Се сврши!
Пред неколку дена Го пречекавме Христос во Ерусалим, Кој како цар влезе во неговиот град, а сега пред нас мртов лежи. Му се придруживме на трпезата, јадејќи од лебот што го прекрши за нас, а сега Неговото мртво тело лежи пред нас. Ни ги изми нозете, а ние сега Го помазавме и Го погребавме.


Пасха и Светлата Седмица отсекогаш ме потсетувале на рајската радост. Дверите постојано стојат отворени во Светлата Седмица, потсетувајќи го народот Божји дека Христос за нас го отвори рајот. Ова се некои мисли за ненадејноста и блискоста рајска. Како што старец Клеопа милувал да каже, „Нека ве проголта рајот!“
Гревот е секогаш престап против љубовта кон Отецот. Тој се покажува како наше оддалечување од Бог и потчинетост на нашата волја на страстите. Покајанието е секогаш поврзано со воздржувањето од гревовните поттикнувања. И надвор од христијанството се води борба против некои страсти; и во хуманизмот можеме да најдеме совладување на овој или оној порок;
Секој од нас е Јуда штом го прифати концептот на паднатиот свет граден врз сластољубие, среброљубие и славољубие. Но, да не се обесхрабруваме во Тајната вечера - Литургијата ни се дава можност да бидеме причесници и учесници во вечниот живот преку покајанието.
Обновувајќи се со 'духот на својот ум' (Еф.4,23). Тоа значи, да се смени духот на умот, расположението на умот, навиките на умот; да се смени начинот на умување, начинот на мислење. Со збор: тоа значи да се преобрази и преобрати тој главен незнабожец во нас; од небог да се обрати кон Бог, од нехрист - кон Христос.
Цар на славата Сега народот, свештениците и јудејските властодршци за последен пат го слушаат словото Господово во Храмот. А тоа било сеопфатно: го опфаќало минатото, сегашното и идното. Со прашувањето за Јована, Господ наговестува дека Тој е вистинитиот Месија; со приказната за двата сина укажува дека Јудејците ќе бидат отфрлени и на нивното место ќе бидат повикани незнабожечките народи;
Гледајќи го вашиот труд, Бог дарежливо ви ја дава Својата благодат, вам и нему. Но, притоа мора да бидете мртви за себе. Го разбравте ли ова? Вие тагувате кога другите не се добри, а би требало да се предадете на молитвата за со помош на Божјата благодат да дојдете до посакуваната цел. Вие укажувате на доброто потпирајќи се на својата мудрост, а тоа всушност, и не е толку правилно.
Сакаш ли да се родиш за дух
Кога си во невоља, не барај помош од луѓето. Не губи си го драгоценото време и не исцрпувај си ја силата на душата твоја во барање на таквата слаба помош. Очекувај помош од Бога, на негов знак, во вистинско време ќе се појават луѓе и ќе ти помогнат.
Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај некој мајстор, мајсторот треба да го поучи, преку пример, како да живее духовно. Од ова полза ќе видат не само чиракот и мајсторот, туку и крајните корисници на произведените добра.
Општесвената слобода, и слободата национална и слободата државна и слободата интернационална, без ослободување од самиот себе си, се само заводливи и лажни имиња на различни зандани и разновидни кафези.
– Господ наш Седобар рекол: Без мене не можете ништо да направите, а се’ што Господ рече, е апсолутна вистина и само вистина. Затоа ние секогаш прво замолуваме: Боже, помогни ми, па потоа го правиме она што сме наумиле. Ете, го извадив трнот. Ух, колку гној! Не ја спуштај шепата додека не ја завиткам.


Сметам дека начинот на кој пристапуваме кон Светата Причест е термометар на нашата вера. Како што зборувавме дека термометар на нашата вера е молитвата, сега, пак, велам: вистински термометар е дали ќе заигра нашето срце при причестувањето. Молитвата е љубов кон Бога, и Светата Причест исто така е љубов..
Ми се чини јасно е дека сето страдање на овој свет никако не може да Му се припише на Создателот на светот. За чудо, луѓето не го избираат она што е подобро, туку нешто средно. Не кажувам полошо, туку средно. Меѓутоа, тоа средно, кога некој се фаќа за него и не сака да го прошири своето срце, тоа средно сепак станува тесно.
Како што ова наше тело, по излегувањето на душата од него, умира и почнува да смрди, така и душата, која е неподвижна на молитва, всушност е мртва, бедна и смрдлива. Затоа, да се биде лишен од молитвата – значи, полошо и од самата смрт. На ова, добро нѐ поучил големиот пророк Даниил,
„Идејата за божемно ’мешање во Божјата промисла‘, е една антихристијанска, антиправославна идеја и типичен пример на класичниот светски хуманизам. Класичниот хуманизам (не она што ние сега под тој поим подразбираме, туку така како што во почетокот тој беше толкуван), е ерес на обоготворување на човекот.























