логоFacebookTwitterYouTubeeMail


sv.nikola.korica.jpg
Еве светител Божји којшто постојано го пишува Евангелието Христово; го пишува непрестајно од небото со своите чуда, како што непрестајно го пишуваше во времето на својот живот на земјата. Го пишува по целата земја, на сите пет континенти. Сиот исполнет со чудесниот и чудотворен Господ, тој и не живее поинаку, тукупостојано чудотворејќи. Затоа и го стекна надимето Чудотворец при своето славно име – Николај. Непрестајно живеејќи со Господ Исус Христос, со тоа најмило чудо на сите светови: архангелските, ангелските, човечките, животинските, растителните, минералните, тој и самиот стана едно од најмилите чуда на земјината историја, и на небесната историја, во мера во којашто неа ја создаваат човечките битија.

Човекољубието на овој сесожалив светител Божји е неизмерно, бидејќи е целото проникнато со човекољубието на единиот човекољубец – Бог. Затоа и неговите чуда се неизмерни и безбројни. Од нив треба да се споменат барем неколку, за во деновите и ноќите на нашите неволји и маки да се сепнеме и да тргнеме и поитаме кон него со молитва, со крик, со воздишка, со солзи и плач. Атој, бескрајно човекољубив и потресно сожалив, ќе се сожали на нас, ќе ни притекне брзо на помош, ќе нè избави од челуста на нашите чу¬довишта, демоните, какви и да се, од каде и да идат. Не се сомневај во тоа, само верувај! Бидејќи вистината на Севистинитиот е оваа: Сè е можно за оној што верува. Ана прво место можно е за светиот миленик Христов, големиот Николај Чудотворецот, којшто е целиот пронижан со богочовечка и семоќна вера Христова: со сета душа, со сето срце, со сиот ум, со сето свое битие, со сиот свој живот, со сета своја вечност.

I

Во Цариград живееше еден човек, по име Николај, којшто се издржуваше од ракоделие. Побожен, тој се беше заветувал деновите посветени на празнувањето на свети Николај Чудотворец да ги празнува вистински прославувајќи го овој угодник Божји. Тој тоа го исполнуваше истрајно, според зборовите на Светото Писмо: Почитувај Го Господа со имотот од праведните трудови твои (Изрек. 3:9); и на тоа секогаш цврсто се сеќаваше. Така тој достигна длабока старост и, немајќи повеќе сила да работи, западна во голема немаштија. Асе приближуваше празникот на свети Николај и старецот, размислувајќи што да прави, ì рече на својата жена:
„Наскоро ќе биде празникот на нам омилениот голем Христов архиереј Николај. Но како ние бедните во нашата немаштија ќе го отпразнуваме овој ден?“
Неговата побожна жена муодговори:
„Ти знаеш, господине мој, дека мудојде крајот на нашиот живот, бидејќи и тебе и мене нè постигна старост. Дури и да ни се слу¬чи тоа животот да ни заврши сега, ти држи го тој завет и не заборавај ја твојата љубов кон светителот.“
Sveti Nikola.indd 59 27.11.2007 11:10:31 Небесните чуда на свети Николај Мирликиски0
Таа муукажа на својот маж на килимот што го имаа и мурече:
„Земи го овој килим, па однеси го и продај го, и купи сè што е потребно за достојно празнување на празникот на свети Николај. Ние ништо друго немаме, а овој килим не ни е неопходен, бидејќи немаме деца на коишто би можеле да им го оставиме.“
Штом го слушна тоа, побожниот старец ја пофали својата жена, го зеде килимот и отиде. Акога одеше по плоштадот на којшто се наоѓаше столбот на светиот цар Константин Велики и кога поминуваше покрај црквата на свети Платон, него го сретна секогаш готовиот за помош свети Николај, во облик на чесен старец, и го праша:
„Пријателе мил, каде одиш?“
„Одам на пазар“, одговори тој. Кога мупријде поблиску, свети Николај рече:
„Добро дело. Но кажи ми колкуго продаваш тој килим, би сакал да го купам.“
Старецот муодговори на светителот:

„Овој килим во свое време е купен за осум златници; а сега ќе земам за него колкушто ќе ми дадеш.“
Светителот мурече на старецот:
„Се согласуваш ли да ти дадам за него шест златници?“
„Ако ми дадеш толку“, одговори старецот, „јас со радост ќе ти го дадам.“
Свети Николај ја спушти раката во својот џеб, го извади златото, мудаде на раце на старецот шест големи златници, и мурече:
„Земи го ова, пријателе, и дај ми го килимот.“
Старецот со радост го зеде златото, зашто килимот вредеше помалкуод тоа. Акога се разделија, луѓето на пазарот што стоеја во близина го прашаа старецот:
„Да не гледаш привидение, старче, та сам си зборуваш?“
Бидејќи тие го видоа само старецот и го слушнаа неговиот глас, а светителот за нив беше невидлив и нечуен.

За тоа време свети Николај отиде со килимот кај жената на старецот и ì рече:
„Со твојот маж сме стари пријатели. Ме сретна и ми се обрати со ваква молба: од љу¬бов кон мене, однеси ì го овој килим на мојата жена, а јас треба да завршам една друга работа.“
Штом го рече тоа, светителот стана невидлив. Ажената која го виде чесниот маж којшто блескаше во светлина и го зеде килимот од него, не смееше од страв ни да праша кој е тој. Мислејќи дека мажот ì ги заборавил зборовите што муги кажа таа од љубов кон светителот, жената се разгневи на него и рече:
„Тешко мене, бедната! Мојот маж е законопрестапник и полн е со лаги.“
Велејќи ги тие зборови и слично на тоа, таа не сакаше ни да го погледне килимот, побожно горејќи од љубов кон светителот.
Не знаејќи што се случило, нејзиниот маж изнакупи сè што беше потребно за празникот на свети Николај и си одеше накај дома сиот радосен што го продаде килимот и што не е принуден да отстапи од својот благочестив обичај. Кога стигна тој дома, разгневената жена го пресретна со горчливи зборови и мурече:
„Оди си од мене, зашто го излажа свети Николај! Вистина рече Христос, Синот Божји: Никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за Царството Божјо (Лука 9:62).“
Штом го рече тоа и слично на тоа, таа муго донесе килмот на мажот и мурече:
„Ете, земи! Амене веќе нема да ме видиш. Ти го излажа свети Николај, и затоа ќе изгубиш сè што си стекнал со празнувањето на неговиот празник. Бидејќи е напишано: Кој го држи сиот закон, а згреши во едно, ќе биде виновен за сè (Јак. 2:10).
Слушајќи ги од жената тие зборови и гледајќи го килимот, старецот стоеше восхитен и не наоѓаше зборови да ì одговори на својата жена. Долго стоеше вчудоневиден и најпосле мустана јасно дека свети Николај извршил чу¬до. Воздивнувајќи од дното на срцето и исполнувајќи се со радост, тој ги подигна рацете свои кон небото и рече:

„Слава Ти Христе Боже, Кој правиш чуда прекуТвојот светител Николај!“
Потоа ја праша својата жена:
„Заради стравот Божји, кажи ми кој ти го донесе овој килим, маж или жена, старец или момче?“
Жената муодговори:
„Старец чесен и лачезарен, облечен во светли облеки ни го донесе овој килим и ми рече: ‘Твојот маж ми е пријател, па ме сретна и ме замоли килимов да ти го донесам тебе; земи го’. Го зедов килимот и не се осмелив да го прашам донесителот, бидејќи сиот блескаше во светлина.“
Штом го слушна тоа од жена си, старецот се восхити и ì го покажа на жената златото што мубеше преостанало и сè што имаше купено за празникот на свети Николај: храна, вино, просфори и свеќи. И воскликна:
„Жив ми Господ, човекот што го купи килимот од мене и повторно го донесе кај нас бедните и смирени слуги дома, навистина е свети Николај, бидејќи оние што ме видоа во разговор со него ме прашаа: ‘Не гледаш ли привидение?’ Тие ме видоа само мене, а тој им беше невидлив.“
Тогаш обајцата, старецот и жената, воскликнаа вознесувајќи Мублагодарност на Семоќниот Бог и пофалба на Неговиот голем архиереј Николај, брзиот помошник на сите коишто со вера го повикуваат. Исполнети со радост тие веднаш појдоа во црквата на свети Николај, носејќи ги златото и килимот, и мураскажаа за тоа на сиот клир во црквата и на сите што се беа затекнале таму. И сите што го чуја нивното кажување Го прославија Бога, Којшто им дарува милост на своите слуги, и свети Николај. Испратија кај патријархот Михаил и го известија за сè. Патријархот нареди на старецот да мусе даде помош од имотот на црквата Света Софија. И го отпразнуваа празникот чесно, со молитви и пофалби кон Бога.

II

Во Цариград живееше еден благочестив човек по име Епифаниј. Тој беше многубогат и многууважуван од царот Константин (станува збор за Константин Мономах, кој царуваше од 1042 до 1060 година). Еднаш тој намисли да си купи за слуга еден роб; и во третиот ден од месецот декември зеде седумдесет и два златници, го јавна коњот и одјава на пазарот каде што трговците дојдени од Русија продаваа робови. Но не мупојде од рака да купи роб и тој се врати дома. Штом слезе од коњот, тој влезе во палатата, го извади од џеб златото што го носеше на пазар, го стави некаде во палатата и го заборави местото каде што го остави. Атоа мусе случи по дејството на ѓаволот, којшто непрестајно војува со христијанскиот род. Бидејќи ѓаволот, не поднесувајќи ја побожноста на овој маж, намисли да го турне во бездната на гревот. Утредента наутро големецот го повика слугата што го служеше и мурече:
„Донеси ми го златото што ти го дадов синоќа, ми треба за на пазар.“
Штом го чутоа, слугата се уплаши, бидејќи господарот не беше мудал залто, и рече:
„Господару, не си ми дал злато.“
На тоа господарот возврати: „О, зла и лажлива главо, каде го стави златото што ти го дадов?“
Слугата се колнеше дека не сфаќа за што зборува неговиот господар. Големецот се разлути и им нареди на слугите да го врзат и немилосрдно да го тепаат и да го оковаат во синџири. Аво себе си рече: „Неговата судбина ќе ја решам штом ќе помине празникот на свети Николај“, бидејќи овој празник се паѓаше по два дена.
Заклучен сам во одајата, слугата со солзи повика кон семоќниот Бог, Кој ги избавува оние што се во неволја:
„Господи Боже мој, Исусе Христе, Седржителу, Синуна живиот Бог, Кој живееш во непристапна светлина, кон Тебе викам, зашто Ти го знаеш срцето на човекот, Ти си им помошник на сиромашните, избавување на оние што се во неволји, утеха на тажните – избави ме од оваа необјаснива напаст! Устрој милостиво избавување, за и господарот мој, избавувајќи се од гревот и неправдата сторени кон мене, да Те прослави Тебе со весело срце, и јас, Твојот ништожен слуга, избавувајќи се од оваа напаст којашто неправедно ме постигна, да Ти вознесам благодарност за Твоето човекољубие.“
Велејќи го тоа и слично на тоа со солзи и додавајќи ì на молитвата молитва и на солзите солзи, ова момче повика кон свети Николај:
„О, чесен оче свети Николај, избави ме од беда! Ти знаеш дека не сум виновен за она за што ме обвинува господарот. Утре ќе осамне твојот празник, а јас сум во голема неволја.“
Падна ноќ и момчето, уморно, заспа. Па мусе јави свети Николај, секогаш брзиот помошник на сите што со вера го повикуваат, и рече:
„Не тагувај, Христос ќе те избави прекумене, слугата Свој.“
Во тој миг паднаа синџирите од неговите нозе и тој стана и Мувознесе пофалба на Бога и на свети Николај. Во тој час светителот мусе јави и на неговиот господар, и го укори:
„Зошто мунаправи неправда на својот слуга, Епифаниј? Ти самиот си виновен, зашто заборави каде го стави златото. Момчето го мачиш без причина, а тоа ти е верно. Но бидејќи тоа не го смисли ти самиот, тукуте научи исконскиот зол непријател, ѓаволот, еве, ти се јавувам за да не пресуши твојата љубов кон Бога. Стани и ослободи го момчето. Аако не ме послушаш, ќе те снајде голема несреќа.“
Потоа, покажувајќи муго со прст местото каде што беше положено златото, свети Николај рече:
„Стани, земи си го твоето злато и ослободи го момчето.“
Кога го рече тоа, тој стана невидлив.
Големецот Епифаниј се разбуди сиот треперејќи, отиде до местото во палатата што муго покажа светителот и го најде златото коешто самиот го беше ставил таму. Тогаш, обземен од страв и исполнет со радост, рече:
„Слава Ти, Христе Боже, Надеж на сиот род христијански! Слава Ти, Надеж на безнадежните и брза Утехо на очајните! Слава Ти, зашто го покажа светилото на сиот свет и брзото станување на паднатите во грев, свети Николај, којшто исцелува не само од телесни, тукуи од душевните соблазни.“
Сиот во солзи тој падна пред чесната икона на свети Николај и рече:
„Ти благодарам, чесен отецу, зашто ме спаси мене недостојниот и грешниот и дојде кај мене ништожниот очистувајќи ме од гревовите. Со што да ти возвратам за тоа што погледна на мене и дојде кај мене?“
Откако го кажа тоа и слично на тоа, големецот отиде кај момчето, и кога виде дека оковите паднале од него го спопадна уште поголем ужас и многусе прекоруваше себеси. И веднаш нареди да го ослободат момчето и да го опсипат со секакво внимание. Самиот, пак, цела ноќ ја мина во бдеење, благодарејќи Муна Бога и на свети Николај којшто го избави од таков грев. Акога заѕвони за утрена, тој го зеде златото и со момчето отиде во црквата на свети Николај. Овде со радост им раскажа на сите со каква милост го удостои Бог и свети Никола. И сите Го прославија Бога Којшто твори такви чуда прекуСвоите угодници. Акога заврши утрената, во црквата господарот мурече на момчето:
„Чедо, не јас, грешниот, тукутвојот Бог, Создателот на небото и земјата, и светиот угодник Негов Николај нека те ослободат од ропството за и мене барем некогаш да ми биде простена неправдата што ти ја нанесов од незнаење.“
Штом го рече тоа, тој го раздели златото на три дела: еден дел ì даде на црквата на свети Николај, другиот им го раздаде на сиромасите, а третиот муго даде на момчето, велејќи:
„Чедо, земи го ова и никомунема да бидеш должен, освен на свети Николај. Ајас ќе се грижам за тебе како грижлив татко.“
И вознесувајќи Мублагодарност на Бога и на свети Николај, Епифаниј си отиде дома сиот радосен.

