логоFacebookTwitterYouTubeeMail

СВЕТА БЛАЖЕНА КСЕНИЈА ПЕТЕРБУРГСКА

                      ден на спомен: 24 јануари/06 февруари

                                                        
         Блажена Ксенија Петербургска

 
Света блажена Ксенија е родена во првата половина на XVIII век од благочестиви и благородни родители; нејзиниот татко го викаа Григориј, а името на мајка и` е непознато. По полнолетството Ксенија Григориевна стапи во брак со судски пејач, полковник Андреј Фјодорович Петров и живееше со сопругот во Санкт-Петербург. Но, Господ не и` даде долго на младата да биде заедно со сопругот во животот, ангелот на смртта ги одвои: Андреј Фјодорович го заврши животот и ја остави Ксенија Григориевна вдовица на 26 години од нејзиниот живот.

Овој неочекуван удар толку силно ја порази Ксенија Григориевна, толку и` повлијаа на младата вдовица, така што таа веднаш го заборави сето земно, човеково, сите радости и утехи и поради тоа на многумина им се чинеше дека го изгубила умот, дека полудела.
Така на неа почнаа да гледаат дури и роднините и пријателите, особено откако Ксенија одлучно го раздаде сиот свој имот на бедните, а домот го подари на својата добра пријателка, Параскева Антонова. Роднините на Ксенија поднесоа дури и барање до властите на починатиот Андреј Фјодорович, со молба да не дозволат Ксенија во безумство да го раздава својот имот. Властите на починатиот Петров ја повикаа Ксенија кај нив, но после разговорот со неа целосно беа убедени дека Ксенија е совршено здрава и дека има право да располага со својот имот како и` е неа угодно.


Ослободена од сите земни грижи, света Ксенија го избра за себе тешкиот пат на јуродството заради Христа. Облечена во костум од нејзиниот сопруг, односно наметнувајќи ја на себе неговата облека кафтан (старински машки капут од чоја) и камзол (машки прслук), таа почна да ги уверува сите дека Андреј Фјодорович воопшто не е умрен, туку дека е умрена неговата сопруга Ксенија Григориевна и веќе потоа никогаш не се отповикуваше ако ја викаа Ксенија Григориевна, туку секогаш доброволно одговараше ако ја наречеа Андреј Фјодорович.


Ксенија немаше особено место на живеење. Најчесто таа цел ден одеше низ Петербург и главно во реонот на парохијата на црквата на свети Апостол Матеј, каде во тоа време  сиромашните луѓе живееја во мали дрвени куќички. Чудниот сиромашен костум, слабите обувки, немајќи место каде глава да потслони, нејзините алегорични разговори, нејзината целосна кротост, добрината, често беа повод и храброст на злите луѓе, а особено на уличните момчиња да се потсмеваат на блажената. Таа сите овие однесувања ги поднесуваше без роптање. Само еднаш, кога Ксенија веќе почна да станува угодничка Божја, жителите на Петербург (денешен Петроград) ја видоа во силен гнев. Насилството на момчињата во тој момент го надминаа секое човечко трпение, тие ја навредуваа, фрлаа на неа камења и нечистотии. Од тогаш месните жители поставија граница на нејзиното улично вознемирување.


Малку-по малку се привикнаа на чудноста на блажената. Почнаа да и` нудат топла облека и пари, но Ксенија за ништо не се согласуваше да ги промени своите партали и сиот свој живот го помина во црвена блуза и зелено здолниште или обратно – зелена блуза и црвено здолниште. Очигледно тоа беа бои на воената уноформа на нејзиниот сопруг. Милост таа исто така не примаше, а од добрите луѓе земаше само “цар на коњ’’(пара со лик на коњаник) и во истиот час го даваше тој “цар на коњ’’ на таков сиромав како што е и таа самата. Патувајќи по цели денови по нечистите, неасфалтирани улици на Петербург, Ксенија повремено одеше кај своите пријатели, ручаше кај нив, разговараше, а потоа повторно се упатуваше на пат. Каде таа ги поминуваше ноќите, долго време остана непознато. За тоа се заинтересираа не само жителите на Петербург, туку и локалната полиција, која почна дури и да се сомнева за пребивалиштето на блажената во ноќите. Одлучија да дознаат каде ги минува ноќите таа чудна жена и со што таа се занимава. Се покажа дека Ксенија, не гледајќи кое годишно време е и временски услови, заминуваше ноќе во поле и тука коленоприклонета на молитва остануваше до разденување, наизменично правејќи земни поклони на сите четири страни.


Друг пат, работниците, кои градеа нова камена црква на Смоленските гробишта, почнаа да забележуваат дека ноќе за време на нивното отсуство од изградбата, некој става на врвот на црквата која се гради, цели планини од тули. Долго се восхитуваа на оваа работа, долго се прашуваа, откаде  доаѓа тула? На крајот одлучија да дознаат, кој може да биде овој бесплатен, неуморен работник, кој секоја ноќ носи тула за нив. Се покажа дека тоа беше слугата Божија блажената Ксенија.  


За нејзините подвизи и трпение, Господ уште во  овој живот  ја прослави својата избраничка. Божјата слугинка Ксенија се удостои на дарот за прозорливост на срцето и за иднината. Таа го предвиде крајот на животот на царицата Елизабета Петровна и Јован Антонович; на трговецот Крапивнина му го предвиде крајот на животот прикриено велејќи: „Копривата е зелена, но наскоро ќе увене’’, а една сиромашна девојка е во брак.


Учејќи ги луѓето на праведност, блажена Ксенија често им ги откриваше тајните на оние лица што таа ќе ги посетеше. Милоста Божја така ја засени Ксенија, што дури и оние кај кои таа одеше или од кого вкусила храна, беа среќни и успешни во работата. А трговците и извозниците, сите се трудеа да и` направат некоја услуга; особена благосостојба добиваа оние кому самата блажена Ксенија им давала нешто.


Во седумдесет и првата година од својот живот таа почина како праведник. Нејзиното тело беше погребано на Смоленските гробишта. Многу знаци на Божја милост почнаа да се извршуваат на нејзиниот гроб. По молитвите на блажена Ксенија, Господ спаси една девојка од ужасен брак со бегалец осуден, претставувајќи се како полковникот што го убил. По завршениот парастос над нејзиниот гроб страдалниците добија исцеление, во семејствата се врати мирот кој беше разрушен, оние кои имаа потреба го добија неопходното.


Над гробот на блажената со текот на времето беше изградена капела на која се собираа многубројни почитувачи. После револуцијата, болшевиќите ја затворија капелата, но невозможно беше да се пригуши кај народот споменот за блажената и верата во нејзинито молитвено посредништво пред Божјиот престол.


+++
Тропар


Возљубувајќи ја Христовата сиромаштија,/ на бесмртна трпеза сега се насладуваш,/ со привидно безумство го изобличи безумството на светот,/ со крстно смирение силата Божја си ја примила,/ затоа дар на чудотворна помош стекна,/ Ксение блажена, моли Го Христа Бога// да нé избави од секое зло преку покајание.


Кондак


Денес светло ликува градот на свети Петар,/ зашто мноштво страдалници наоѓаат утеха,/ на твоите молитви надевајќи се,/ Ксение себлажена, зашто ти си на овој град пофалба и утврдување.
+++


Молитва на блажена Ксенија Петербургска


О, света себлажена мајко Ксенија! Ти си живеела под закрилата на Севишниот, следена и укрепувана со Богомајката. Глад и жед, студ и жештина, навреди и протерувања си претрпела, дар на прозорливост и чудотворства од Бога доби и под заштита на Семоќниот, спокој најде. Сега Светата Црква како миризлив цвет те прославува. Стоејќи на местото на твоето погребение, пред ликот тој свет, како жива која си со нас, ти се молиме: прими ги нашите молитви и принеси ги на Престолот на Милосрдниот Отец Небесен и имајќи смелост пред Него, измоли вечно спасение на оние кои тебе ти притекнуваат, дарежлив благослов за добри дела и намери наши и избавување од сите неволји и жалости. Застапи нé нас грешните и недостојни со твоите свети молитви пред Престолот на Семилостивиот Спасител наш. Помогни, света блажена мајко Ксеније, децата да се озарат со светоста на Светото крштение и со печатот на Светиот Дух да се запечатат, момчињата и девојчињата во вера, чесност и  богобојазливост да се воспитуваат и да имаат успех во учењето; да се исцелат болните и слабите; семејна љубов и слога испрати; удостој ги монасите со добар подвиг да се подвизуваат и од навреди заштити ги; пастирите утврди ги во крепоста на Светиот Дух; народот и нашата земја во мир и спокој сочувај ги и сожали се на оние кои се на смртен час лишени од причеста на Светите Тајни Христови. Ти си ни надеж, брзо услишание и избавување, тебе благодарност ти вознесуваме и со тебе го славиме Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.


                           +++

 Тропар на света Ксенија Петeрбуршка
Христа ради јуродива
24 јануари / 6 февруари

Глас 4
Засакувајќи го сиромаштвото заради Христа,
сега се насладуваш на бесмртната трпеза,
со привидното безумие, безумието на светот го изобличи,
со крсното смирение Божјата сила ја прими.
Поради тоа стекна дар на чудотворна помош,
Ксение блажена, моли Го Христа Бога
да нé избави од секое зло преку покајание.

 
Извор МПЦ-ОА



Извор: https://days.pravoslavie.ru/Life/life6689.htm
              https://days.pravoslavie.ru/name/2568.html

6ти февруари 2019 лето Господово

Подготви: Снежана Корнет

Друго:

Снежана Корнет - „Избор" (I) ...

Старец Ефрем Филотејски

Схимандрид Кирил Павлов - Поука

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА И НЕГОВОТО УЧЕЊЕ

ОСАНА, СВЕТ ГОСПОД САВАОТ

ДЕНОТ НА СПОМЕНОТ НА СВЕТИТЕЛОТ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ

Смоленска икона на Богородица наречена “Одигитрија’’

ПРАЗНИК НА ИКОНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА „РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ’’ (06.11.2018)

 ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА- за тоа како подвижниците Ја почитуваа(2)

 Кого го покануваме во својот дом

ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА- за тоа како подвижниците Ја почитуваа(1)

Митрополит Лимасолски Атанасиј: Бог никогаш не го турка човекот...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

Седум разгорувања на духот

СОВРЕМЕНИ ЧУДЕСНИ СВЕДОШТВА ПОВРЗАНИ СО ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all&start=20

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all&start=40



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 822
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »