострада за Христа Господа, Кому со Отецот и Светиот Дух чест и слава низ сите векови. Амин.

 

 05.11.2023

 

Молитва кон Светиот Апостол Јаков
Брат Господов!


О, Божји угодниче Свети апостоле Јаков брат Господов, помоли Го Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител, за нас грешните и неблагодарни луѓе, за здравје и спасение на душите наши. Милостиво да нѐ послуша во нашите молитви и да ни дарува Христос Бог, духовна мудрост, просветен ум и разум, срце храбро, чисто и полно со љубов да создаде во нас и вистинскиот дух да го обнови во нас.
По твоите молитви, Бог да го ублажи Својот праведен гнев, па по Својата милост и човекољубие, да ни ги прости сите наши гревови, на нашите родители и некои роднини наши, кои сме ги извршиле во деновите на нашиот живот сѐ до овој час: со помисла, збор или дело и со сите наши сетила душевни и телесни, волни и неволни, направени свесно или несвесно, за кои си спомнуваме или не си спомнуваме; поради коишто, нашиот Бог ги казнува децата наши, па сите ние заедно страдаме од безброј душевни и телесни болести; и по милоста Своја, да нѐ избави од ѓаволските мрежи што ги плете лукавиот сатана околу нас, за навек.
Човекољубивиот Спасител наш, по Своето милосрдие да го всади коренот на добрината и стравот Божји во нашите срца, духот на кроткоста и смирението, духот на љубовта и трпението, духот на незлобието и братољубието и духот за грижа за нашето и спасението на ближниот, за да можеме од нас да ги отстраниме секое паѓање во грев, сите наши непотребни грижи, лоши мисли и помисли, кои нѐ осквернуваат и ни го расипуваат животот и односите со ближните, како би можеле да престанеме да се напаѓаме еден со друг и да си простиме еден на друг, и така помирени заемно опростени двократно да Го восфалуваме и да Му служиме на нашиот заеднички Господ Бог Исус Христос и да бидеме Негови верни слуги.
Непрестајно моли Го Христа Бога, да го сочува мирот во нашата татковина и мир да завладее во целиот свет, да го сочува единството во Црквата наша Православна од ереси и расколи; да ни подари снага и сила за да им оддолееме на видливите и невидливите непријателски напади; верните да ги утврди во верата а заблудените и оние што отстапиле од Црквата, да ги обрати на вистинскиот пат на покајанието на своите гревови и исповед, и да успеваме во духовниот живот, во секое добро и на Бога угодно дело, да ги исполнуваме Божјите заповеди и да се поучуваме во законот Божји.
Смирено и умилно ти се молиме, помогни ни да се сетиме на своите прегрешенија, кои длабоко гребат во душите наши и упати нè на патот на покајанието, та преку секојдневни молитви и покачен плач да пролеваме порој од солзи за да ја измиеме сета наша гревовна нечистотија. Води нѐ по патот на спасението, за да можеме со твоето застапништво и помош да ги достигнеме Божјата правда и Царството Небесно.
Сесрдно те молиме, да ни помагаш, добро да се подготвиме на овој свет и моли Го Господа да ни даде добар христијански крај на нашиот живот, без болки и непосрамен, и да дадеме добар одговор на страшниот Христов Суд, кога ќе дојде да ни суди со Своите ангели; да се смилува на нас и да ги спаси душите наши и да нѐ удостои да стоиме од Неговата десна страна со сите светии во делот на спасените, да ни подари вечен живот и да нѐ прими во Царството Небесно, кадешто ништо нечисто не влегува и, а постојано блеска Вечната Светлината од Лицето Божјо, и таму заедно со тебе, Пресвета Богородица и сите Светии, да Го славиме и прославуваме нашиот Господ и Бог и Спасител наш, Исус Христос, Кому Му прилега секаква слава, чест, благодарност и поклонение, со Неговиот беспочетен Отец и Пресветиот, Благ и Животворен Дух Негов, постојано, и сега и секогаш и во вечни векови.
Амин!

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6656
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6459
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5644
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная