логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Во овој мал собор на светители, сепак, главното место може да му се даде на Василиј. Сето она што го имаат Григориј и Јован, го има и тој. Тие се борци против ереси – и тој е; тие се истакнати проповедници на Логосот – и тој е. Храбар дух, љубов кон пустината, скромно секојдневие, длабоко поимање на догмите – сето ова и уште многу повеќе е заедничко меѓу овие отци. Сите тројца потекнуваат од свети семејства. Нивните мајки, татковци, браќа и сестри творат цели соѕвездија на личности што зачудуваат со својата светост.

Меѓутоа, Василиј се одликува и со најголем степен на самодисциплина. Василиј е организатор, што не може да се рече, или пак, многу тешко би можело да се рече и за Григориј и Јован. Каде и да пошол, Василиј после себе оставал строга хиерархија и поредок. И самиот, несомнено, бил харизматична личност, но во црковната пракса ни одблизу не се ослонувал само на силата на личниот впечаток и духовните дарови. Василиј насекаде воведувал дисциплина и устав, закон и организација – со еден збор, ред. А, во тоа време состојбата во Црквата била налик на ноќна битка во која секој стрелал кон своето и туѓото, без да гледа или да сфати нешто.Св. три светителиВасилиевиот ум и знаење му дале можност да стане научник, волјата и строгоста го направиле вистински монах, налик на Антониј. Меѓутоа, тој ги жртвувал сите таленти во борбата за Црквата. Длабоко ја закопал душевната благост, за да стане непобедлив и само тајно, како неговиот другар Григориј, можел да тагува по мирниот живот, по пустината и осамувањето. Ретко кој може да разбере што значи кога човек, љубејќи го Писмото и тихувањето, се жртвува самиот себе и се впушта во арената за борба за Црквата и нејзините догми, немајќи мир, ризикувајќи го животот, согорувајќи секојдневно.

Јован е сосем поинаков, а уште повеќе од овие двајца се разликува Григориј. Јован е миленик на народот и негов водач, но тој е надвор од системот. Епископите не го љубат, и тоа не само еретиците. Царскиот двор е избезумен од неговите зборови и разобличувања. Позади себе, Златоустиот остава име, слово и сеќавање, но не и организација, не остава борбено устројство. После неговото прогонство, неговите пријатели и најблиски соработници паѓаат во немилост и стануваат жртви. И ова не е прекор, туку истакнување на разликите, зашто во Христа секој војник се бори онака како што знае.


Григориј е созерцател. Секако, тој живее меѓу луѓето и го поучува стадото, зашто е носител на најголемиот призив. Но, призивот му е тежок, тешко му е она што со копнеж го бараат луѓето недостојни на нивниот призив. Епископскиот омофор станува причина поради која Григориј му се лути на Василиј. Василиј, пак, сè, дури и пријателството, го потчинува на интересите на Црквата и всушност го принудува својот другар да стане архипастир во тешките моменти за Црквата. Како проповедник, Григориј, помалку поучува и говори, отколку што пее. И токму поради милозвучноста на неговите поуки, што Црквата ги нарекува „пастирска лира“, заблудените луѓе се враќаат во двориштето на Црквата и стануваат православни.Василиј нема слободно време. Григориј во слободно време пишува стихови. Јован, пак, ги толкува посланиците на св. ап. Павле и апостолот на народите и самиот му се јавува, за да му ги објасни сложените места во своите посланија. Тешко е човек да најде тројца луѓе кои се толку малку слични еден на друг, психолошки гледано.

+++

Конфликтот што го обединил споменот на тројцата светители е мошне разбирлив. Луѓето се кадарни сè, па дури и најсветото, да го претворат во предмет на препирка и кавга. Коринтјаните се карале, велејќи: „Јас сум Павлов, а јас Аполосов“ (1Кор. 3,4). Тогашните христијани започнале спор кој од овие светители е најголем и најславен. Маката е во тоа што при засебната анализа на секој посебно, секому, без сомнеж, може да му се даде првенството. Разгледувајќи го животот на Василиј (а секој од нас е должен да го стори тоа), вдлабочи се во него и ќе воскликнеш: „Велик е Василиј! Кој, меѓу светиите, му е сличен?!“ Но, веднаш потоа започни да го анализираш ликот на Јована, и набрзо со вчудоневиденост ќе речеш: „Нема сличен на Јована!“ А, доколку со внимание ги читаш словата на Григориј и во молк ги разгледаш смерните црти на овој човек со небесен ум, ќе заборавиш на сите што пред него ги фалеше, велејќи: „Моли Го Бога за мене, о прекрасен Григорие!“ Меѓу нив нема поголем. Нема, затоа што се различни. Во красноречивоста и прецизноста нема човек што може да се спореди со вториот Богослов. А во ревноста за славата Божја, покрај Златоустиот може да застане само Илија Тесвиќанецот. А Василиј не е само борец, и аскет, и мудрец, туку и патеводител на монасите. Тој е војсководец што може да ги собере расеаните борци и да ги претвори во војска. Сите тројца се велики, а велики се на различни начини.

Св. три светители
+++

Во сите времиња, Црквата треба да има и организатори, и пламени говорници, и тивки созерцатели. Тешко на Црквата и народот Божјо ако во некоја епоха недостига некој од овие тројца. А тројно потешко ќе ѝ биде на Црквата, ако нема ниту еден од нив! Тогаш, позади вообичаената и убава надворешност се засилуваат и множат лути болести, и нема кој да ги исцели.Секој човек когошто Бог го поставил во свето звање треба да проба кој од овие три таленти најмногу одговара на неговиот душевен склоп и опит. Не е возможно ништо од веќе споменатото, макар на некој начин, да не се однесува на еден пастир. Меѓутоа, комбинацијата од сите три дарови во еден човек не е можна!
Проповедник, организатор, повлечен молитвеник. Скротител на народното море, син на битката и син на молитвената тишина. Едно нешто од овие три.

+++

Ако човек командува со другите, одлучува и управува, нека се угледа на ликот на Василиј Велики. Тој не треба да управува претворајќи ги сите пет прсти од десната рака во показалец, туку треба да стекне различни значења, како што правел Василиј. Треба да ги возљуби постот и книгите, во осаменост треба да црпи сила за борба за Вистината среде луѓето.Ако човек проповеда во време и во невреме, како што заповедал апостол Павле, нека ги избегнува трпезите на празнословието и додворувањето на богатите, како Златоустиот. Кон читањето и проповедта нека додаде пламено литургисување и обилна милостина, налик на великиот отец и сè нека жртвува за неговата уста да биде уста на Логосот.
Ако човек ја сака осаменоста, ако сака долги молитви и безволно го одвојува умот од небесата заради овоземни работи, нека се угледа на Григориј. Колку и да страдал, ако ѝ бил потребен на Црквата, тој ја оставал пустината и доаѓал на катедрата. Го занемарувал своето заради заедничкото и одел да труби во сребрените труби на проповедта, за да паднат дебелите јерихонски ѕидови.


Барем едно нешто, па нека е и во најскромна мера, треба да има секој човек што носи ленен ефод. Можеби, токму во обновувањето на сеќавањето на оваа вистина се состои главната смисла на заедничкото почитување што Црквата им го укажува на Василиј, Григориј и Јован.

Протопрезвитер Андреј Ткачев

Извор: КОЕ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1094
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1661
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1094
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »