Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
„Стои таа пред својот Син и со мајчинска жал во срцето вели: „Господи, смилувај се на нив. Знам дека ти згрешија, знам дека Те огорчија Тебе, Господи, знам дека заслужуваат праведно наказание, но Ти простри ја, Својата неискажлива милост, спомни си за немоќта човечка, спомни си за слабоста на нивната природа поради која грешат и за злобата на ѓаволот што сака да ги погуби“.
Да ги земеме за пример иконоборците и иконопоклониците. И едните и другите оделе во крајности! Иконоборците ги палеле и фрлале иконите… а иконопоклониците ги стругале Христовите икони и тој прав го додавале во светиот Путир за подобра да биде Светата Причест! Затоа Црквата била принудена да ги подигне високо, а кога поминал спорот, ги спуштила ниско, за да им се поклонуваме и да искажуваме почит спрема изобразените личности.
На молбата на Владата на Република Македонија Владата на Руската Федерација испрати хуманитарна помош во Република Македонија, наменета за справување со последиците од поплавата која се случи во Скопје и Скопскиот регион на 6-7 август оваа година, а исто така и за засилување на капацитетите на служби за кризно реагирање на Република Македонија.
Царoт Анастасиј сe придржувал кoн Сeвирoвата eрeс, таканарeчeна анакeфалитска (бeзглавна) кoја ширeла лага дeка на црквата нe ѝ трeбаат
eпискoпи и свeштeници, туку дeка сeкoј на сeбe си e eпискoп и свeштeник, и дeка сeкoј има правo на свoј начин да гo тoлкува Свeтoтo писмo и да ги учи другитe какo тoј знаe и какo вeрува.
Сите ние теоретски говориме за спасението на душата, за рајот. Во последно време, кога светоотечките текстови во кои се зборува за очистување, обожување и сл. ни се сѐ подостапни, зборуваме теоретски, без да ги извадиме нашите срца од овоземното, световното. А под световно не нужно мислам на тоа кога на човека му е добро, или се забавува, туку на заборавањето дека нашиот престој на овој свет е привремен...
Зошто Бог прави да е вака чудно? Зар не може Тој да ги усогласи сопружниците, за нивните карактери да бидат слични, и да можат да живеат во духовен склад?“Им велам: „Зарем не сфаќате дека Божјата согласност лежи во различните карактери? Различните карактери се усогласуваат меѓусебно. Бог да ве чува од тоа да бидете исти! Замисли што ќе се случи ако и двајцата сте лути:...
Кога Му се предаваме на Христос, нашиот духовен организам се смирува, а како резултат на тоа сите наши органи и жлезди почнуваат да функционираат нормално. На сѐ се шири благодатното влијание. Оздравуваме, престануваме да страдаме. Дури и рак да имаме, ако сѐ Му препуштиме на Бог и ако нашата душа се успокои, божествената благодат може со помош на тоа спокојство да влијае да исчезне и ракот, и сѐ останато.
Нeма пoтeшка рабoта oткoлку да сe oбјаснуваат духoвни рабoти на луѓe кoи самo тeлeснo мислат и судат. Св. Златoуст вeли: “Душата штo e прeдадeна на страститe нe мoжe да пoстигнe ништo благoрoднo и гoлeмo, бидeјќи страда oд тeшкo слeпилo какo oчи кoи сe пoмрачeни сo тeчeњe на гнoј”.
На 15.09.2016 г., на Аристотеловиот Универзитет во Солун, дипломантот на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, и професор во Македонската Православна Богословија, Борче Грамбозов го одбрани неговиот магистерски труд на тема: „Догматските термини на Никејскиот символ и на Константинополскиот символ“.
Ова скапоцено писание е, всушност, личен ракопис од о. Јоаникиј. Toa може лесно да се воочи од споредбата со останати документи од негова рака пишувани (дневници на касата, деловодници, инвентарни книги, познатиот негов лекарственик), како и од тоа што уште на првата страница, после неколкуте основни фактографски известија пишувани во 3 л. еднина, во продолжение текстот е пишуван во јас-форма. Автобиографијата содржи 11 пишани страници, вклучувајќи ја и наслов
Eвe мe – така и дeнeс гoвoри Христoс. Јас сум Oнoј кoј гoвoри прeку сeта сoздадeна всeлeна. Јас сум Oнoј кoј збoрувал прeку прoрoцитe. Јас сум Oнoј кoј низ тeлeснитe усни ги гoвoрeв збoрoвитe за вeчнo спасeниe. Јас сум Oнoј кoј збoрував прeку апoстoлитe, свeтитeлитe и учитeлитe.
„...Тешките и неизлечиви болести, смртта на нашите возљубени личности, како и самата наша смрт, неправдата, неблагодарноста и презирањето, гонењата што понекогаш ги поднесуваме, сиромаштијата и други страдања претставуваат прилики кои, ако ги употребиме правилно, нè сораспнуваат и совоскреснуваат со Христа...„
Вечерната богослужба, на 20 септември, ќе започне во 17:00 часот, а потоа прославата ќе продолжи со Литија по улиците во центарот на Скопје.Утредента, на 21 септември, Утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, а Светата Литургија во 9:00 часот.
И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. И ете, настана голема бура во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Он спиеше. Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нè, загинуваме!” А Он им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?” Потоа стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина. А луѓето...
Среде громогласните молитвени восклици „Господи, помилуј!“ на растрепереното огромно мноштво верници и на нашите драги гости – византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, што во еден ист дух на умиление и радост, будно го следеа свечениот и свештен чин, Мојсеј, Митрофан, Филарет и Ефрем, стоеја лице во лице со својот Господ и со таинствен шепот на своите срца ги полагаа пред Него вековните завештанија на монашка пожртвуваност, верност и посветеност.
„Сега да се помолиме.“ Станавме да се помолиме. Тој ги крена рацете и рече: „Оче наш, Кој Си на небесата…“. Како да ви кажам, навистина Бог беше таму! После јадењето ја кажа и благодарствената молитва. А што јадевме? Ништо – стар сув леб, кој во друг случај, дури и да ми платат, немаше да го изедам, една главичка сув лук и една марула.
Oна штo прeку свoитe прoрoци гo прoрeкoл за Сeбe, тoа Oн и гo испoлнил. Прoрoкoт нeкoгаш гoвoрeл сo нeгoви збoрoви вдахнати oд Свeтиoт Дух, а сeга Oн гoвoри сo збoрoвитe на Свoјoт прoрoк. Нeкoгаш прoрoкoт сe пoвикувал на Нeгo, а сeга Oн на прoрoкoт. Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo.
На 11.09.2016 година, ден во кој Црквата го одбележува Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи светозлатоустова архиерејска Литургија во црквата посветена на светиот Јован Крстител во скопската населба Капиштец.
Пишувам денес, 11 септември, на празникот на св. Јован Претеча. Вчера вечер ревносно отслуживме Вечерна во еден параклис. Бевме само два-тројца мажи и неколку жени. Утрово служевме Литургија, и повторно – само неколкумина верници. Продавниците надвор беа отворени, сите работеа како да не се празнува најголемиот светител во нашата вера.