III

Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше многуи го почитуваше големиот угодник Божји свети Николај. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата на свети Николај и мусе помоли на Божјиот светител. Потоа се прости со пријателите и со соседите, па се качи на коработ и отпатува. Во три часот по полноќ почна да дува силен ветар и започна невреме. Морнарите се растрчаа околупритегнувањето на едрата, им прискокна на помош и овој благочестив човек, но некако се сопна и падна во морето. Мракот беше страшен, ветерот силен, та не можеа да мупритекнат на помош на давеникот, иако сите го сожалуваа и офкаа. Атој, онака облечен, борејќи се со брановите и тонејќи, викна:
„Свети Никола, помогни ми!“
И – о чудо! Тој одеднаш се најде во својата куќа во Цариград, иако мусе чинеше дека уште е во длабочината на морето. Неговите домашни, штом го чуја неговиот глас, запалија свеќи. На тоа дотрчаа и соседите и го видоа како стои насред куќа, громогласно зборува, а облеката сета мусе цеди од морската вода. Сите се скаменија од ужас и страв, неспособни збор да прозборат.
Адавеникот им рече:
„Браќа, што се случува? Знам дека вчера се простив со вас, па отидов на кораб. Коработ се отисна и ние пловевме по морската шир. Потоа  дувна силен ветар, настана бура, морнарите се растрчаа околуедрата, а јас некако се препнав и, зафатен од ветрот, паднав во морето и го повикав на помош свети Никола. Асега каде сум, не знам. Кажете ми, да не сум полудел? Што се случило со мене?“
Атие, кога го слушнаа што кажува и гледајќи како морска вода мутече од облеката, разбраа дека се случило прекрасно чудо. И сите почнаа да се радуваат со него и долго од радост плачеа и воскликнуваа: „Господи помилуј!“
Потоа давеникот се преоблече и отиде во црквата на свети Николај. И остатокот од ноќта го помина во молитва, плачејќи, правејќи метании и вознесувајќи Мублагодарност на Бога и на чудесниот угодник Негов, светителот Николај.

Извор:

 ЖИТИЕ

И НЕБЕСНИТЕ ЧУДА

НА СВЕТИ НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ

архиепископ на Мира Ликиска (Мирликиски)

Превод и подготовка

Сестрите од манастирот

Свети Никола, с. Љубанци, Скопје

СКОПЈЕ

2007

(продолжува)

 НЕБЕСНИТЕ ЧУДА НА СВЕТИ НИКОЛАЈ (IV и V дел)

 

посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 745
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »