логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Светителот Григориј Палама, архиепископ Солунски, заштитникот на православното учење за Божествената светлина, се родил во 1296 г, во Мала Азија. Во време на турската наезда семејството избегало во Константинопол и нашле прибежиште на дворецот на императорот Андроник II Палеолог (1282-1328). Таткото на свети Григориј станал висок чиновник при императорот, но наскоро умрел. Андроник самиот го презел воспитувањето и образованието на момчето, кое било надарено со прекрасни способности и голема упорност.


Императорот сакал момчето да се посвети себеси на државна служба, но Григориј, кога наполнил 20 години, отишол на Светата Гора Атонска и станал послушник во манастирот Ватопед, каде под раководство на преподобниот Никодим Ватопедски (се празнува на 11 јули) тргнал по патот на подвижништвото и примил монашки постриг. По една година нему му се јавил во видение светиот евангелист Јован Богослов и му го ветил своето духовно покровителство. Мајката на Григориј и неговите сестри, исто така, примиле монаштво.

По преставувањето/упокоението на преподобниот Никодим, монахот Григориј поминал 8 години молитвен подвиг под раководство на старецот Никифор, а по неговото упокоение преминал во Лаврата на преподобен Атанасиј Атонски. Но, по три години, стремејќи се кон повисок степен на духовно совершенство, тој се населил во малата отшелничка обител Глосија. Настојателот на таа обител Григориј почнал да го учи момчето на сосредоточената духовна молитва — на умното делување, кое постепено се разработувало и се усвојувало од монасите, почнувајќи од големите пустиници на IV век. Потоа, откако во XI век, во трудовите на Симеон Нов Богослов (спомен на 12 март) надворешните молитвени облици на умното делување добиле подробно објаснување, тоа било усвоено од Атонските подвижници.

Искуственото применување на умното делување, кое барало осамување и безметежност (безмолвие), го добило името исихазам (од грч. исихиа = спокој, молчење), а оние што го практикувале исихазмот, почнале да се нарекуваат исихасти.Заради опасноста од нападите на турците, свети Григориј заедно со браќата преминал во Солун (Тессалоники), каде што тогаш бил ракоположен во чин свештеник.


Своите презвитерски обврски свети Григориј ги соединувал со отшелничкиот живот. Во сабота и недела пастирот излегувал мегу народот — служел Богослужби и говорел проповеди. Понекогаш свети Григориј ги посетувал богословските собранија на градската образована младина. Тој собрал мала општина монаси -отшелници и раководел со неа пет години.Во 1331 г, светиот се оддалечил на Атон и се осамил во скитот свети Сава, близу Лаврата на преподобниот Атанасиј. Во 1333 г. бил назначен за игумен на Есфигменскиот манастир, во северниот дел на Света Гора. Во 1336 г. светителот се вратил во скитот свети Сава, каде што се занимавал со богословски трудови, кои не ги оставил до крајот на животот.


Во 30-тите години на XIV век во животот на Источната Црква се случиле настани, кои го поставиле светителот Григориј во редот со големите вселенски апологети на Православието.


Околу 1330 г. во Константинопол од Калабрија пристигнал учениот монах Варлаам. Наскоро Варлаам допатувал на Атон, таму се запознал со начинот на духовниот живот на исихастите и врз основа на догматот за недостижноста на Божјата природа, умното делување го нарекол еретичка заблуда. Варлаам влегол во спор со монасите и се обидувал да ја докаже создаденоста (тварноста) на Таворската Светлина; при тоа тој не се притеснувал да ги исмејува расказите од монасите за молитвените примања и за духовните просветлувања.
Светителот Григориј, заштитувајќи го учењето за Божествената Таворска Светлина, говорел: «Вообразените со световна и суетна мудрост не внимаваат на мажите кои се искусни во духовното учење, кога слушаат за Светлината, (со која засветли Господ на гората на Преображението и која што ја видоа Апостолите), мислат декатаа е нешто сетилно и створено..., иако Самиот Он што засветли со Светлина на Тавор јасно покажа дека таа Светлина не е створена, нарекувајќи ја неа Божјо Царство (Мат. 16, 28)...


Секаде присуствува Царот на се и секаде е — Неговото Царство, бидејќи доаѓањето на Неговото Царство не означува Негово преминување од едно место на друго, туку Негово откривање со силата на Божествениот Дух...


Светлината на Преображението Господово не се раѓа и не исчезнува и не подпежи на сетилни способности и, иако била созерцувана со телесните очи..., сепак тајниците (учениците) на Господа во тоа време преминале од плотта во духот, преку изменување на сетилата, што се случило во нив преку Духот...Засветлила онаа Неискажлива Светлина и таинствено им била јавена на Апостолите... додека (Господ) се молел; со тоа е покажано, дека родителка на тоа блажено видение била молитвата, дека блесокот настанал и се јавил од соединување на умот со Бога и дека таа им се дава на сите што при постојано вежбање во подвизите на добродетелите и молитвата, го устремуваат својот ум кон Бога. Вистинската убавина може да се созерцува само со очистен ум.
Господ нашиот Исус Христос Самиот од Себе ја имал таа Светлина. Заради тоа, Он и немал потреба од молитва за да ја просветли со Божествената Светлина Својата плот, но само покажал; од каде таа Светлина слегува на Божјите светии и на кој начин може да биде созерцувана: зашто, напишано е, дека и светиите „ќе засветат како сонце" (Мат. 13, 43), т.е., целосно проникнати со Божествената Светлина ќе Го гледаат Христа... Ние веруваме дека Он при Преображението јавил не некоја друга Светлина, тукутокму онаа, што била скриена во Него под завесата на плотта; истата Светлина е Светлината на Божјата природа и затоа е Нестворена, Божествена..."


Свети Григориј ги изложил своите аргументи во богословскиот труд. „Тријади во заштита на светите исихасти“ (1338 г). Околу 1340 г. Атонските подвижници со помош на светителот составиле општ одговор на нападите од Варлаам —„Светогорски томос“.
На Константинополскиот Собор во 1341 г. во храмот Света Софија, се одвивал спорот на светителот Григориј Палама со Варлаам, чија тема била: „природата на Таворската Светлина". На 27 мај 1341 г. Соборот ги прифатил ставовите на светителот Григориј Палама за тоа, дека Бог, Кој е недостапен во Својата Суштина, се јавува Себеси во енергиите, како Таворската Светлина, кои се насочени кон светот и се достапни за восприемање, а не се створени.


Иако учењето на Варлаам било осудено како ерес и самиот тој бил предаден на анатема, споровите меѓу паламитите и варлаамитите не завршиле. Меѓу вторите припаѓале ученикот на Варлаам, монахот Акиндин и Патријархот Јован ХIV Каленас (1341-1347); кон нив се приклонил и Андроник III Палеолог (1323-1341). Акиндин настапил со редица трактати во кои ги прогласувал светителот Григориј и Атонските монаси за виновници за црковниот проблем. Светителот напишал подробно побивање на измислиците од Акиндин. Но, без оглед на тоа, Патријархот го одделил светителот од Црквата (1344) и го осудил на затвор кој траел три години. Во 1347 г, кога Јован XIV на патријаршискиот престол го сменил Исидор (1347-1349), светителот Григориј Палама бил ослободен и воведен во чин архиепископ Солунски. Во 1351 г. Влахернскиот Собор торжествено ја посведочил православноста на неговото учење.


Три години пред неговото упокоение тој се вратил во Солун. Непосредно пред да се упокои, нему му се јавил во видение светителот Јован Златоуст. Со зборовите: „Во горните! Во горните!" светителот Григориј Палама мирно се преставил при Бога, на 14 ноември 1359 г. Во 1368 г. тој бил канонизиран на Константинополскиот Собор при Патријархот Филотеј (1354-1355, 1362-1376), кој ги напишал житието и службата на светителот.

Тропар, глас 8:


На Православието учителу, на светителите украсу, на богословите поборнику непобедпив, Григориј чудотворецу, на Солун голема пофалбо, проповеднику на благодатта, моли Го Христа Бога да бидат спасени нашите души.


Кондак, глас 8.


На Премудроста свештен и Божествен органу, на Богословието светла согласна труба, те воспеваме, Григориј Богоговорнику, но, бидејќи со умот стоиш пред Првиот Ум, кон Него нашиот ум, отче, води го, да повикуваме: радувај се, проповеднику на благодатта.

 

Преземено од блогот: http://ortos.wordpress.com/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1124
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1246
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1122
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »