Еден ден ѓаволот се појави пред тројца монаси и ги праша секого одделно, што би сменил од минатото.
Првиот монах брзо му одговори со голема ревност: „Не би дозволил Адам и Ева да паднат во грев, за да не се оддалечи човештвото од Бога.
Вториот монах кој имаше срце полно со милост, му одговори: „Би го спречил твоето оддалечување од Бога, Кој засекогаш ќе те казни“.
Третиот монах беше попрост од другите. Наместо да му одговори на ѓаволот, падна на колена, се прекрсти и се помоли: „Господи, избави ме од искушението наречено, ,што би било, и што не би било‘“.
Тогаш ѓаволот испушти еден продорен крик и почна да се врти во круг од болка, па исчезна!
Изненадени другите двајца монаси го прашаа нивниот брат:
„Брате, зошто му одговори така?“
Најпрво, не треба да разговараме со непријателот.
Второ: никој во светот нема сила да го смени минатото.
Трето, ѓаволот не се интересира воопшто да ни помогне, туку да нѐ зароби во минатото, за да ја занемариме сегашноста. Бидејќи сегашноста е единствениот миг во којшто можеме, со благодатта Божја, да соработуваме со Него. Стратегијата на ѓаволот, онаа што најмногу ги заробува луѓето и ги спречува да ја живеат сегашноста во единство со Бога, е тоа „што би можело да биде, а не било“.
Да ги оставиме минатото и иднината во рацете на Милостивиот Бог.
Сегашноста е во наши раце и треба да ја искористиме творечки, во Светиот Дух.
(Од Големиот Старечник)
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев