Преподобен Теофил Мироточив +1548
Преподобниот наш отец Теофил се родил во местото Зики, во Македонија, од побожни и добродетелни родители, кои му дале вистинско христијанско воспитување. Кога пораснал, родителите го дале на школување, а потоа се посветил на високи науки. Природно надарен, тој за кратко време го завршил своето световно образование. Но, при успесите во световната философија тој посебно работел на образувањето на своето срце според правилата на строгото христијанство.




Вака размислувајќи, Захариј се вознемири. А архангелот Гавриил, гледајќи ги помислите на свештеникот, веднаш му одговори кротко и со тивок глас, убедувајќи го, и рече: „Не бој се Захарија, зашто е услишена твојата молитва и твојата жена ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. Зашто јас дојдов од небото не само да ти соопштам за синот, туку му го носам и името. И мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање. Твоето чедо ќе биде дар Божји и од тебе ќе израсне овошка која ќе им даде род на сите луѓе. Ти ќе бидеш татко, а оној што ќе се роди од тебе ќе биде светилник на сиот народ“.[1]

Света блажена Ксенија е родена во првата половина на XVIII век од благочестиви и благородни родители; нејзиниот татко го викаа Григориј, а името на мајка и` е непознато. По полнолетството Ксенија Григориевна стапи во брак со судски пејач, полковник Андреј Фјодорович Петров и живееше со сопругот во Санкт-Петербург. Но, Господ не и` даде долго на младата да биде заедно со сопругот во животот, ангелот на смртта ги одвои: Андреј Фјодорович го заврши животот и ја остави Ксенија Григориевна вдовица на 26 години од нејзиниот живот.
Го нарекуваат „подвижник од градот“. Готви сам, храмот во митрополијата го чисти самиот, не користи мобилен телефон, ретко зборува и на фиксниот телефон. Оди во Атина само за да учествува на Синодските седници користејќи ги автобусите од јавниот превоз, ги обиколува околните села од неговата митрополија одејќи пеш и има заборавено што се тоа скапи архиерејски одежди. „Јас сум еден калуѓер“, вели самиот тој.
Во 1929 година заедно со уште еден од неговите родени браќа стапија во Скитот Сихастрија, каде што веќе монахуваше нивниот постар брат. На почетокот беше поставен да ги пасе овците од скитот, служење кое го исполнуваше со голема духовна радост. Откако ја исполни својата воена обврска (1935-1937), стана монах во истиот скит.
Свети Сампсон Странопримец. Роден е во Рим од богати и угледни родители. Ги изучил сите тогашни светски науки и се посветил на лекарскиот призив. Како лекар бил многу милосрден: ги лечел бесплатно и телото и душата, советувајќи го секого да ги исполнува правилата на христијанската вера. Од Рим се преселил во Цариград и се вселил во еден малечок дом,
Во клирот на Низибиската Црква имало уште еден човек исто така со име Ефрем. Плашејќи се од разобличување на својата незаконска врска со ќерката на еден од значајните граѓани на Низибија, тој ја подучил својата соучесничка во гревот, та таа, кога ќе бидат обелоденети последиците од нејзиниот престап, да ја префрли вината на неговиот истоименик – Ефрем,
Овде во Сихастрија станале познати неговите аскетски подвизи. Не јадел ништо, додека не завршел со исповедање на народот, а исповедал понекогаш и по 15 часови без прекин; спиел многу малку и тоа само после полноќ, седејќи на мала клупа. Од своето молитвено правило никогаш не отстапил сѐ до самата смрт.
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што тој е и творец и законодавец на првите големи киновии, или монашки општожитија, првите вистински манастири.
Но ти (Крстителу Јоване), направи нè, преку твоите молитви, да принесуваме достојни плодови до нашиот последен здив; разреши ја неплодноста на душите наши! Крстителу и Претечо на Христа, нашиот Бог, тебе ти е дадена благодат да се молиш за нас, та преку твоето застапништво да се најдеме на судниот ден непосрамени, и да застанеме од десната страна с
„Јас видов, раскажува таа, прекрасни населби и многубројни населби, подготвени за оние кои Го љубат Бога, преполни со слава и благодат. Ангелите ми ги покажаа посебните населби на апостолите, посебни на пророците, посебни на мачениците, посебни населби за секој светителски чин. Секоја населба имаше неискажлива убавина, широка и долга, би рекла, како Цариград, но неспоредливо поубава, со многу чудесни и пресветли палати.
Знаејќи дека не можат да се надеваат на својата слаба заштита, жителите на престолнината, на чело со патријархот Сергиј, прибегнале кон молитви кон Бога и кон пресветата Мајка Божја, молејќи помош и заштита од напаѓачите, коишто го опколиле градот од сите страни и уште предвреме се радувале на богатиот плен.
Старецот Амфилохиј беше голем приврзаник на силата на монаштвото и на христијанската мисија. Самиот патуваше како свештенопроповедник во текот на сите воени години. Исто така основач е на многу манастири на разни грчки острови и беше одговорен за детските домови и за разни човекољубиви установи. Беше близок духовно со старец Филотеј Зервакос и со свети Нектариј Егински.
Светол облак ја завиткувал поворката и противниците не можеле да ја растурат, иако постојано ја следеле и се обидувале тоа да го направат. Во еден момент, на едно место, малку се кренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш, еден од свештениците се стрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти, но, во тој момент, невидливиот ангел, со меч, му ги пресекол
Кога императорот Јустинијан со 11 новела од 535 по Христа, ги оддели од црковна јурисдикција на архиепископот Солунски северните епархии на Илирик и ја издигна неговата татковина во Архиепископија, со име Нова Јустинијана. Архиепископ Солунски беше Аристид, којшто иако ја прифати промената, сепак се обиде да го сочува политичкото значење на градот,
Поради сиромашноста во повоените години, Старецот не можел да го згрижи отец Јосиф, дури ниту со самите најнеопходни работи за живот. Вообичаеното ракоделие не се продавало. Затоа, Старец Јосиф бил принуден преку неделата да го праќа во манастирите на работа за да се прехранат. Нормално, тоа било големо испитување за отец Јосиф.























