логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Отец Јован Гуцу е еден од најголемите романски старци, кои живееле на Света Гора. Роден е во 1906 година, во Бесарбскиот  реон Сорока, (моментално Република Молдавија) и се упокоил во Господа на 5 Декември,  1996 година во својата ќелија на Света Гора. Живеел и се упокоил во потполно смирение.Отец Јован ни остави неколку поуки, како негов вистински духовен аманет, кои самиот тој ги користел во своите беседи: „Да ги сакаме сите добри дела подеднакво, иако ние треба да започнеме со стравот Божји и да завршиме со нашата љубов кон Него, Кој е венец на сите добри дела. Повеќе молитва, повеќе смирение, повеќе љубов кон Бога – лесно ќе нè доведат до Небесното Царство. Да се молиме еден за друг, и да се надеваме дека Бог нема да нè остави. Тоа покажува дека треба да бидеме свесни, дека не можеме да придобиеме спасение без искушенија, трпение и покајание“.


Отец Јован е роден во Бесарбскиот град Попешти, област Сорока.  Во 1926 година, откако го завршил основното училиште, на 19 годишна возраст, младиот Јован заминал за Света Гора, каде се вселил во скитот на Ватопед  – „Колица“, во ќелијата посветена на раѓањето на Свети Јован Крстител.Подоцна, неговиот татко кога ја посетил ќелијата во Колица, се израдувал кога го видел чистиот живот на својот син и му рекол: „Гледам, дека ти ќе умреш тука“. На таков начин тој живеел во ќелијата во Колица. Отец Јован го поминал остатокот од својот живот, повеќе од 70 години во подвизи. Тој никогаш не ја напуштил Света Гора, со исклучок на еднаш, кога го направил тоа од  послушание кон неговиот духовен отец, јеромонах Илија Вулпе.
Говорејќи скромно за тоа, јеромонах Дионисиј Игнат, кој живеел во ќелијата Свети Ѓорѓи во Колица, раскажува: „Негов Духовник беше Илија Вулпе, но за кратко време. Кога старците околу него починале, тој остана сам во следните десетина години. Живеевме во непосредна блискост со отец Јован, како да бевме браќа: немаше никаква разлика меѓу нашите две келии. Ги поминавме сите свети дни и големи празници заедно. Отец Јован беше најстрогиот практикувач на монашкиот живот, кој што некогаш сум го сретнал: еден од најдобрите монаси, секогаш ревносен и многу добар човек. Други, исто така се обидоа да живеат во негова непосредна близина, но не можеа да издржат. Тој беше само јеромонах, не и духовник. Во моментот кога почина и последниот старец од неговата ќелија, тој престана со служењето поради смирение“.


За сите кои ќе го сретнеле, иако тој тоа никогаш не го признавал тоа, Отец Јован бил еден навистина голем духовник: постел цело време, јадел само еднаш на неколку дена, бил буден во секое време, спиел само по неколку часа преку ноќта; додека се молел, цело време правел безбројни поклони.
Еднаш, помладиот брат го прашал за некои зборови, од кои би имал духовна полза. Отец Јован му рекол:„ Јас сум обичен човек и немам такви зборови. Јас сè уште барам  духовни совети од други, кој се духовно понапредни. И сепак, можам да кажам нешто за тоа: ако ние го исполнуваме нашиот монашки завет и го завршиме патот на животот онака како што сме го започнале, можеме да се надеваме на спасение“. Отец Јован заработил толкава благодат и смирение, поради што постигнал и најдлабока невиност. Се одликувал со тоа, што се хранел малку, на два дена, бил голем аскет и се трудел многу, речиси без одмор (спиел најмногу по 3 часа преку ноќта и тоа седнат на стол), многу се молел и дури кога нозете му крвареле на старост, сепак не се откажувал. Никогаш не земал лекарства. Не зборувал многу, молењето му било причина да придобие голема духовна печалба и најмногу, да ги научи сите околу него на смирение, само што ќе го погледнат.
Отец Илија од Колица си спомнува како го празнувале  заедно празникот на ќелијата. Слегле до морето, ја фрлиле мрежата, но не фатиле ништо. Тогаш, зашто веќе било предвечерието на празникот Свети Јован Крстител, тие отишле при Старец Јован и со нажалени срца го информирале за тоа. Старецот им рекол: „Вратете се на брегот и донесете ја големата риба“. Отците сакале да му кажат, дека дотогаш биле на тоа место и дека нема никаква риба, но замолчиле и го исполниле послушанието. Веднаш откако се вратиле на брегот, биле изненадени кога виделе толку голема риба, како се приближува кон нив. Таа била доволна, за да се нахранат од неа сите, во текот на тие два дена. Ја извадиле од плитката вода со голи раце и го прославиле Господ.Кон крајот на својот живот, Старец Јован се сретнал со еден млад човек, кој подоцна станал министер за верските заедници во Романија. Младиот човек го прашал: „Оче, што мислите, што имате придобиено за сите овие 70 години, молејќи се на Света Гора?“ И Старецот му одговорил: „Сум придобил смелост пред Бога“…
Во една од последните години, Отец Августин, кој бил чирак и работел во градината со Отец Јован, му рекол со малку шеговит тон: „Оче, те молам, помоли се на Бога, ти кој си придобил смелост пред него, да ни ја прати пролетта поблиску до нашите келии, така да  не се мачам да носам вода по цел пат до тука, од долината“. Старецот не одговорил ништо на тоа и ученикот потонал во заборав, по својот  коментар. Еден ден почнало да извира вода од брегот на келијата, само на неколку метри од парцелата на нивната градина. Од тој извор монасите и до ден денес земаат вода.Еднаш, еден грчки брат дошол од Ватопоедскиот манастир за да чуе неколку поуки од Старецот, за негова духовна полза. На тргнување, откако зел благослов, старецот го поздравил: “Kalos taxidis, pater Atanasios” ( Среќен пат, отец Атанасиј). Братот дури не ни бил монах до тој момент, но кога се обидел да каже нешто по тоа прашање, Старецот му одговорил:„ Тоа не е според твојата волја, а според Божјата волја“. Денес можеме да го најдеме отец Атанасиј, кој живее во истата оваа заедница во Ватопед.
Старецот Јован се направил себеси незабележителен, отфрлајќи ја својата волја и сите тревоги, заработил двоен мир за себе си и истовремено одмор за браќата.Поради многуте напори, кој ги извршувал за време на својот живот, во последните денови од својот живот, се разболел.  Но, дури и во таква состојба, не повикал лекари и продолжил да го исполнува целиот монашки канон до крај, без да пропушти  ништо од него. Како резултат на тоа, повеќе од два месеци пред неговото упокојување, му ја кажал на својот ученик датата на неговото заминување од овој свет.Отец Јован Гуцу починал на 5 Декември 1996 година, на 91 годишна возраст, водејќи свет живот. На 3 Декември, се исповедал при Отец Дионисиј Игнат, зел учество во службата за денот и се причестил со Светите Христови Тајни. После тоа, откако побарал прошка од сите монаси, кои живееле во Колица, се упокоил мирно во својата ќелија. Според неговиот ученик Јеромонах Августин, Отец Јован Гуцу  „е модел на смирение за сите: во облеката, во храната, во ќелијата, неговиот начин на зборување… во сè. Научивме многу од него“… 

Извор: http://pravoslaven-sviat.org/2017/01/24/otec-joan-gucu/     

Превод: Андреј Талевски

http://www.pppe.mk/2017/%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%86-%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b3%d1%83%d1%86%d1%83-%d0%be%d0%b4-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b0/#more-10834

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 152
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 395
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »