логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

https://www.youtube.com/watch?v=uisr1nFxZoI

Во пресрет на летните одмори, кога голем број наши читатели ќе се одлучат да летуваат на грчките острови, објавуваме серија написи поврзани со светињите чии животи се поврзани со овие острови, но и чии чесни мошти се наоѓаат на некои од летните дестинации. Се надеваме дека на овој начин ќе помогнеме можноста за одмор да се искористи и како можност за поклоничко патување и поклонение.

 

Проштевањето на св. Дионисиј

Свети Дионисиј од Закинтос

Нашиот отец меѓу светиите, Дионисиј од Закинтос се родил во 1547 година. Како млад примил добро богословско образование, и ги изучил грчкиот, италијанскиот и латинскиот јазик. Се замонашил на 21-годишна возраст, а веќе на 23 години бил ракоположен за свештеник со името Даниил. Како јеромонах се подвизувал на Закинтос. Подоцна бил избран за Архиепископ Егински, за потоа да ја напушти катедрата и да се подвизува на островот Закинтос. Се упокоил во Господа на 30 декември 1622 година, и бил погребан во манастирот на св. Георгиј, во кој и се подвизувал.

Неговите нераспрадливи мошти биле откриени и од нив се ширел благомирис. За светител бил канонизиран од Константинополската Патријаршија во 1703 година. Освен денот на неговото успение (30 декември), Црквата го празнува и споменот на пренос на неговите мошти на 6 септември (24 август н. ст.) секоја година.

Светител на проштевањето

Свети Дионисиј е познат по неговиот подвиг во проштевањето и љубовта кон сите луѓе, особено поради еден случај што накратко ќе го раскажеме. Проштевањето на св. Дионисиј Проштевањето на св. Дионисиј

Еден човек дошол до келијата кадешто светиот се подвизувал, и го преколнувал да го сокрие од гонителите кои го барале. Кога светиот Дионисиј го запрашал зошто го гонат, човекот му кажал дека убил некој човек по име Константин. Она што убиецот не го знаел, а светиот го разбрал од кусиот разговор е дека човекот што бил убиен бил братот на светителот кај когошто убиецот барал прибежиште, Константин. Свети Дионисиј се нажалил од исповедта на убиецот, но го сокрил во неговата келија и не го предал на властите. Наместо тоа, тој го поучувал убиецот на покајание. Според Преданието, убиецот подоцна се раскајал и самиот станал монах во истиот манастир. Чудотворец Запишани се многубројни сведоштва за чудата што Бог ги направил преку овој голем чудотворец: исцеленија од разни болести и маки, небесни интервенции во критични случаи на оние кои во последен момент го повикале светиот да им помогне…

Она што е особено интересно е што при нападот на кулите-близначки во Светскиот Трговски Центар во Њујорк на 11 септември 2001 година, во црквата на св. Никола која се наоѓала во подножјето на кулите, која од нападот била ужасно уништена, само две нешта останале целосно недопрени: едно дрвено распетие и книжна икона со ликот на свети Дионисиј.

Светител што оди

Одвреме-навреме се случува кивотот во којшто се чуваат светите мошти на свети Дионисиј, во црквата што го носи неговото име на Закинтос, да не може да се отвори, иако свештеното братство кое служи во црквата се обидува да го стори тоа. Меѓу верниот народ на островот постои Предание дека во тие моменти светиот оди низ островот и твори разни чудеса. Подоцна, кога кивотот конечно може да биде отворен, на обувките кои се положени на нозете на овој светител се гледаат траги од одење и земја, со што уште повеќе се потврдува ова Предание. Всушност, токму поради оваа износеност на обувките потребно е секоја година тие да се менуваат.

Народот на Закинтос постојано сведочи за нови и нови јавувања и виденија на светиот по улиците на овој јонски остров.

[на видеото е прикажана литијата со чесните мошти на свети Дионисиј што секоја година се одржува на 24 август, денот кога Црквата во Грција го слави неговиот свештен спомен]

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/sveti-dionisij-od-zakintos/ .



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 646
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »