логоFacebookTwitterYouTubeeMail

А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн. 6, 62). Секако, тоа не значи дека Христос, како Бог, не бил на Небесата за време на Своето вочовечување, туку дека ќе се вознесе и со човечкото тело. Впрочем, Неговото слегување од Небесата се подразбира како Божествено снисходење, а не како просторно преместување.

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум, поради што мнозина го исмеваа и навредуваа, а често и физички го повредуваа.

И многу други, како што соопштува божествениот Лука, и говори, Му служеа на Христа и на Неговите ученици, со својот имот. Тие го проповедаа воскресението и ни кажаа многу догмати, за уверување и известување на вистинитоста на Христовото воскресение. Црквата Христова прими по Тома да се празнуваат и тие, кои први го видоа Христа воскреснат од мртвите, и на сите ја пренесоа спасителната проповед

489635-mpaloykli3

Невозможно е да се наведат сите чуда источени од Животодавниот Извор преку кои беше излеана благодат врз цареви, патријарси, врз големци како и врз обични луѓе. Силата на благодатта до денешен ден дејствува преку изворската вода. Таа сила лично ја имаат доживеано не само православни христијани, туку и католици, Ерменци, па дури и Турци.

Христовото Воскресение е најголемиот настан во историјата. Тоа е она што го диференцира Христијанството од било која друга религија. Другите религии имаат смртни водачи, додека Глава на Црквата е Воскреснатиот Христос. Христовото Воскресение е обновувањето на човечката природа, повторно создавање на човечкиот род,

Pogrebenie.jpg

Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Кондак, глас 6: Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница,

Св. Кирил Александриски во негова беседа на Неделата на Цветници се осврнува на релацијата, но и на разликата помеѓу двата големи Господови празници. Вчера, вели, т.е. на Лазаревата Сабота, празнуваше Витанија, денес, т.е. на Неделата на Цветници, целата Црква го прима Божјото присуство. Вчера Христос му подари живот на друг, т.е. на Лазара, денес Самиот доаѓа кон смртта. Вчера воскресна четвородневниот, денес доаѓа во Ерусалим тридневниот.

Кога прекорува, Тој раѓа страв, но само што ќе прекори, Самиот Тој плаче. Иако е многу строг, Тој е и многу добар.
Велат дека никогаш не Го виделе да се смее, туку само неколку пати како плаче. Неговите раце се убави, одухотворени и впечатливи. Сиот негов говор го сметаат пријатен и привлечен. Ретко го гледаат меѓу луѓе, но кога се појавува, настапува смирено.

Кога го прочита овој напис, старецот најпрво се запраша, кој го напишал ова. Зашто таа, како што самата му имаше кажано, не знаеше да пишува. Но, многу се зарадува што го дозна името на преподобната. А, дозна и тоа дека таа минатата година, во истата ноќ кога се причести, стигнала до потокот, до кој, тој самиот мораше да патува дваесет дена, и веднаш си заминала кај Бога.

Веднаш морето се исполни со бродови, а копното со пешадија и безбројни коњаници. Тогаш патријархот Константинополски Сергиј, го тешеше народот да не се предава и да не се разочарува, туку сета своја надеж од душа да Му ја предаде на Бога и на Неговата Пречиста Мајка Богородица. Исто и патрицијот Вонос, кој тогаш управуваше со градот, го направи она што беше потребно за да ги одбие непријателските војници. Тој велеше: „Треба и ние, покрај помошта одозгора, да го направиме она што е во наша моќ“.

Ја избра арената на неговите пустински подвизи на оддалеченост од осум километри од соборниот манастирски храм, во местото наречено Тола, и таму проживеа цели четириесет години, без мрзливост и нетрудољубивост, секогаш разгорен од горешта љубов (еротас) и од пламенот на божествената љубов (агапи). Но, кој е способен да ги опише и да ги пофали со зборови усилијата кои ги вложи во ова место преподобниот?

 Преданието вели дека  домот на света Лидија бил првиот европски храм во кој проповедале апостол Павле и евангелистот Лука. По примерот на светителката Христовата вера ја примиле многу македонци во Филипи и околината. Таа е основоположник и на црквата во Тиатар, една од седумте азиски цркви според Јовановото Откровение.

Живeeл вo VI вeк. Тoлку сe усoвршил вo бoгoугoдниот живoт штo ги лeкувал сo мoлитва и најтeшкитe бoлни. Нo нeпријатeлoт на рoдoт чoвeчки навeдувал на нeгo силни искушeнија. Така, eднаш била испратeна при нeгo развратна жeна oд нeкoи мајтапчии. Сe прeправала прeд нeгo и плачeла за да гo навeдe на грeв. Видувајќи дeка ќe паднe вo грeв, Јакoв ја ставил свoјата лeва рака вo oган и ја држeл дoтoгаш дoдeка сeта нe сe испeкла.

Сакав да направам многу добро во светот, но човек планира, а Бог решава. Животот ја следи својата брза и импресивна авантура. Сам пристигнав на универзитетот во Ласи. Таму видов дека навистина се има отворено голема иднина за мене. Живеев нормален живот, бев еден од најнадарените студенти, пријател на сите, со необична жед за идеите за нов свет, во кој владеат љубов и правда, совршена хармонија.

Првото митарство беше на лагата, второто - на клеветата, третото - на зависта, четвртото - на лажливата навредливост поради самољубие, петтото - на гневот и јароста, шестото  -на гордоста, седмото - на ругањето и сквернословието, осмото - на лихварството и измамата, деветтото - на суетата, десеттото - на среброљубието, единаесеттото - на пијанството, дванаесеттото - на злопамтието, тринаесеттото - на чародејството, четиринаесеттото - на маѓесништвото и употребата на талисмани, петнаесеттото - на стомакоугодието и идолослужението, шеснаесеттото - на прељубодејанието, седумнаесеттото - на убиството,

Света блажена Ксенија е родена во првата половина на XVIII век од благочестиви и благородни родители; нејзиниот татко го викаа Григориј, а името на мајка и` е непознато. По полнолетството Ксенија Григориевна стапи во брак со судски пејач, полковник Андреј Фјодорович Петров и живееше со сопругот во Санкт-Петербург. Но, Господ не и` даде долго на младата да биде заедно со сопругот во животот, ангелот на смртта ги одвои: Андреј Фјодорович го заврши животот и ја остави Ксенија Григориевна вдовица на 26 години од нејзиниот живот.

Во околината на Антиохија имаше една огромна и страшна змија, која незнабожните Елини ја почитуваа како едно од своите погани Божества. И секоја година и пренесуваа по една жртва. Една чедна девојка, посебно чувана за таа пригода и ја давале на змијата да ја изеде, додека целиот народ го гледал тоа.

Христологијата нè учи дека во Христовата Личност целосно се соединети Божјата и човечката природа. Христос е вистински човек, но и вистински Бог. Во Него, Божјата и човечката природа се проникнуваат неразделно, но и неслиено. Ова е догматот со кој е заклучен Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон. Доколку не беше вака, доколку Христос би бил само Бог, а не и вистински човек, тогаш воплотувањето на Синот Божји и неговото појавување во светот ќе немаше смисла.

Апостол Павле престојувал во тој затвор во текот на неговото второ апостолско патување. Во Троада имал видение на еден човек од Македонија, кој барал помош . Тој, Сила и останатите веднаш отпловиле за Неапол. Од Неапол отпатувале во Филипи.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 142
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 338
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »