логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Кога сѐ уште бил во пустина со отец Клеопа, тие биле зафатени од силно невреме во шумата. Отец Клеопа спиел под еден бор, а отец Арсениј под друг, на растојание од два метра. Во тој момент, една змија излегла од леглото каде што спиел отец Арсениј.

164674.b

Како и сегогаш, крај моштите, мислите ми излетаа од главата, сите молби некаде исчезнаа, само некаква апсолутна смиреност, полно спокојство, и чиста (би рекла „детска“ –и непоматена) вера ми останаа… Не знам зошто, ама никогаш не знам да молам за нешто важно во оној момент, кога пристапувам до светињата: срцето замира, здивот дури ми запира, а за формулирање на мисли не ни зборувам…

 12/01/2015   Богослужби

Вчера, на 11.01.2015 г, во Црквата „Св. Благовештение Прилеп“, по традиција беше осветен славски колач на денот на упокојувањето на блаженоупокоениот Преподобен отец Гаврил Светогорец. По неговите свети молитви, Господ и нас да не помилува и спаси, како Благ и Човекољубец.

10915285_629240027181002_5254510081108444146_n

1982083_629240547180950_7304525822375260810_n

Тропар, глас 8:

Голем украс на епископите, убавина на светителите, правило на монасите, на пустиниците слава, подател на милоста, светилник на расудувањето, верни, откако се собравме, да го прославиме учителот на кротоста, божествениот грижник, премудриот архиереј, великиот светител и отец наш, Гаврил епископот Велички, Ѕвездата, темните луѓе што ги просветува, и сите верни што ги озарува. Затоа, припаѓајќи кон кивотот на неговите мошти, со љубов ја целиваме и пееме: свет од светите, не престанувај да Го молиш Христос Бог, да ги спаси душите наши.


10924686_629240290514309_4277937358231809285_n

Молитвата е прва и најважна работа

Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее.

Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема.

Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест.

Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.

Вкусувајќи ги горчливите плодови на многузборливоста, празнословието и празномислието, секој од нив (монасите), а во прв ред младите, со сета своја снага се стремат во себе да развијат што поголема љубов кон молитвата, да се навикнат на непрестајното молитвено општење со Бог, за секогаш да бидат со Него. Многумина се во состојба со бројаници во раце и повикување на Божјото име со зборовите на Исусовата молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“, цел ден и цела ноќ стојат како заковани на едно место, заборавајќи и на јадење и на спиење.

Старец Гаврил Лесновски Светогорец

10336619_629240317180973_3313514021006758293_n

 

Извор: Преспанско- пелагониска епархија

 

 

 

Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема. Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест.Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.

 

Кратко житие на Света Ирина Миртидитиотиса
13.02.2008.

      

 

        „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели” (Јн. 15, 13). Во природата на љубовта е да биде себе – жртвувачка. Живејте во љубов, заповеда апостолот Павле, како што и Христос нè засака и Себе си за нас се предаде како принос и жртва на Бога за пријатен мирис (Еф. 5, 2). Исто така, светителите – оние кои ја покажаа Христовата себе-жртвена љубов – се пријатниот мирис Христов пред Бога (ИИ Кор. 2, 15). Далеку од поетската пластичност, благоуханието кое излегува од реликвиите и моштите на бројни светители, чудесно го илустрира овој факт, за нас сетилните созданија, на многу реален начин. Пред неколку децении, блажените мошти на монахињата Ирина Миртидиотиса, кои беа ексхумирани три години по нејзиното упокојување, беа пронајдени облеани со миро, пријатниот мирис на живот жртвуван за друг. Ирина Деметра Патерас е родена на 30/17 март 1939, како трето дете во една влијателна, грчка, бродосопственичка фамилија од островот Инуси. Нејзиното име „Ирина” на грчки значи „мир”- и навистина, девојката имаше мирен и благ темперамент, иако во врска со верата не се колебаше да ги одбрани нејзините убедувања. Семејството живееше во Александрија, каде што шестгодишната Ирина посетуваше римокатоличко училиште. Еден ден, без согласност од нејзините родители, беше одведена во црква за да се причести. Кога ја одби обландата понудена од свештеникот, тој се обиде да ја убеди. „Во ред е”, и рече, „сите ние сме исто”. „Во тој случај”, му одговори храбрата Ирина, „вие дојдете во Света Софија (Православната Црква) на причест. Тогаш и јас ќе примам Причест од вас”. Семејството се врати во Атина кога, во 1952г., таткото на Ирина, поранешниот капетан и истакнат член на општеството, сериозно се разболе.

 
Sample Image
 

    Тоа беше една година пред докторите да дијагнозираат Хочкинсова болест, прогресивна, крајно фатална болест, која предизвикува болно воспаление на лимфните јазли, панкреасот, честопати на црниот дроб и бубрезите. Ирина многу го сакаше татка си, и нејзината чувствителна душа не можеше да поднесе да го гледа како страда. Се молеше, Бог нејзе да и го даде овој крст, наместо на татко и, така што болеста да премине на неа и татко и да биде ослободен. Со нејзината дарежлива, несебична душа, таа расудуваше дека семејството повеќе има потреба од татко и отколку од неа, и дека тој може да направи многу повеќе добрини на другите луѓе преку неговите човекољубиви дела.

Две недели подоцна Ирина доби треска. „Да не ја имам и јас истата болест како тато?”, ја праша мајка си. Мајка и ја уверуваше дека не се работи за истата болест, чудејќи се од каде и е таквиот впечаток. Ирина секогаш имаше добро здравје и затоа нејзините сметаа дека има грип. Но како што минуваа деновите, нејзината треска не намали, па затоа ја одведоа во болница. Помеѓу посетителите на Ирина беше и директорот на средното училиште. Кога нејзината мајка му се заблагодари за честа што им ја направи со посетата, тој и одговори дека честа и припаѓа на Ирина; гордост за училиштето беше што има ученичка со толку добар карактер. Болеста на Ирина најпрво беше дијагнозирана како ревматизам. Третманите не и годеа и нејзината состојба се влоши; изгуби 22 килограми. По биопсијата на лимфна жлезда беше откриена Хочкинсова болест. Нејзините родители беа известени, но одлучија да ја кријат вистината од Ирина, и кога Ирина пак ја праша мајка си дали ја има истата болест како татко и, мајка и пак и рече дека ја нема. Докторот од Клиниката Хирсланд во Швајцарија, каде што се лекуваше татко и, беше запрепастен; помеѓу 10 000 пациенти со Хочкинсова болест, ниту еднаш немаше сретнато два случаја во исто семејство. За да ги разбијат сомнежите на Ирина, нејзините решија да консултираат уште еден специјалист за крв од Лондон. Пред да биде подложена на испитувања, Ирина ненамерно си ја виде дијагнозата, која беше напишана од докторот во Швајцарија. Кога мајка и ја запраша зошто изгледа толку тажна, Ирина и одговори, „Ништо не е мамо. Јас сум само човек. Ќе помине.”

Подоцна и се довери на сестра си и и кажа дека била вознемирена затоа што не и соопштиле уште на почетокот, за да може правилно да се посвети на својот живот. Ì кажала на сестра си дека Го молела Бога, болеста од татко и да премине на неа, и била изненадена од тоа колку брзо Бог и одговорил на молитвите. На брзо, сè излезе на видело, и нејзините почнаа да разговараат со неа за подготовки околу погребот, како што би требало, нормално, да планираат за свадба. Во меѓувреме, болките на татко и не престанаа, како и третманите со зрачење, а болеста, за чудо, беше во опаѓање сè до смртта на неговата ќерка, пет години подоцна. Тој беше длабоко трогнат од жртвата на ќерка му, и тагуваше поради нејзините страдања, но тој, заедно со целото семејство, ги прифати овие настани за слава Божја. Ирина се радуваше. Семејството Патерас беа луѓе посветени на Бога, и Ирина беше побожна девојка, а сега стана уште посовесно сконцентрирана на нејзиниот духовен живот.

Преку ден го читаше богослужбениот циклус и ги читаше житијата на светиите и светоотечките текстови. Нејзините страдања уште повеќе и го разнежнија срцето кон другите во нивните несреќи, и таа утеши многумина преку нејзините писма и молитви. Самата несвесна за ова, му кажа на нејзиниот духовник, „јас имам камен во срцето. Моли се да ми омекне каменот, та да стекнам љубов”. Далеку од себесожалување, сметаше дека таа има привилегиран живот. Ì рече на мајка си: „Штом ќе се разболам, веднаш авионски одиме во Швајцарија. Наваму, госпоѓице Патерас; повелете госпоѓице Патерас. Чисти чаршави, добар кревет, најдобри лекарства, насовремена терапија. Мамо, зарем не помниш, кога ги посетувавме болниците во Грција и ги гледавме пациентите во кревети поставени во ходникот, како викаат, „Сестро, сестро!” и никој не им обрнуваше внимание? Не беа ли и тие луѓе? Каков одговор ќе дадам јас (на Старшниот Суд)?” Таа мислеше дека, доколку некој друг би ги имал нејзините привилегии, би станал светител. Нејзината префинета совест ја водеше кон смирение. Во 1960г., Ирина помина четириесет денови во женскиот манастир на свети Мин на Егина.

Прозорливиот богоносен старец Јероним живееше во блискиот скит, и таа имаше многу прилики да го посетува и да добие поуки и совети. Тој и даде да ги чита Подвижничките слова на свети Исаак Сирин. Откако ги заврши, тој ја праша дали го разбра она што го читаше, а таа едноставно призна: „Не”. Старецот и рече пак да ја прочита книгата, а следниот пат таа дојде кај него со белешки. Кога се врати дома во Психико, предградие на Атина, Ирина се пресели во подрумската соба, која беше преуредена како монашка ќелија. Иако сметаше дека возвишениот призив за монаштво беше над нејзините способности, таа сè повеќе се повлекуваше од светот, кон молитвен живот. Побара сите нејзини световни облеки и предмети да бидат раздадени, а таа носеше едноставна сива облека. Подоцна носеше само црно. Старицата Матрона од Хиос дојде да живее заедно со Ирина, и нејзиното присуство многу допринесе кон монашкиот амбиент која, уште тогаш, го карактеризираше животот на Ирина.

Нејзините телесни страдања, кои ги поднесуваше со ретка цврстина, ја очистија нејзината душа, правејќи ја да свети со надземен спокој и радост, очигледни за сите кои контактираа со неа. Ирина сакаше да го прегрне монаштвото во сета негова полнота. Во есента, 1960 год. отец Пантелејмон, (поранешен) игумен на манастирот Свето Преображение во Бруклин, дојде на посета, бивајќи веќе добро запознаен со семејството и нивната посветеност на Црквата. Охрабрена од нејзината мајка, Ирина конечно го праша дали може таа да стане монахиња, имајќи го предвид фактот дека таа не е способна да го извршува монашкото правило. Отец Пантелејмон ја увери дека во такви случаи трпението и безропотното прифаќање на страдањата ги заменува метаниите, постот и другите подвизи. Пресреќна, Ирина побара монашкиот постриг да биде по три недели, на 26 октомври/08 ноември, празникот на свети Димитриј Мироточивиот, нејзиниот светител заштитник. Болеста напредуваше до тој степен, што докторите мислеа дека може да умре за неколку дена, дури и часови, па така, некои предлагаа нејзиниот постриг да биде порано, но Ирина беше уверена дека Бог ќе и подари уште време. Во предвечерието на празникот, отец Филотеј Зервакос и отец Пантелејмон, нејзиниот кум на монашењето, дојдоа да служат бдение во извонредно опремениот домашен параклис.

  
Sample Image

 
Ирина имаше тешки болки и мачна кашлица, па затоа отец Филотеј и рече да остане во кревет, а кога ќе дојде моментот од богослужбата за монашење, тие ќе слезат долу и во нејзината соба ќе ја замонашат. Кога започна бдението, Ирина тивко стана од креветот, и со малиот лифт се качи горе во собата веднаш до параклисот, од каде што ја следеше службата. Токму пред делот од службата кога треба да се изврши замонашувањето, таа влезе во параклисот и не обрнувајќи внимание на болките и крајната истоштеност, отиде околу параклисот, правејќи големи метании пред секоја икона. Во текот на службата, кашлицата на Ирина намали, и покрај нејзиниот напор, почна да се чувствува подобро. Беше облечена во ангелска схима со името Ирина Миртидиотиса. Две недели по нејзиното монашење, мајка Ирина се чувствуваше речиси добро, и за чудо на докторите, крвниот тест покажа забележително подобрување на нејзината состојба. Одеднаш, на 8/21 Ноември, нејзините неподносливи болки пак почнаа и таа беше однесена во болница. Роднините и духовните познаници правеа бдение покрај нејзината постела, зашто веќе беше јасно дека нејзиното преставување се ближи. Рано наутро на 13/26 ноември, мајка и ги повика сите оние кои беа во куќата, веднаш да дојдат во болницата. Отец Филотеј, исто така дојде. Сите стоеја околу креветот на Мајка Ирина во молитвена тишина.

Претходниот ден, таа му беше рекла на еден нејзин другар: „Ако сакаш повторно да ме видиш, дојди утре многу рано, пред изгрејсонце”. Нејзините зборови беа предзнаење. И додека сонцето го осветлуваше небото, мајка Ирина мирно си отиде од овој свет за да Го сретне Небесниот Младоженец. Телото и беше однесено дома, каде што беше подготвено за погребение. Погребот беше извршен истиот ден, во светиот манастир на свети Јован Богослов во Холаргос, предградие на Атина. Меѓу присутните имаше такво чувство на радост, така што свештеникот гласно се запраша дали е можеби попогодно да се пее Пасхална служба.

Беше погребана на манастирските гробишта, а нејзиното тело беше ставено директно во земјата без ковчег, според грчкиот монашки обичај. Три години подоцна, според истиот обичај, моштите на мајка Ирина беа ексхумирани. После литургијата на празникот на Богородица „Миртидиотиса” (Септ. 24/окт. 7) 1963г., отец Пантелејмон со другите монаси и клирици отидоа заедно со мајка и на Ирина на гробиштата, носејќи со себе кутија во која требаше да ги префрлат коските. Копајќи надолу ги најдоа нејзините мошти потполно нераспаднати и со благоухание. Во чаршав беа префрлени во манастирот, каде што пресреќните монахињи испејаа Пасхална стихира, и потоа беа однесени во ќелијата на мајка Ирина, во Психико. Таму, монахињите од манастирот ги измија и ги облекоа во најзиното расо.

Тие беа соодветно положени да почиваат во реликвијарот во капелата на манастирот Благовештение, кој беше основан од семејството Патерас на Инуси, островот на којшто беа родени. Кога мајка Ирина беше подготвена за погребение, татко и погледна кон нејзиното спокојно лице и нежно и рече: „Ти ги затвори очите, чедо мое, сега моите болки повторно ќе почнат”. Навистина почнаа. Тој се упокои на празникот на Свети Никола, 6/19 декември, 1966г., три години по примањето на монашкиот постриг, за што беше добро подготвен живеејќи 14 години со постојано мислење на смртта. По неговата смрт, неговата жена, по заложбите на старецот Јероним од Егина, исто така стапи во ангелскиот живот. Следејќи ги поуките од старецот, таа стана игуманија во манастирот Благовештение. Идејата за основање манастир дојде во 1959г. кога семејството Патерас беа во клиниката Хирсланден со Ирина. Беше изграден со зачудувачка брзина. Порталните икони беа направени од познатиот иконописец Фотиј Кондоглу, кој ја охрабруваше фамилијата Патерас  во нивниот свет подвиг. Манастирот го следи стариот календар и древниот типик на свети Сава.

 

 http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=223&Itemid=104

 

Друго:

  Слава на Бога за се - монахиња Марија Миртидиотиса

 Причислен кон светите преподобниот Никифор Лепрозен

 Старец Филотеј Зервакос

 Кратко житие на Старец Јероним Егински

 

 

 

 

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 115
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 80
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 209
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

« »