логоFacebookTwitterYouTubeeMail


I Словата на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици

 

Четврто слово
За заедничкиот пат на оние што живеат во ќелии и за совеста


60.  Ако кога си во подвиг ѝ се противставуваш на непријателската сила, па видиш дека таа се повлекла пред тебе во изнемоштеност и бега назад, твоето срце да не се радува на тоа, зашто зад тоа се крие лош план против тебе; тие тогаш подготвуваат нов напад против тебе – поопасен од првиот. Тие оставаат заседа зад тебе, на која ѝ наредиле да демне. Кога ти, пак, се устремиш против нив, тие бегаат од тебе како да се победени. Но, кога ќе се развесели твоето срце од тоа што си ги прогонил, па го оставиш утврдениот град на твојата душа, тогаш ќе бидеш истовремено нападнат и однапред и од оние зад тебе, ставајќи ја твојата кутра душа меѓу себе, така што да нема каде да избега. Твое прибежиште и твој град е Бог. Падни пред Него со сето твое срце; Он те спасува од сите демонски напади.



61.  Ако Му се молиш на Бога кога си во духовна борба, за да ја отстрани од тебе, а Он не те послушува и борбата продолжува, не биди малодушен; зашто Он подобро знае што е корисно за тебе. И кога Му се молиш на Бога за нешто кога си во духовна борба, тогаш не говориː „Боже, оддалечи го од Мене тоа и тоа, а подај ми го ова!“. Туку моли се вакаː „Господи Исусе Христе, помогни ми и не дозволи ми да згрешам пред Тебе, зашто се заблудив; не дозволи ми да ја следам мојата волја, не дозволи ми да загинам во моите гревови. Биди милостив спрема Твоето создание. Не презирај ме, зашто сум немоќен. Не оставај ме, зашто при Тебе доаѓам. Исцели ја мојата душа, зашто згрешив пред Тебе. Пред мене се сите оние што ме напаѓаат; освен Тебе, Господи, друго прибежиште немам. Господи, спаси ме заради Твојата милост; нека се засрамат сите што стануваат против мене; истреби ги оние што ја бараат душата моја, зашто Господи, Ти си силен во сѐ и преку Тебе е славата на Бога и Оца и на Светиот Дух, во векови, Амин“. – Тогаш твојата совест тајно ќе му каже на твоето срце заради што Бог не ја послушал твојата молитва. Тогаш твој долг е да ја слушаш твојата совест и да го извршуваш она што ќе ти каже. Не може Бог да не го послуша човекот, ако Му е тој послушен Нему. Он не е далеку од човекот, но нашите желби Му пречат да го слушне нашиот глас. Не дозволувај никој да те измамува, дека земјата, може да даде плод сама од себе, без сеење и без небеска роса, така ни човекот не може да даде добри плодови без страдања, без борба против себеси и без смирение.




62.  Возљубени, да имаме страв Божји, пазејќи ги и извршувајќи ги добродетелите, не правејќи ѝ трепнувања на нашата совест, но да внимаваме на себе си во страв Божји додека и таа не се ослободи заедно со нас, за да бидеме во единство. Тогаш таа ќе биде за нас стражар и ќе ни покажува секогаш кога не треба да се согласуваме со нашата волја. А, ако продолжиме да ја слушаме нашата волја, тогаш таа ќе отстапи од неа и ќе нѐ остави, а ние ќе паднеме во рацете на нашите непријатели, кои нема да имаат никаква милост спрема нас, како што нѐ учи нашиот Господ , велејќиː „Измири се со противникот твој навреме, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш затворен; вистина ти веламː нема да излезеш оттаму, сѐ дури не го дадеш и последниот кодрант“ Матеј 25,26). Велат дека совеста му е противник на човекот – кога тој сака да ја исполни волјата на своето тело, а ако човекот не ја послуша својата совест, таа го предава на неговите непријатели. Затоа пророкот Осија, оплакувајќи го Ефрема, велелː „Ете Ефрем е угнетен, поразен е преку суд, оти посака да оди по суетни работи“ (Осија 5, 11); го барал Египет, а насила бил одведен од Асирците. Египет значи дека срцето ги барало желбите на телото, а зборовите „насила бил одведен од Асирците“ значат, дека сакал или не – ќе им служи на непријателите.


63.  Да се погрижиме, возљубени, да не паднеме во рацете на волјата на нашето тело, а таа да не нѐ предаде против нашата волја на Асирците. Да ги ислушаме следниве горчливи зборовиː „Дошол асирскиот цар во израелската земја и го пресилил Ефрема и Израилот во Асирија. Ги населил таму покрај хузанските реки Елеја и  Амореја. А тие се и досега таму. Тогаш царот асирски испратил некои од своите луѓе и им заповедал да живеат во Израилската земја. И секој од нив си направил идол и му се поклонувал. А тие се таму и до денес (4. Цар. 17, 6, 24, 25, 29). Тоа се случило со Ефрема затоа што „посакал да оди по она што е суетно“.


64. Дали разбравте,браќа каква била судбата на оние што ја следеле својата лоша волја и ѝ се противеле на својата совест? Да не се угледаме на нив, браќа, туку да ги следиме светиите, кои не грешеле дури до својата смрт, ѝ биле послушни на својата совест и кои го наследиле небесното царство. Секој од нив го завршил својот живот во непорочност во својот род, но имињата нивни останале неизбришливи во сите родови. (...)


Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ – Том I

 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

25-ти февруари 2018 лето Господово

 

 Друго:

Преподобен Јован Карпатски: За да не му позволуваме на нашиот ум да лета и да се расејува



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2737
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1921
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…