логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Некогаш, ако некој бил пореметен или пијан, се срамел да излезе на улица, затоа што ќе го презреле. Или, пак, некоја жена кoja скршнала од правиот пат, не смеела да излезе надвор. И тоа, на некој начин, била кочница.

Денес, ако некој живее правилно, ако некоја девојка, на пример, живее побожно, за неа ќе речат: „Бре, каде живее оваа!”

Голема е тајната на Света Троица и неа не може да ја сфати човекот со својот мал и ограничен разум. За блажениот Августин се зборува дека за оваа христијанска тајна многу размислувал и се обидувал да ја сфати, ама попусто. Еден ден, шетајќи се по морското крајбрежје и размислувајќи, тој забележал едно дете кое си играло, така што собирало вода во школка и ја истурало во мала дупка ископана во песокот. Тој застанал и го прашал што работи.

Целиот живот на Црквата е чудо. Наоѓајќи се во лоното на Црквата, верните христијани, стануваат учесници во големите чуда. Тие живеат, постојано чувствувајќи го присувството Божјо. Тие се крштеваат во името на Света Троица и стануваат членови на Телото Христово. Тие се соединуваат со Телото и Крвта Христови во Светата Тајна Евхаристија и стануваат едно Тело и една Крв со Христа. Многу често во својот живот христијаните се сведоци на чудесното јавување на Божјата благодат.

Повторувам дека целта на Христос, нашиот Владика, е да нè научи зошто сме паднале во сите наши гревови; односно како сме паднале во зло. На почеток, Тој нè ослободува преку светото Крштевање, како што реков, проштевајќи ни ги гревовите и дарувајќи ни власт, ако сакаме, да правиме добро, и повеќе да не бидеме присилно влечени на зло.

А кога се оддалечени од Божјата благодат, до нив се доближуваат нечестивите сили и децата стануваат неподносливи, прават неугледни дела. А оние деца кои имаат почит и ги слушаат родителите, наставниците и возрасните, тие  постојано ја примаат Божјата благодат и го имаат Божјиот благослов. Благодатта ги закрилува и ги заштитува. Големата љубов кон Бога заедно со големата почит кон повозрасните, привлекува голема Божја благодат во нивните души и ги облагодетува до таков степен, што тие стануваат забележливи за другите, поради божествениот блесок на благодатта.

  Во почетокот кога Бог го создал човекот, го поставил во Рајот (како што ни кажува божественото Свето Писмо) , украсувајќи го со секаква добродетел и давајќи му заповед да не јаде од дрвото кое било во средината на Рајот.  Така човекот го поминувал времето во Рајот, во молитва и размислување, во секаква чест и слава; здрав во своите чувства и восприемања, и совршен во својата природа каков што бил создаден. Бидејќи Бог го создал човекот по Својот образ,  што значи бесмртен, имал сила слободно да делува и бил украсен со секаква добродетел. Но, кога ја прекршил заповедта и вкусил од дрвото за кое Бог му заповедал да не јаде,

Обрнете внимание на сѐ што изградил човекот – на куќите, на големите и малите згради, на градовите и селата... Обрнете внимание на луѓето и на нивната култура и цивилизација. Прашувајте, надградувајте го своето знаење за сѐ и сешто, не бидете рамнодушни. Тоа ви помага подлабоко да ги согледувате чудесата Божји.

Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека не се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!

Бог точно знае Што тие потребно, Кога ти е потребно,Кој тие потребен. Тој ги знае битките кои стојат пред тебе,соновите кои ке ги достигнеш. Од таа причина неможеме да молиме да се од нас одстрани секоја непријатна животна ситуација во која сме.

Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее. Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема. Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест. Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.

No photo description available.“Ние Ја молиме Себлагата и Пренепорочна Мајка Божја, а Таа се моли за нас. Ние ја прославуваме Неа - Повозвишена од секоја слава, а Таа за нас самите подготвува вечна слава.
Ние често И` говориме: - Радувај Се! , а Таа Својот Син и Бог Го моли: Сине Мој сакан!

Подај им вечна радост, затоа што Ме поздравија со радост!“


sv.Amvrosij.jpg... Бидејќи духовните книги ги читате без нечие раководство, се плашите да не ви се случи да западнете во некакви неправилни мисли и да прифатите неточни мислења. Вашето стравување е многу оправдано. Затоа, ако не сакате да пострадате од ваква душевна неволја, не голтајте ги секаквите нови книги, макар тие да се и со духовна содржина, но чии автори не го потврдиле своето учење  со светоста на својот живот; читајте ги делата на оние Отци кошто Православната црква ги прогласила за апсолутно  и несомнено поучни и спасоносни.

 Откако нашиот Бог и Спасител Исус Христос, поради Своето големо и неискажливо човекољубие, се смилува над човечкиот род, бидејќи не можеше да поднесе Неговото создание да биде држано од ѓаволската измама, Он доброволно се понижи Себе и се воплоти од Светиот Дух и од Пречистата и Славна Богородица и Приснодева Марија,

Веќе првиот израз на овој текст е значаен: еретиците се карактеризираат како мртви, а Православните ги „имаат за спасение Светите Писма“, кои малку понатаму се нарекуваат „Боговдахновени“ и „извори на спасението“, во кои единствено „се благовести науката на Благочестието“, т.е. црковната вистинска (=Православна) вера и живот и спасение.

Stefan.V.CHetvtok.jpgКај подножјето  на крстот обновете ја вашата вера во чудесниот и пречудесниот домострој на нашето спасение, оживејте ја надежта во вашето сопствено спасение, со силата на домостројот кој сте го примиле и кој се одвива преку она што од вас се бара; утврдете се во одлуката да одите во ...

Против невидливиот непријател се подига невидливиот Бог, против силниот - Сесилниот. Затоа, секој момент обраќај се кон Христос и постојано мисли на Него; и ќе се спасиш и себеси и другите. Без Неговата благодатна помош ти не можеш да победиш ни една единствена страст, ни еден порок. Повикувај Го постојано. Тој дојде во светот за да нè засили во Светиот Дух, за да нè очисти и ослободи.

 

Не заборавај дека овде на земјава нема спокој. Не велиː јас веќе остарев во добродетелите, и не се плашамː треба да знаеме, дека стравот од изменувањето и паѓањето никогаш не треба да нѐ напушти, зашто многумина што остареле во добродетелите сатаната ги турка во бездната на гревот само за еден миг, па затоа, „кој мисли дека стои, нека гледа да не падне‘ (1.  Кор. 10, 12),

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1483
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 938
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1187
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…