логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување - ‘безмолвие на умот’, оддалееност од светот, заборав на сè земно и стремење кон Божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку коешто би можел да се соедини со Бога.“ (Свети Григориј Палама)


Bogorodica.Uspenie1a.jpgОдејќи во Светиот Град и на Маслиновата Гора, од каде што нејзиниот Син се вознесе на небото, пресвета Богородица се почесто Му се молела и неа што поскоро да ја приведе кај Себе во прекрасните живеалишта на Својата небесна Црква: „Кога ќе дојдам пред лицето Божјо? Кога ќе застанам пред престолот на Неговата слава? Време е да го одликуваш Сион, време е да се смилуваш на Својата Мајка во оваа долина на плачот, која многу тагува зашто не го гледа Твоето пресветло лице!" И велат дека додека таа така се молела на колена, сите маслинови дрва на Гората, раздвижени од силата на нејзината молитва и љубов, станувале како живи и до земја ги наведнувале своите гранки, поклонувајќи им се на Господа и на пресвета Богородица како нивни слуги! Колку пати таа со челото што ја допирала земјата и се исправала, толку пати и дрвата се наведнувале и се поклонувале, се исправале простум.

Од Маслиновата Гора Богородица се спуштала во селото наречено Гетсиманија, во чие подножје лежи онаа позната градина во која Исус во навечерието на Својата крсна смрт Му се молел на Отецот небесен. И како што Он тогаш се молел, ако е можно да Го заобиколи претстојната чаша на страданијата, но повторно да не биде како што Он сака туку волјата на Отецот да се изврши, така и пресветата Богомајка му се молела на Синот што поскоро да го прекине нејзиното странствување на земјата и да ја повика кај Себе, но повторно, само тогаш кога Он како Бог тоа ќе го посака.

Еднаш, додека се молела сета во солзи, Пресветата крај себе го слушнала познатиот глас - пред неа се појавил крилестиот Божји гласник архангел Гавриил. „Радувај се, благодатна", ја поздравил, „Тебе, Божјата Невеста, те повикува во божествената одаја небесниот Женик со Својата бесконечна радост!" И подавајќи и рајско гранче од палмово дрво, кое блескало од небесната благодат, додал: „За три дена, кога ќе се преселиш при својот Господ, оние што ќе го погребат твоето пречесно тело, пред погребната поворка да го понесат овој знак на мирот и радоста!" Затреперувајќи од благодарност, пресвета Дева Богородица засветлила со лицето како блескава ѕвезда, бидејќи во истиот миг од небото на неа се излеала голема свтлина и се се исполнило со нејзината радост.

Пресвета Богородица почнала да се подготвува за заминување. Прво за тоа го известила својот посинок, апостол Јован, и му го предала светлозрачното гранче за да го понесе тогаш кога ќе треба. Потоа тоа им го соопштила и на другите, па наредила куќата да се украси и добро да се покади, да се подготви одар и да се соберат доволно свеќи, а потоа самата се дала на пост и молитва. Гласот за нејзината блиска смрт секавично одекнал меѓу нејзините роднини и меѓу ерусалимските христијани, и уште подалеку по селата и градовите. И тие почнале да се собираат во сионскиот дом, исполнувајќи го со солзи и жал поради разделбата со Дева Марија, која на сите им била како сеопшта мајка. Пресвета Богородица, пак, иако тажна што ги остава како сирачиња на земјата, била неспоредливо порадосна поради средбата со возљубениот Син, па ги одвраќала од тагата, велејќи им дека таа по смртта ќе Го виде препосакуваното Лице на својот Бог и ќе застане поблизу до Неговиот престол и дека од тоа поголема радост за неа нема на светот. Ги утешувала дека по своето заминување не ќе ги остави како сираци, туку ќе продолжи да им помага како нивна застапничка пред својот Син засекогаш. И ги молела нејзиното тело да го погребат во Гетсиманската Градина, во близината на нејзините родители и свршеникот Јосиф, помеѓу градот Ерусалим и Маслиновата Гора, во долината каде што ги погребувале сиромасите.

На денот, пак, пред упокојувањето на пресвета Богородица, се случил еден чудесен настан. Додека Богородица од претсмртната постела им ги давала последните поуки на своите духовни чеда, одненадеж над сионската куќа се слушнал силен звук и сиот дом се нашол опкружен со големи облаци. И тогаш, на општа зачуденост, од облаците еден по еден почнале да слегуваат Христовите апостоли, собрани од сите страни на земјата и самите наоѓајќи се зачудени за тоа што се случило со нив! Започнале еден на друг да си кажуваат како, ете, во нивните далечни места некаква сила ги кренала во воздухот и преку непрегледните пространства, за еден миг, ги пренесла на облаци тука на Сион, а дека тие се уште не знаат зошто. Кога се собрале, по Божја волја, тука биле сите, освен апостол Тома, тие влегле во домот на Јован и имале што да видат: Пресветата Богомајка и нивна Покровителка лежела на одарот, а околу неа биле нејзините сирачиња. И сите горко плачеле. А Пресветата кога ги видела своите чеда, благо се насмевнала и рекла: „Чеда на мојот Син и Господ, радоста на моето заминување не претворајте го во плач со своите солзи! Ете, јас си заминувам од овој свет како ваша застапничка пред Бога. Така јас ќе бидам со вас во светот секогаш! А вие моето тело погребете го во Гетсиманската Градина!" И тогаш воскликнала кон Господа: „Сине и Боже мој, оние кои ми ги даде, запази ги во веки веков!"

И кога настапил од Бога назначениот час, апостолите и мноштвото ерусалимски христијани стоеле во молитвен молк, со наведнати глави, околу одарот на Богородица. Нејзиното лице било божествено озарено, а мирот на нејзината душа како миризливо масло се излевал на сите, ублажувајќи ја болката на разделбата. И тогаш, одненадеж, како покривот на куќата да се отворил под силните зраци нн светлината што се разлеала како дожд од небото. Пред одарот на Пречистата се појавил нејзниот Син и Господ, во придружба од миријади ангели и други небесни сили и души на починати праведници, од Авраам до мачениците Христови. Гледајќи Го Возљубениот, Пресветата малку се поткренала и ги испружила своите раце кон Него, па потоа од слабост затреперила, ја наведнала главата и нечујно изустила: „Те славам, Сине мој! Што да Ти дадам јас, Твојата слугинка?! Што да Ти принесам, ако не душата и телото?" А Господ милно ја гледал и одговорил: „Дојди, ближна Моја! Дојди, прекрасна Моја! Пријди, најубава меѓу цветовите и влези во дворовите на вечниот живот! Мајко Моја, зачекори во божествената радост, во Царството во кое заедно се обожувани Отецот и Синот и Светиот Дух!" А таа уште понечујно прошепотила: „Моето срце, Боже, е подготвено, моето срце е подготвено! Нека ми биде според Твоето слово!" И ја испуштила душата. Тогаш Господ ја примил мајчината душа на Своите пресветли дланки и со ангелските војски заминал пред Својот престол за да ја принесе како најмирисна земна роза на Отецот небесен.

Богородичното тело, пак, останало да лежи на одарот како да е заспана, со светло лице како сонце, сецело миризливо од небесното благоухание, со кое го натопила нејзината пресветла душа. Апостолите и сите присутни пристапиле побожно со последен целив да се простат од неа, тажејќи: „Пресвета, отвори ја твојата уста и подај ни благослов! Како да умреш ти, која ја обожи природата на смртните луѓе? Ти си заспана, а не умрена, оти во подобар живот се разбуди! Богородице Дево, при погледот на твоето тело без душа слабее нашиот дух! Каде стоиш сега, оставајќи ги своите пилиња на земјата? Пречиста, сети се на нас во небесното Царство, кои го славиме Твоето Успение!"

Потоа почнале да го подготвуваат пречесното тело за погреб. А кога се било готово, апостолите го понесле одарот на рамења, а пред нив одел Јован со светлозрачното гранче на мирот и радоста во рацете, по нив, пак, мноштво народ со свеќи, пеејќи заупокоени песни. И така го носеле пресветото тело на Дева Марија низ Ерусалим на патот кон Гетсиманија. Во еден миг, над одарот во висината се појавил круг од облак како венец, голем и блескав и од него се слушнала ангелска песна. Овој сладосен облак одел над погребната поворка до гробницата. И кога поворката пристигнала, апостолите го положиле одарот во гробницата и навалиле на неа камен, па останале тука уште три дена, деноноќно молејќи се и пеејќи со умилните ангелски хорови во височините.

Пред крајот на третиот ден, кога веќе се подготвувале да се вратат, се случило да пристигне и оној нивни единствен преостанат брат во Господа, апостол Тома, кого Божјата сила го пренесла на гробот на Пресветата со задоцнување. Но тоа задоцнување се случило со Божја волја за пред апостолите и пред христијанскиот народ уште повеќе да се прослави Пресветата Богомајка. Бидејќи, ако апостол Тома, доаѓајќи сега не посакал и самиот за последен пат да го целива нејзиното пречисто тело, апостолите, можеби, и не би дознале за чудото што се случило во гробницата.

Имено, кога го тргнале гробниот камен за да влезе Тома, тие наместо пречесното тело на Дева Марија на одарот ги виделе само нејзините погребни покривачи и нејзиниот појас! И сфатиле дека Господ, како што Самиот воскресна, и Својата пресвета Богомајка во третиот ден по нејзината смрт ја воскреснал во тело за живот на небесата! И апостолите, силно зарадувани, се вратиле во куќата на Јован за да приредат задушна трпеза.

Кога таму подготвиле се што биле потребно, како и обично, на челото на маста поставиле посебен леб, во чест и спомен на својот Учител и Господ и Неговата последна Вечера, која Он ја јадеше со нив во пресрет на Своето страдање, се помолиле и седнале да јадат. По завршувањето на јадењето, повторно, според обичајот, го кренале лебот и побарале благослов, велејќи: „Господи Исусе Христе, помагај ни!" Тогаш се случило уште едно чудо. Во воздухот пред нивните очи се појавила Пречистата Дева и Богомајка во тело, во својата небесна слава, опкружена со безброј ангели и светители! „Радувајте се", рекла таа, „Јас сум со вас во сите денови!" Тогаш апостолите паднале на земја и радосно воскликнале: „Пресвета Богородице, помагај ни!" А Пресветата како некогаш нејзиниот Син на Маслиновата Гора, пред нивните очи се вознесла на небо-то и во вечниот живот на небесата, сведочејќи ни дека и ние, само ако веруваме во нејзиниот Син и го правиме она што Он ни го рекол, во Денот на општото воскресение ќе се вознесеме со тело во вечната прегратка на нашиот Господ, на Животодавецот и семилостивиот Отец.

И оттогаш и до денес христијаните непрестајно ја бараат помошта од Пресветата Богомајка, а Богородица не престанува над нив да го раширува моќниот покров и со силата на својот Син да им помага во сите неволји. Безусловната верност на Богородица на волјата Божја, постојаната молитва и сострадателна љубов кон ближните кои ја украсувале уште од нејзиното детство, ја возвишиле не само над сите луѓе, туку и над сите небесни сили. Бидејќи сите ангели, архангели, шестокрили серафими и многуоки херувими и сите други со страв и трепет стојат пред престолот на семоќниот свој Творец, не осмелувајќи се ниту да Го погледнат. Само пресвета Богородица со мајчинска смелост и нежност постојано Го моли својот Син за нажалените и болните на земјата, и Го гледа Неговото пресветло лице со бескрајна и неодолива љубов.

 

Извор: „Животот и чудата на Пресвета Богородица“

Друго:

УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 408
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

« »