логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што тој е и творец и законодавец на првите големи киновии, или монашки општожитија, првите вистински манастири.

Неговиот животен пат се разликува од оној на преподобниот Антониј. Тој е помлад од Антониј, роден е околу 282 година, но сепак, не ја дочекал Антониевата старост, ниту го надживеал тој голем отец на пустината, зашто починал во 346 година. Пахомиј бил роден како незнабожец, Египќанин по потекло, кој како офицер учествувал во војната на Константин против Максенциј, која била пресудна за историјата на христијанската црква. Во тоа време, од прилика, и самиот Пахомиј доживеал вистинско обраќање: се крстил, ја напуштил војската и светот и сè што го врзувало за светот, па побегнал во пустината во Горен Египет, околу реката Нил, во крајот кој се нарекувал Тиваида, според градот Тива. Таму бил ученик на еден угледен пустиножител по име Паламон, под чие раководство достигнал висок степен на монашко совршенство. Паладиј, во својот „Лавсаик“, кажува дека Пахомиј бил „еден од најголемите подвижници, кој бил удостоен за пророчки дар и ангелски виденија“. Значи, Пахомиј тргнал по истиот пат, по кој тргнале и многубројните пустиножители, кои низ Египет се учеле на подвижничката вештина и ја практикувале христијанската мистична философија, преку разговор со Бога, духовно набљудување и виденија на небесните тајни. Впрочем, и самиот негов учител – Паламон, бил од кругот на учениците на Антониј.

Меѓутоа, некаде околу 318 година, Пахомиј доживува радикална промена во својата духовна насоченост. Живеејќи подолго време сосема сам, зашто старецот Паламон најверојатно веќе бил упокоен, Пахомиј доживува една важна визија, која одиграла пресудна улога, не само во неговиот личен живот, туку и во историјата на христијанското монаштво. Еден ден, му се јавил ангел Господов, кој му наредил да основа општожителен манастир. „Пахомиј, ти успешно го изврши своето дело, затоа, веќе е непотребно и понатака да останеш во оваа пештера. Ајде, значи, излези и собери ги сите млади монаси, па почни да живееш со нив, и управувај со нив според Уставот, кој јас ќе ти го дадам“. Тоа е прочуеното ангелско правило на свети Пахомиј, кое е забележено во „Лавсаикот“, најверојатно, според извесна усмена традиција, зашто опширните киновитски правила на свети Пахомиј се сочувани во латинскиот превод на блажениот Ероним.

Извршувајќи ја наредбата, која ја добил во видението, Пахомиј започнал да го гради првиот и правиот манастир во местото Тавенис во Тиваида, организирајќи во него заеднички живот во работата, молитвата и послушноста. Токму од тој прв манастир, се направила вистинска колонија од девет манастирски општожитија, со кои Пахомиј раководел како игумен. Основал и еден женски манастир, во кој живеела и раководела неговата сестра Марија. Во сите овие манастири живееле околу седум илјади монаси и монахињи, а само во првиот манастир, на островот Тавенис на реката Нил, живееле и до 1300 монаси. Всушност, Пахомиј успеал да ги здружи пустинските монашки ќелии, да ги загради со ѕид и да воведи единствена дисциплина, земајќи ја за пример тогашната војничка дисциплина. Го поделил братството на редови, според бројот на буквите во грчката алфавита, пропишал униформи за носење, однесување на трпезариската маса, на богослужбите, ги ограничил литургиските обврски на потребен минимум, и што е можеби најважно, вовел целосна послушност кон игуменот, како еден од главните принципи на општожитијното устројство. Физичката активност сега се нашла по прв пат во целосна хармонија со духовните активности, со молитвата и созерцанието. Токму затоа, ангелските и великите правила на свети Пахомиј почиваат на тие начала. Пахомијанското монаштво почнало да претставува заедница на молитвата и работата, на духот и телото.

Во споредба со пустиножителството на Антониј, строгоста во аскетските прописи на свети Пахомиј, сепак, имала и извесни мерки на граница. Дури и на ангелскиот диктат, Пахомиј, во видението, му забележал на ангелот дека има „малку молитви“. Меѓутоа, и тие малку молитви, а ги имало многу, и тоа многу повеќе од денес, секако дека биле доволни да послужат како поттик за сопствена молитва, која и според Пахомиј, не треба да знае за граница. Поделени меѓу ќелиите и соборите, пахомијанските монаси воделе, најпрво, постојан молитвен живот во своите два основни вида: во литургиска заедница, и во чисто созерцание, кое можи да се практикува и паралелно со физичките активности. На правилата им е дадена најмалата, најнеопходна мерка. Но, тоа не ги спречувало совршените целиот свој живот да го поминат во созерцание на Бога. Впрочем, за совршените нема правила, зашто правилата се дадени само за несовршените, нејаките и слабите. Значи, овде за прв пат како систем се поставува нормата за олеснување и „икономија“, која овозможува и луѓето со помали можности да достигнат некои духовни идеали и вредности.

И не е случајно што житието на свети Пахомиј раскажува за неговото видение, значи, за целиот тој настан за основањето на општожителните манастири, но дури откако претходно ги истакнало и потенцирало неговите две врвни добродетели: љубовта кон сиромашните и, воопшто, љубовта кон луѓето. И едното и другото чувство бараат подвиг во солидарноста. На едната проценка на најмалата, неопходна мерка, се ѕида зданието на монашката светост. И на таков начин секој можи да постани свет, само ако сака. Пустиножителот Пахомиј ја сфатил вредноста на колективната работа и колективната борба за етичките вредности. Во заедница може да се реализира царскиот закон на љубовта, во заедница единствено можи да се отстрани несреќата и сиромаштвото на поединците. А за аскезата, истакнато е начелото на индивидуалните постапки: игуменот, духовниот отец, треба да раководи со подвигот на секој поединец, според неговите способности и квалитети. Нема општи рецепти, зашто постот, молитвата и физичката активност треба да се одмеруваат според можностите на секој поединец. Офицерската смисла на Пахомиј за ред и дисциплина, но и за тегобите и предностите на заедничкото војување и солидарноста во битките, ете, токму тука, дошле до посебен израз.

Кoга Тeoдoр Oсвeштeн бил вo Панoпoл сo свoјoт духoвeн oтeц, светиот Пахoмиј, му дoшoл нeкoј филoзoф и му сe пoнудил да сe прeпира сo нeгo за вeрата. Филoзoфoт му ги пoставил oвиe прашања на Тeoдoр: „Кoј нe сe рoди, а умрe? Кoј сe рoди, а нe умрe? И кoј умрe, нo нe сe распадна?“ Свети Тeoдoр на oвиe прашања oдгoвoрил: „Адам нe сe рoди, а умрe“. „Eнoх сe рoди, а нe умрe“. „Жeната на Лoт умрe, нo нe сe распадна“. Свeтитeлoт му гo дoдал и oвoј сoвeт на филoзoфoт: „Пoслушај гo ти нашиoт здрав сoвeт: oстави ги бeспoлeзнитe прашања и схoластичкитe силoгизми, пристапи кoн Христа, на Кoгo ниe Му служимe, и ќe дoбиeш прoстувањe на грeвoвитe“. Филoзoфoт занeмeл oд таквиoт oстрoумeн oдгoвoр и пoсрамeн сe oддалeчил. Oд oва јаснo сe глeда oгрoмната разлика пoмeѓу eдeн нeзнабoжeчки филoзoф и eдeн христијански свeтитeл. Oнoј сe губи вo апстракциитe, вo вeштoтo прeвртувањe на збoрoвитe, вo лoгичнитe загатки, вo мислeниoт спoрт, дoдeка oвoј гo упатил цeлиoт свoј ум на
живиoт Бoг и на спасeниe на свoјата душа. Oнoј e апстрактeн и мртoв, oвoј e практичeн и жив.

Верата не е можна без дела, ниту делата се можни без вера. Оној што верува, за да ја докаже својата вера, должен е да Му принесува дела на Господа. И верата на нашиот отец Авраам не би му била примена како правда, ако не ги принесол нејзините плодови – ако не бил решен својот син да Му го принесе на жртва на Бога.

Оној што Го љуби Бога, тој и искрено верува и извршува праведни дела според својата вера. Оној што само верува и не живее во љубовта, тој ја нема ни самата вера, која се чини како да ја има. Тој верува со некаква умствена леснотија, но не дејствува според силата на преславната љубов. Зашто „верата дејствува преку љубовта“ (Гал. 5, 6); љубовта е главната сила на добродетелите.

Оној што ја испитува љубопитно длабочината на верата, бива брануван на брановите од своите помисли, а оној што ја созерцава со простосрдечна расположба – се насладува со убавината на внатрешната тишина. Длабочината на верата, како вода на заборавањето, не поднесува да ја гледаат, да ја набљудуваат со љубопитни помисли. Затоа, да пливаме со простотата на нашиот ум во овие води, за да можеме на тој начин да пристигнеме до пристаништето на Божјата волја.

Никој не може искрено ни да сака, ни да верува на друг начин, освен, ако не се осудува самиот себе си. Зашто, кога нашата совест нѐ измачува со своите изобличувања, тогаш на нашиот ум не му се дава да ги почувствува сладостите на другиот свет и тој тогаш е веднаш раздвоен од сомневањеː со силата на претходните опити и со верата тој се устремува кон небесните блага со силна желба, но не може да ги прими во своето срце со љубов, поради тоа, како што рековме, што често го измачува неговата совест. Впрочем, ако се очистиме со најтопла молитва и со внимание, пак ќе го имаме ова сакано богатство и ќе се насладуваме со него со уште поголема близина со Бога. Амин!

Протоереј Златко Ангелески

Извор: https://blagovesti.wordpress.com/2017/05/28/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%b0%d1%85%d0%be%d0%bc%d0%b8%d1%98-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b8/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020 )

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »