логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

(27 октомври)

Нејзиното житие вели дека е родена во Епиват во Тракија меѓу Силиврија и Цариград, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на Х век. Родителите ѝ биле побожни, а така ги воспитувале и своите деца. Имала брат по име Ефтимиј кој подоцна станал епископ Мадитски. И Параскева уште од млади години  покажувала интерес за монашкиот живот.

Кога ѝ умреле родителите Параскева заминала во Јорданската пустина каде што долго живеела во молитви, пост и плач. Се хранела со пустинска растителна храна, само еднаш во денот, и тоа навечер. Долго време ѓаволот се обидувал да ја одврати од приврзаноста кон Бога. Се преправал во разни форми, па и како ѕвер ја напаѓал, но таа не се поколебала.

Кога остарела ангелот Божји ѝ соопштил дека треба да се врати во родното место зашто е дојден часот кога треба душата да Му ја предаде на Бога: „Остави ја пустината и врати се во својата татковина, бидејќи таму треба да го оставиш телото на земјата, а со душата да преминеш кај Господа“. Параскева набргу се вратила во родното место и никому не кажувала која е. Набрзо умрела, а бидејќи жителите на нејзиното родно место не ја познавале, ја погребале не на селските гробишта, туку одделно, како странец. Била погребана близу до морскиот брег, а во близината имало еден столб и на него седел некој столпник. По извесно време морските бранови исфрлиле тело на некој патник кој умрел на брод, а морнарите го фрлиле во морето. Тоа тело набрзо почнало да се распаѓа од што засмрдела целата околина, така што тука не се минувало. Тогаш столпникот слегол од столбот и замолил некои луѓе да го закопаат мртвото тело во земјата за да не смрди. Тие почнале да копаат во близината на брегот и за нивно изненадување нашле тело на жена, но не му посветиле поголемо внимание, зашто, како што си мислеле, ако било на некоја светителка, Господ порано со некои чуда ќе укажел на него. Телото на жената света Петка го закопале, а врз него и телото на патникот, што го исфрлило морето.

Ноќта на еден од тие луѓе по име Георгиј му се сонила царица на светол престол со многу светли војници. Георгиј тогаш паднал, а еден од војниците му пришол, го подигнал и го прекорил што телото на света Петка го погребале заедно со смрденото тело на патникот. „Георгиј, зошто го презревте телото на преподобната Параскева и заедно со неа го закопавте смрдливото тело? Веднаш земете го телото на преподобната и положете го на достојно место зашто Бог сакаше да ја прослави на земјата својата слугинка“. Тогаш и царицата му рекла: „Побрзај да ги земеш моите мошти и да ги положиш на достојно место, бидејќи не можам повеќе да ја трпам смрдеата од тој труп. Оти и јас сум жена и мојата татковина е Епиват, каде сега и вие живеете“. Таа ноќ истото ѝ се сонило и на некоја жена. Утрото и двајцата ги раскажале соновите по што со голема свеченост телото на света Петка било откопано и погребано во црквата на Светите апостоли Петар и Павле во Епиват.

Подоцна телото на Преподобна Параскева било повеќепати пренесувано од едно место на друго. Најпрво бугарскиот цар Јован Асен 1238 година измолил телото на преподобна Параскева-Петка да биде пренесено во Трново (во селото Арбанаси), поради што таа се вика Трновска или Арбанашка. Но кога Турците го зазеле Трново моштите на света Петка биле пренесени во Влашко, а кога и Влашко паднало под турска власт во 1396 година кнегињата Милица го измолила султанот да ѝ дозволи да ги пренесе во Србија. Тогаш моштите биле погребани во Белград. Но кога и Белград го освоиле Турците во 1521 година светите мошти биле однесени во Цариград каде што се прославиле не само меѓу христијаните, туку и меѓу муслиманите. Но и тука во патријаршиската црква каде што биле погребани не останале засекогаш. Во 1641 година молдавскиот војвода Василиј Лупул го измолил цариградскиот патријарх Партениј да му ги даде моштите на света Петка и ги пренел во црквата „Три светители“ во светиот град Јаши, а денес се наоѓаат во новиот храм, кој нејзе ѝ е посветен.

Во спомен на маченичката и чудотворка преподобната Параскева-Петка Трновска, Светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27/14 октомври и што во народот е познат како Петковден.

(Забелешка: Името на света Петка често пати е злоупотребувано од богоборните бајачи и гатачи, па го заблудуваат народот велејќи, дека света Петка ги врзала, ги мачела, ги терала да баат и гатаат. Отидете во Романија, во градот Јаши, каде што почива нејзиното свето тело, и ќе видите која е и колку почитувана светителка е таа и дека нема никаква врска со таа лажна и злоупотребена претстава.)

Молитва

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото Евангелие, ревнителке за Господовите заповеди, која се удостои да влезеш во пристаништето на вечниот спокој и во одајата на твојот жених Христос Бог да се радуваш, со двоен венец на девство и мачеништво украсена! Те молиме, света маченичке, биди за нас молителка кон Христа Бога, од Чиј што преблажен поглед секогаш се радуваме. Моли Го Семилостивиот, Кој со еден збор на слепородениот му ги отвори очите, да нѐ избави од болеста на нашите очи, на телесните и духовните; растргај го со своите молитви духовниот мрак, создаден од нашите гревови, измоли од Отецот на Светлината благодатна светлина за нашите духовни и телесни очи; просвети нѐ нас, помрачените од гревови, со светлината на Божјата благодат, та преку твоите слепи молитви да им се даде на оние кои не гледаат слатко гледање. О, велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маченичке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници, побрзај да ни помогнеш, бидејќи сме немоќни. Моли Го Господа, чиста девојко, моли Го Милосрдниот, света маченичке, моли Го твојот Жених, непорочна невесто Христова, та потпомогнати од твоите молитви, да го растргнеме гревовниот мрак, во светлината на вистинската вера и дела Божествени да влеземе во светлината на вечниот невечерен ден, во градот на постојана радост, во кој ти светло блескаш со слава и бескрајна веселба, славословејќи и воспевајќи го со сите небесни сили Трисветлото Единствено Божество, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

https://crkvaveles.wordpress.com/2018/10/26/sv-petka/

 

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 258
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 219
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 191
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo,...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој...

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија...

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Додека Филип проникнуваше со таква љубов кон Месијата, славниот Месија, Христос, дојде во Галилеја и го најде Филипа и му рече: "Дојди по Мене" (Јован 1: 43). - Оваа покана...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 „ А кој е мојот ближен?“. Многу христијани не знаат кој е нивниот ближен. Под ближен се подразбираат сите луѓе, од сите раси, од сите народности, од целиот свет. Сите...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Драги христијани, секој што умира, привремено заспива со своето тело, а останува засекогаш жив со својата душа, која не може да умре и која при Второто Христово доаѓање, повторно ќе...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас  (04.11.2018)

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас (04.11.2018)

Денес потомци на таа Христова црква сме сите ние заедно тука – како заедница. Како членови на Телото Христово, треба да знаеме дека кога страда еден орган – страда целото...

« »