Свети Јован Златоуст: За знакот на крстот
Знакот на крстот да се става на „царската диадема"на украси на војниците, на делови на телото, и тоа: на главата, на градите, на срцето, а исто така на жртвениците и на постелите. Ако е потребно да ги изгониме демоните, ние го употребуваме крстот, а исто така тој помага за исцеление на болести.
Свети Бенедикт ја осенил со крсен знак чашата во која имало отров и стаклото прснало како да е удрено со камен.


Гледате, како да ни кажува Господ од Крстот, што Јас претрпев со Своето безгрешно тело, кое го примив заради ваше спасение; зарем ќе одбиете да ги распнете во вашето тело разните страсти и похоти? Зарем нема да поднесете никаква горчина на постот? Зар на некое време, барем, нема да се одречете од сластите како би го скротиле телото, кое, што повеќе му угодуваш, сè повеќе беснее? Зарем нема да одолеете на на огнените стрели на ѓаволот, кога Јас му дозволив со семоќни стрели да ја прободе Мојата божествена плот?
Послушајте што рекол блажениот апостол: „Да го забораваме она што е зад нас, а да се стремиме кон она што е пред нас“.
Човечкото тело беше земено од земјата, но не е создадено за земјата. Падна во распадливост, но не беше создадено за распадливост. Тоа е создадено, украсено од Создателот за вечноста и вечното. Тоа веднаш по содавањето беше оживеано од бесмртната и света душа, заедно со неа вознесено од земјата во светол рај за
Како да не се срамуваме од небото и од земјата ние, кои сме купени со пречесната Христова крв, пак да се враќаме назад? Како да не црвенееме пред себеси затоа, што однадвор се покажуваме светли и убави, а однатре сме исполнети со секаква нечистотија? До кога ќе куцаме на обете нозе?
Лошите работи сакаат да имаат власт над човекот и да го поробат. И тој веќе нема сили да се насочи кон својата најважна цел, да се стреми да Го достогне Бог. Тие го оддалечуваат човекот, го менуваат, го водат на разни страни. И тогаш човекот душевно се оптеретува, комплицира и затоа е неопходно да се ослободи од тие внатрешни состојби.
Со молитвата треба да се бориме против човечката потреба да се владее, која исто така е многу погубна. Затоа преподобниот Ефрем вели: Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на властољубие... Духот на властољубието е стремеж да се владее над другите, да се заземе првото место, а стремежот да се владее го довело до погибел архангелот,
Светата Четириесетница е востановена во чест на спасителните страдања и Воскресението на Господ Исус Христос. Според Типикот на Православната Црква се пости на следниот начин: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се јаде само на Благовештение и Цветници.
„Скудниот леб на трпезата на чистиот уште повеќе му ја очистува неговата душа – на оној што јадел од секоја страст... од трпезата на оние што постат и престојуваат во бдение, од оние што се труделе за Господа, - земи го лекарството за својот живот и разбуди ја умртвеноста на твојата душа. Зашто, меѓу нив се наоѓа Возљубениот ...
За секое човечко суштество, која средба на земјата е најважна? Да се сретне со Бога! Денеска е таков празник - Светиот празник Сретние. Праведниот старец, свети Симеон Богопримец, се сретнал со Него, со Бога, со малото Детенце Исус, Го зеде в раце и испеа чудесна и прекрасна химна:
А тоа што беше речено за Симеон, дека ја чека Утехата израилева, покажува како требаше Израил да најде утеха преку Светиот Дух, примајќи, преку својата вера во Него, слобода од римското владеење и од иноплеменото царство Иродово.
Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14);
Преку молитвата ја признаваме нашата немоќ и Божјата семоќ. Со молитва Го издигнуваме Бога на негово место и го спуштаме човекот на негово место. Луѓето кои не знаат за молитвата ги поставуваат работите наопаку, односно се воздигнуваат себеси и го понижуваат Бога. Онаму каде што е присутна 
Има многу патишта што водат во царството небесно, а сепак тоа е еден патː еден е затоа што е една и добродетелта што се извршува и се приведува во дело преку разни добри дела. Да ја прифатиме оваа единствената и сесилната. Да одиме по патот на послушноста, која ѝ подражава на божествената послушност, по патот на кој нема пречки и прекини; вториот пат е патот на Христовото смирение, по патот, кој е најрамен и најкус.
Да го управуваш човекот, најпаметното и променливо животно, е искуство над искуствата и наука над науките. Во тоа може секој да се увери, ако го спореди лекувањето на душите со лекувањето на телата – ќе се убеди колку тешко е последното и ќе разбере колку потешко е нашето лекување, истовремено и попретпочитано по карактерот на болеста, по силата на знаењето и по целта на лекувањето.
Во еден женски манастир имало една монахиња, која живеела богоугодно и го измачувала телото со многу постење, малку спиење и слично. Лукавиот демон многупати ја лажел. И се јавувал како светол ангел, доаѓал секоја ноќ и говорел со неа. Еднаш, кога се исповедала, духовникот ја прашал дали живее монашки,
Кај Св. Антониј Велики дошол демонот Зееифер во човечки облик и горко плачел. Св. Антониј го прашал: "Зошто плачеш?" А Зерифер одговорил: "Јас многу згрешив и не знам дали Бог ќе ми прости. Помоли се за мене, за Бог да одговори дали ќе ми прости."
























